ја си вежбам дома веке со месеци http://www.youtube.com/watch?v=NTEDDmCjd1k со овие вежби мн се добри а има и резултати
Го симнав целото видео од 50-ина минути на Денис Остин, и искрено многу е досадно да се вежба со вакви хипнотизирани инструктори. Нема енергија во нејзиното вежбање, не ти дава желба да извежбаш асално. Го преферирам ова: http://www.youtube.com/watch?v=RmHVGgrunyU Вежбиве се лудо загревачки, агресивни. Колку што можам да издржам, се загревам вака пред 30-минутното вртење Орбитрек. Секој дел од телото работи, и најважно, не е психички заморително.
Знаете колку се добри овие?10 мин. се само ама многу помагаат http://www.youtube.com/watch?v=PWEdJRRndkQ
И јас мислам дека нема од што да се срамиш.Но,да.Јас си вежбам дома.Си ги вежбам овие вежбиве од Фемина.И плус на јутјуб што има аеробик,зумба и такви ствари гледам и вежбам.Моментално најактуелна ми е Рената Шопек и нејзините вежби...А и Ана Беливук има убави вежби и добро објаснува...
пробај ги и овие се многу добри http://www.youtube.com/watch?v=1Pc-NizMgg8 јас ги вежбам и има резултат. Ова е комбинација од кардио и вежби за затегнување ..... Поздрав
Додека давав пари по фитнес клубови, одлучив дека подобро ми е да вложам во домашни справи, пред се бидејќи повеќе ми одговара дома да си вежбам кога сакам. Имам пилатес топка, орбитрек, холахоп, тегови, а го користам и домашниот намештај за некои вежби Веќе имам научено многу од фитнес клубовите, од интернет, па не ми е проблем дома да си составам вежби. Обавезно со мотивирачка музика. Сега хит ми е http://www.youtube.com/watch?v=TCBbwW6wkPc миксот од Дејвид Гета, па на него вежбам.
Najeftina varijanta za vezbanje doma e pilates topka i da gledate videa na You tube dodeka vezbate ... Najdobro e da vezbate pred ogledalo doma so cel da se gledate sami dali pravilno gi izrabotuvate vezbite... [mod-kirilica:gdv9038a][/mod-kirilica:gdv9038a]
Што би правеле ние без нашава фемина Вежбиве се многу добри, почнав да ги практикувам и многу брзо се гледаат првите резултати, само мене најголем проблем ми е што ќе се засилам недела две и после забушавам http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес/видео-тренирајте-како-ангелите-на-victorias-secret
некои вежби за страничните стомачни... али ова некако малку по комплицирани се не се она како на страна(имам и тука) али некако како над задникот се незнам како да објаснам како долен дел од грбот ама на страна... и сакам ако е можно за летово да си го затенам стомачето..
На оваа страна имате одлични вежби, од различен тип - за загревање, за посебни делови од телото... Со поставување на маусот на секое видео ви е прикажан бројот на калории кои може да ги согорите со помош на вежбата. Под секое видео има детална дескрипција, што вклучува, времетраење, на што е фокусот, интензитет на вежбите и т.н. http://www.fitnessblender.com/v/full-length-workouts/
Јас дома вежбам И искрено, не е важно дали во фитнес сала или дома. Ако си упорен и правиш вежби ќе има резултати
Секој ден сабајле кога ќе станам и пред легнување вешбам околу 10минути на степер + во текот на денот одвојувам cca 20 минути за вежби за стомакот, нозете и задникот. Кога имам време и пешачам по околу 40-60мин. Така некако изгледа мојот домашен фитнес
Знам и дома да си вежбам. Правам вежби за загревање, трчам во место, правам карате вежби, малку зумба, кревам мали тегови и пилатес. Мешам многу вежби и интересно ми е, а обавезно со мотивирачка музика за да ми имам повеќе елан за вежбање.