Имате ли видено тегчиња во Џамбо во скоро време? Гледам и во Биди Фит има, па не знам од каде би земала и колкава тежина е најдобро да земам. Имам искуство со вежбање, но не со тегови. Вежбам со моја тежина иако не најредовно, морам да признаам. Имате ли предлог?
Последно бев пред две недели и имаше само од кило и кило ипол. Скоро пред тоа гледав од 2кг. ама општо последниве месеци, ретко носат тегови јас така кетлбел чекав да донесат и не донесоа и купив од друго место. За тежина, најубаво да земеш два пара - едни од 1кг, едни од 2кг или 2 со 3 кила. Зашто има вежби кои како почетник ама и општо, тешки се за големи тежини, има и такви кои може со големи тежини, особено за горен дел важи ова. За нозе, поголеми тежини не се толку проблем. Повеќе од таа тежина не ти препорачувам засега. Сега не памтам цените кои беа во џамбо, знам само тие од 3кг беа 500, а не зна ни во други продавници како им се движат. Разгледај.
Јас да си пишам бидејќи по некое време сигурна сум дека ќе заборавам што и по кој редослед сум вежбала. Откако ја завршив Т25 програмата решив да продолжам со Insanity max 30. Бидејќи Т25 е само 25 минути тоа ми беше одлично за почеток, си вежбав секој ден. Јас наместо два тренинга во петок си ги поделив едниот го имав во сабота а недела си имав пилатес, истегања, рандом некои вежби, јога чисто да си сменам да не ми здосади. Некогаш кога имав обврски и цел ден сум на нозе знаев и да оставам еден ден пауза ништо да не вежбам. Битното ми е што тие 25 мин мене ме тераа да изградам рутина. Кога ќе ме мрзеше си имав во глава 25 мин, ќе поминат секако вежбала или не и ќе станев да вежбам. Ако некој се двоуми како да почне му препорачувам со оваа програма, бидејќи ќе изгради навика. После оваа ја почнав Инсанити и намерно ја земав таа наместо онаа од 40 мин за да немам голема разлика во времето и паметна одлука ми беше тоа. Првиот месец вежбав регуларно,90 % си вежбав како што е а последните повторувања ги правев модифицирани вежби. Али затоа вториот месец е мноогу понапорен и бара брзина па тука повеќе бев на модифицираните. Што се однесува на резултати, јас не ослабнав, но и не пазев што јадам. Не јадев сендвичи, хамбургери и сл брза храна ама јадев леб и пржена домашна храна. Така да за тоа не можам да кажам дека не сум задоволна. Али затоа направив стомачни, иако имам вишок кг, имав слики од пред и ги споредив и има огромна разлика, стомакот особено. На нозете, над колената исто ми се одвоени мускули, иако како што кажав имам за симнување. Ама она што најмногу кај мене има резултати е задникот. Пробував пред некој ден бикини, и се шокирав колку ми е подигнат и обликуван. И вака кога ќе облечам фармерки се приметува разлика. Потоа имав две недели "пауза". Вежбав рандом видеа по 15, 20 минути чисто да се одморам од претходните програми а сепакне скав да останам без вежбање целосно. Катарина Перуничич има предобро видео од 12 мин за задник од кое после 5 мин болат сите мускули, го препорачувам обавезно. Од вчера почнав со на Kayla BBG програмата. Намерата ми беше да продолжам со инсанити од 40 мин но таму се вежба секој ден што би значело да продолжам да си ја мијам косата секој ден.(ова само девојки што имаат проблематична мрсна коса ќе го сфатат ). Со оваа на Кајла имам 3 пати неделно и измеѓу имам пешачење. Кога ќе можам ќе воведам и два пати барем неделно трчање во интервали. И да, цело лето, скоро секоја вечер имав пешачење, некогаш саат ипол некогаш и по 4 часа. Не затоа што морав туку со другарка шетавме и уз муабет ќе се заборававме. Правевме и по 20км Дома кога ќе си дојдев мускулите буквално ми се тресеа и одма заспивав сега е поладно па намаливме на два пати неделно по саат ипол, два. Е сеа ова не го пишувам затоа што некој ќе го занима туку сакам да си го имам за себе
Имаш овдека теми и за двете програми и има линкови. Ама има и online видеа, мене ми беше полесно така затоа што од телефон си пуштав кога вежбав.
Браво за упорноста Само продолжи така Тоа што немаш изгубено кг нека не те демотивира. Имаш качено мускулна маса, па затоа вагата не мрда. Најважни се физичките промени кои ги опиша и со кои можеш да го следиш прогресот
Пред малку барав и најдов каде да ја симнам оваа focus t25 Бујрум Под видеото ги имате линковите што ви требаат.
Дали би ја препорачале Focus T25 за почетник? Или да ми препорачате друга програма за вежби за почетник? Примарно ми е слабеење, имам некои 5 кг да ослабам за да изгледам океј, а 10кг за да сум топ Да напоменам дека немамдома тегови и справи, а не би сакала да одам по теретани ради пандемијата. Ве моалм за предлози, канал на youtube или било што.
Пишав и во темата пешачење ама никој не ми одговори. Што мислите ќе имам ли некакви резултати само од пешачење? И точни ли се апликациите на телефон што мерат колку км си пешачел. Може да ми пратите и некои вежби од јутуб што сте имале резултати.
За да имаш резултати мора да си во калориски дефицит. Можеш и со пешачење да ослабиш, но мора да внимаваш и на исхраната. Според мене, калорискиот дефицит е најважен за слабеење. Има апликации кои ти пресметуваат колку треба да внесуваш калории дневно за да губиш на пр. по 0.5кг неделно. Јас ја користев My fitness pal и сум задоволна За вежби од јутјуб можеш да ги разгледаш Pamela Reif, blogilates, Madfit, Chloe Ting и сл. Исто и на инстаграм има девојки кои снимаат кратки видеа за вежбање пример ashleigh_jordan
Јас бев почетник, значи долго време бев залежана кога почнав со T25. Првата недела ми беше многу тешко, почесто ги модифицирав вежбите, ама веќе втората недела беше полесно. Слабеење нема без режим на исхрана. Со вежбиве може ќе дефинираш мускули, ама за слабеење ти е потребен калориски дефицит. Ако се накркаш тост или хамбургер после вежбањето, џабе е.
Ви ја препорачувам Lilly Sabri има цели workout plans za 7,15 дена зависи кој дел сакаш да го тренираш. Имав разлики од нејзината програма за стомачни, ми се појавија 11 линии на стомакот иако сум сеуште побуцмаста. Калориски дефицит треба да има да, но доколку си доволно активен не треба многу рестрикции околу исхраната
Здраво,планирам да почнам со вежбање дома,но не знам кои вежби да ги правам,исхрана ова она... Што би ми препорачале вие кои вежби,но да напоменам последниот период многу ослабев поради колоквиумите нервози.. и така си бев слаба 60 кг сега не знам колку сум.
Девојки вие што возите домашен статичен велосипед, кои мускули се нај истакнати, мене ми треба за бутот задникот и стомакот, мислите ќе имам ефект со статичен велосипед да ги затегнам?