А имаш за симнување некое килце или ти е само за да се затегнеш и оформиш? Јас и треба да слабеам, ги качив тие 6-7 кг и со месеци само викам, ќе почнам, ќе почнам со диета или пак со пазење што јадам ама никако да бидне тоа. А колку лесно ќе се осеќам без овие вишок килограми го знам тоа многу добро. Се мислев и јас за фастинг и за кето ама кетото не знам баш дали ќе ми одговара, дека пијам и терапија Метформин, плус инсулинот веќе ми е накај долна граница па уште кето ми фали, да пореметам све и онака се опраив, да не бидне нешо лошо страв ми е и не ми се експериментира. А со кетото стварно топ резултати се постигнува и согоруваш сало и се затегаш ама тоа е коа си имам проблеми, не ми се ризикува.
@Mrs. right Имам и јас килограми за симнувавање, пред околу 4 години во еден стресен период качив најмногу околу 9, 10, претходно бев многу слаба, па почнав да качувам по две, три ама ги симнував за брзо, тогаш и тие ги сметав за многу и последниве години варирам на периоди се средувам ослабнувам, па пак се враќам на старо и се така, а реално најубаво ми е кога вежбам редовно и сум фит и исхраната кога ми е средена, ама никако да го одржам тоа долгорочно. Има периоди кога многу јадам глупости, благо, тестенини ништо квалитетно и за здравјето ми е со таква исхрана се плашам инсулинска резистенција да не навлечам, ти што имаш? Јас фастинг сакам да пробам повеќе колку да си имам некој ред со оброците и да видам како ќе се чувствувам, инаку диети не следам најубаво ми е балансирана исхрана со макронутриенти, на протеини внимавам доволен внес да имам, јаглехидрати намалувам и калориски дефицит, така цел ми е да се доведам во ред конечно и потоа долгорочно така да терам 80 % правилна исхрана, 20% грешки плус и редовна физичка активност, нема друг начин.
Охх и ја варирав доста изминативе години, од кога закачив ПЦОС, да инсулинска резистенција имав, хормонален дизбаланс, хормони до плафон дигнати, инсулин огромен беше, ужас што да ти кажувам. И си качив 20 тина кг, не сум била слаба ја никогаш ама толку дебела исто не. А пак како се осеќав ја само си знам... Морав и терапија да почнам, ептен беше заебано, имав ризик дијабетес да развијам па затоа. И секако мораше да се ослабе и да се почне со физичка активност. За оваа состојба тоа е малтене лекот, иако лек нема за тоа, целосно да се спасиш од маката, ПЦОС тука си е, иако може да се држи под контрола. Интересното кај мене беше што јас првично не ослабев ради мењање на животниот стил и навиките туку со самото воведување на терапијата инстантно преку ноќ што се вика симнав 20 кг ама прашај ме што доживував и како се осеќав тогаш... Прелошо. Е после коа видов што ми се дешава, ми текна дека треба малце да размислам шо праам и да почнам да пазам за да го подобрам здравјето, добро ми одеше ама ете за жал пак потклекнав и пак се вратив на лошите навики.. Па за инсулинската резистенција све си мислам ја добив ради стрес највише неголи поради непазење на исхрана и непрактикување физичка активност, што знам, а може и комбинација од сите три па ете ти ја, ми чукна на врата. А сеа еве и покрај тоа шо јадам и не пазам, на последнава контрола инсулинот понизок не ми бил у живот, при толку гнетење јаглехидрати, благо и све и другите хормони освен тсх што зеза во ред се, гликемија и тромесечен шеќер исто супер ама и уште терапија пијам па ваљда затоа. Да и ја коа пазев на јадење и вежбав ептен лесно и убаво се осеќав затоа ќе мора да се намали со јадење нема друго, знам дека џабе ќе ми биде ако само вежбам, а не пазам на исхрана, не е тоа тоа у никој случај, да не се лажам сама себе.
@Mrs. right Да за твојата состојба само менување животен стил, со диети може само полошо да си направиш знаеш и сама, само балансирана исхрана да го одржуваш инсулинот под контрола и физичка активност. Браво што еднаш си успеала голема промена да направиш, ќе можеш и пак само дисциплина и мотивација, тоа ни фали.
Нееее, какво плаќање, на јутуб ги имаш. https://chloeting.com/ https://heatherrobertson.com/# Еве ги сајтовите на Клои и Хедер, имаш програми тука.