Јас пред 3 дена почнав да ги вежбам овие вежби што се на youtube, супер ми се вежбите, не се тешки, само што незнам дали ќе има ефект да ослабнам 5-6 ќилца и да си ги зацврстам малку нозете што мислите вие, дали за месец-два со редовно вежбање ќе има видливи резултати, бидејќи оваа година сум и матурантка па мора малку да се мисли и на телото
ќе имаш резултати доколку ја намалиш и исхраната бидејќи со тие вежби не се слабее туку се затегнува и се намалува обем, а ако продолжиш да ги вежбаш немој да се изненадиш ако вагата ти покажува некое кило повеќе - тоа е од покачената мускулна маса од вежбањето, ама не е воопшо страшно бидејќи она што е страшно САЛОТО не тежи за разлика од мускулите а знае да се зголеми а да не ни приметиме разлика во килажа. исто така за слабеење покрај овие вежби трчај обавезно ако можеш, ако не барем на орбитрек врти бидејќи тоа ќе ти го намали вишокот-салото поздрав
iako ne ve poznavam se nadevam nema da vi preci moe mislenje. da kako sto kaza sara i jas mislam deka bi bilo dobro da gi namalis testeninite kako lebot naprimer i da gi odbegnuvas mrsnite jadenja jadi normalno no namali go lebot i so postojani vezbi ke vidis deka ke gi izgubis nepotrebnite kilogrami do tvojata maturska..pozdrav
Јас си се решив пак да почнам да вежбам,иако мислам дека и немам потреба,имам степер па на него,ке вежбам исто како по скали да се качувам,симнувам,го имав земено од топ шоп,стар е,а да почнам и со хата јога и таа е корисна за зајакнување на мускулите.
Додека пишам ја еве една убава статија од странава Колку што се поцврсти градните мускули, толку постегнати се и градите. Постојат многу вежби за овој дел од телото. За некои треба да посетите фитнес сала и да ги правите на специјални справи, но други пак можете да ги правите дома. Еве две вежби кои можете да ги правите во домашни услови, а даваат одлични резултати: * Склекови. Склековите се одличен начин за да ги зацврстите градните мускули. Дали ќе правите обични склекови или „женски“, не е важно. * „Молење“. Застанете исправени и спојте ги дланките како во положба за молење. Раширете ги лактите на рацете и подигнете ги во висина на градите. Започнете да туркате со двете раце истовремено. Треба да почувствувате контракција на мускулите над градите. Притискајте 15 секунди, па направете пауза, потоа пак притиснете. Правете ја оваа вежба секој ден и резултатите нема да изостанат. Сето ова погоре е точно а еве и некои вежби од ју тјуб за зацврстување на гради http://www.youtube.com/watch?v=5Dc4WNcJrss
Хмм јас вежбам скоро секој ден еве веќе две недели откако сум почнала,па не знам што да кажам се немам измерено,а исто така сум и на диета го избегнувам благото хаха па да видам што резултати ќе има на крај...инаку зошто да не вежбаш дома има многу добри вежби и за дома еве овде на фемина во фитнес можеш да најдеш вежби а ги има и на јутуб многу поздраав
Е сега и вежбањето во теретана или сала со група, а и домашниот фитнес си имаат предности и недостатоци. За првово е добро што е како обврска (мора да вежбаш кога гледаш дека сите вежбаат, а и поинтересно е во друштво), нема изговори да “одмарам или паузирам денес“, или “од утре ќе почнам“... А вежбање во домашна атмосфера од друга страна, е покомотно, фексибилно, може да се вежба во било кое време, секој ден (а не само 2-3 пати неделно), секако ако постои упорност а не секакви изговори за “ескивирање“.
Дечки јас сум 30 до 45 мин.на орбитрек секој ден,почнав со пилатес и баш тоа,нефлексибилното време ме спречи да одам,па симнав 45мин.пилатес од интернет,па три пати неделно по дома,јас мислам ок е.Друго,овие на Синди,дали можат да се симнат од некаде?Јутјуб малце цица интернет,поисплатливо е да се симнат...
Ај да ве почастам http://www.youtube.com/watch?v=UWgPldBACa0 http://www.youtube.com/watch?v=spG5YPJL ... re=channel http://www.youtube.com/watch?v=Rh4eScxE ... re=channel и така...
Ne znam dali sum na soodvetnata tema no sakam da prasam.Pred 5 den pocnav da odam na fitnes bidejki ne mozam veke da se macam so dieti i resiv da vezbam.Glavno vezbam lenta,orbitrek i steper bidejki prioritet mi se nozete.Vnimavam i na ishranata,blago,leb i mrsna hrana nikako.No ete se meram sekoj den i sekoj den vagata mi pokazuva poveke gramovi.A jas ocajno sakam da oslabam,imam 63 kg i za pocetok dovolni mi bi bile 55 kg.Ona sto sakam e da go prasam dali ima nekoj iskustvo vo vrska so vezbajne i slabeenje i dali ke ima rezultati?Dali gresam nekade ili potrebni mi se i drugi vezbi?Inaku vezbam so helanki onie na afrodita i plus se dobor naoblecuvam za da se ispotam....
Исто како јас да сум го пишувала ова , а всушност и имам пишувано за тоа на форумов само во друга тема, но не добив одговор.Исто вежам на орбитрек скоро 2 недели, држам диета, и кога се мерев пред некој ден се имам поправено 4-5 кг за 2 недели Не ми се верува Не знам ни јас зошто вака и мене ми се случува но еве за жал, никој не одговара.
Не грижете се доколку вагата ви покажува исто. Тоа е затоа што со вежбањето ги зацврстувате мускулите, а тие се оние кои ја покашуваат тежината на вагата. Значи салото за разлика од мускулите не тежи воопшто. Дури е можно и да накачите некое кило. Немој тоа да ве загрижува. Наместо да се мерите постојано на вага, почнете да си го мерите обемот на нозете, струкот, рацете и така ќе ги забележите резултатите од вежбањето. Нека не ве плаши некое кило плус на вагата, зашто тоа не значи многу. Постојат многу девојчиња кои немаат многу килограми, но имаат сало насекаде, а има и такви кои се слаби, а тежат повеќе. Тоа зависи и од конституцијата на важето тело. Ама најважно е да знаете дека само со вежбање тешко дека ќе изгубите некој килограм, но во обем дефинитивно губите, а и плус добивате цврсто тело и совршено обликувана фигура
Не се оптоварувајте со тоа дека со вежбање сте качиле некој килограм .Тое е нормално бидејќи мускулите се потешки од салото , а вие го губите салото кое изгледа доста грдо .Наместо да се мерите на вагата секој ден , подобро мерете го обемот на телото .Јас бидејќи спортувам сум потешка од братучетка ми , а таа изгледа далеку подебело Така да не се грижете многу , друго е навежбано тело , друго е само сало .На крајот пак , побитен е конфекцискиот број, а не килограмите
Vи благодарм многу за одговорите,а веќе и приметив дека во обем сум смалила и решив да не и обрнувам внимание на вагата сепак поважно ми е како ке изгледам отколку колку ќе тежам ,и утре одам да си купам метро
Јас практикувам да вежбам дома скоро секој ден , ама многу ми е страв да не добијам мускулетсти нозе пради често вежбање. Практикувам скокање на јаже и вежбите што ги има на youtube за нозе ,стомак , раце... А сакам што побрзо да се ослободам од вишокот килограми и да добијам по убав изглед . Што ке ми препорачате вие , кои вежби се подобри и поефективни за домашен фитнес.
Вчера си го симнав видеото на Синди Крафорд оние од пред десет години иии решив да вежбам,,, мислам не ги правев ни половина од тие вежби ама кондицијата ми е нула(освен пешачењето), се си викам добра сум ајде немам потреба ама ми збрчи во последно време стомачево шо си го пуштив и викам морам да се стегнам. НАЈБИТНОТО е дека денес не можам да се мрднам ауууууууч СЕ ме боли, рацете рамењата, стомакот, задникот, како заклучок си ги воспалив мускулите ај се надевам дека до утре ќе ми помине па раат ќе тргам хаха т.е утре пак на вежбање, а во меѓувреме намалив со грицките, па мора да има резултати.
LadyN ај те молам пиши ми од кај си го симнала видеото на Синди Крафорд. И од каде на друго место можам да симнам такви вежи
Според мене најдобро е да ја најдете или симнете програмата P9OX. Програмата содржи 12 дела и тоа: 1. Гради и Грбни 2. Plyometrics- кардио вежба 3. Рамења и раце 4. Јога 5. Нозе и грб 6. Кенпо 7. Истегнување 8. Кардио, истегнување и јачина 9. Гради, рамења и тицепс 10. Грб и бицепс 11. Кардио 12. Стомачни