Еве и линк каде што можете да прочитате нешто повеќе за програмата P9OX http://www.extremebodyworkout.com/p90x- ... s/p90x.php
http://zamunda.net/details.php?id=143105&hit=1 Јас од замунда си симнувам секогаш, ама што ми требаше толку да вежбам... сите мускули на телото ми се воспалени веќе 2 дена,,, и денес пак нема да вежбам ај можда утре ќе ми биде подобро...а иначе веќе скоро недела сум на диета Браво за мене
Ви благодарам , ја симнав и програмата P90x и вежбите на Cindy Crawford навистина се добри. И јас ако вежбам едниот ден подолго после два дена неможам да се помрднам , а во последно врме ми се отвара и многу апетит , не знам дали е до вежбањето , но се надевам дека тоа се случува само на почетокот
Ништо од диетата, ништо од вежбите. Неделава шетав де во Охрид де во Скопје и немав време за вежби, ама и шетањето се смета нели Од денеска пак почнувааааам, многу ми е јака волјата хаххаха
Нетреба да се срамиш да вежбаш во фитнес сали но ако веке си решила да вежваш дома можеш да ги користиш вежбите од Фемина Со мив ке ослабнес и ке обликувас убави раце, нозе, задник и се друго шо ти треба
Имам едно прашање за тие што практикуваат домашен фитнес, веке една недела секој ден редовно ги правам вежбите на Cindy ,што ги стави LadyN, немам никакви проблеми со воспаление на мускули или такво нешто бидејки редовно си вежбам и имам стекнато кондиција, а и внимавам и на исхраната , малку сум ставена на диета, но денес веднаш по вежбите не се осетив добро ми се врти свеста и многу забрзано чукање на срцето .Страв ми е веке да почнам да вежбам . Дали му се има на некој случено такво нешто и дали мислите дека тоа може да го прадизвика фитнесот. А како што знам колку и да вежбаш е здраво .
Право да ти кажам врска немам, ми се нема случено ова. Само мислам дека е нормално забрзувањето на срцето во текот на вежбите. Не би требало да е ништо сериозно, не се секирај... само немој да се форсираш многу, и не заборавај вода пиење повеќе и витаминчиња во тек на денот. Поздрав
И јас мислам дека е нормално забрзано чукање на срцето, само се разбира ако не е нешто екстремно. И јас вежбам дома и честопати го осеќам срцето, тоа е заради напорот и заморот, а се разбира и поради тоа што немаме кондиција и наеднаш сакаме да ја постигнеме. И мене ми се има случено да ми се врти, ама беше заради тоа што немав многу јадено тој ден. И порано еднаш кога бев на една глупава диета која ја издржав 2 дена, ми се вртеше цело време зашто не јадев доволно. Е сега, ако сметаш дека е нешто сериозно, консултирај се со лекар. позз
Забрзано чукање на срцето е сосема нормално.А и мене ми се врти кога правам вежби особено стомачни,многу ми се лоши.Мислам дека е до нискиот притисок,не знам
Може ли некој да стави или да каже некоја вежба за сполјерчињата? Не сакам да симнам килограми, таман сум си (47), ама еве една недела веќе вежбам доста, се затегнувам... Е сега сакам за сполјерчиња некоја вежба
Девојко ти си кожа и коски ,да не си замислуваш спојлери само? ааа? Најдобри веби за стомак се стомачни јас ги правев и изгубив многу од стомачното салце и спојлерите ми се затегна мешето..од една недела нема резултат ништо -треба да вежбаш барем месец ида ти стане рутина ...и многу вода ....се разбира јас се трудам и навика ми стана да се препивам вода ,поздраво од флаширана вода -здравје ,би ти препорашала да јадеш овес варен една шоља со пола лимон и лажичка мед секојдневно еднаш-два пати повејќе пати зависи како ќе ти се допаѓа не само што ке намалиш маснотии и ќе бидеш здраво слаба...
Јас лично не можам да вежбам во домашен амбиент, бидејќи не сум потината да вежбам, па затоа одам да вежбам во сала каде има повеќе бидејќи ти повеќе ме потикнуваат да вежбам. Така да дома можеш да направиш неколку вежби и толку, јас би те советувала повеќе да пешачиш и тоа брзо пешачење ќе видиш дека ќе има ефект.
Aј да не се повторувам и јас,ама мразам домашен фитнес немам мотив,испирација,досадно ми е изнакупив се,тегови малечки,степер,двд workout,ама срека што беа ефтини,инаку ке ме исфрлеа од дома,сега почнав да одам за фитнес за жени,мислам само што почнав,а пред тоа зумба и се уште одам,ама домашен амбиент никако
Вака сега. Јас одам на фитнес и тоа со единствена цел да се затегнам. Одам три пати неделно бидејќи имам слушнато дека за подобри релултати и зацврстување и зголемување на мускулната маса, потребен е однор од 24 часа. Е сега би сакала да ве прашам за мислење. Дали мислите дека би било добро во деновите за пауза да вежбам пилатес или пак подобра опција ми се вежбите од Синди Крафорд ??? Дали некој има ваква рутина ??? Не сакам да ослабнам, туку да се затегнам
да не знае некој кај може да се купат цедиња за на двд со вакви вежби за дома и отпруилика колку пари се и дали се ефикасни?
А зашто да купуваш кога од интернет може да си ги симнеш? Мене ми е супер Синди Крафорд и вежбав по нејзините вежби едно 2-3 месеци. И има неколку цдиња, во комплет за симнување ги имаш на нет, така да не беше секој ден една иста вежба туку си ги менуваш. Интересно ќе ти е на почеток ама потоа досада и досада и досада, сама се пентариш по дома ко лудак . Иначе и Силуете ги имам цдињата не знам од кај ми ги дадоа ама досадни се а и исти се речиси со Синди Крафорд само што содржи вежби за растегнување 10 мин, потоа вежби кои се 20 минути и за опуштање уште 10 минути. Многу кратко и досадно Синди ја обожавам од неа дознав едно 20 видови вежби за стомачни, кои ги практикував долго време
па во право си, а инаку не сакав да симнам бидејќи не сакав да трошам интернет но сепак подобро е така. Ти благодарам
Сега гледав две видеа за тае бо и мнооогу ми се допаднаа...Ми идеше во моментов да скокнам од креветов и да фатам да вежбам, ама ќе ја дигнам цела куќа на нозе! Многу е интересно, ми изгледа дека ова всушност не е вежбање, туку разонода Сега едвај чекам сабајле да дојде А до сега практикував неколку вида на стомачни, па вежби за нозе, грбни...Ама тешко ми одеше некако Додека пак ова е всушност еден вид боречка вештина (што јас обожавам ) така да изгледа си најдов совршена физичка активност која ќе ми дава мотив за да вежбам
Jас од понеделник планирам да почнам да вежбам секој ден освен недела во домашен амбиент. Три дена вежби за стомачни мускули и за мускулите на рацете и три дена вежби за мускулите на нозете и задникот. Е сега не сакам да ослабнам само да се затегнам. Можно е да постигнам некој контра ефект со вежбање секој ден?