Имам домашна библиотека со еден куп книги . Читам постојано ама па време никогаш доста. нешто што се чека со ширѕм отворени раце е попустот од Матица хухухуху
Јас обожавам книги и сакам да ми се наредени, наместени да ми се лични. Е сега не сакам кој знае колкава домашна библиотека, сакам помала поскромна. И кога ќе си се качиме кога ќе си го направиме спратчето со мм ќе му речам да ми направи ваква библиотека.
Имам еден куп книги , од кога знам за мене обавезно купувам.Имам цела соба полна со книги и кога влегувам едноставно УЖИВАМ.
Имам мала домашна библиотека, книги почнав да купувам пред 3 години а пред тоа си ги позајмував од библиотеката
Имам домашна библиотека и еден куп книги. Мене воопшто не ми се позајмува од некој друг книги и поубаво е кога знаеш дека книгата е твоја и немораш да побрзаш да ја прочиташ, туку можеш да си уживаш во неа.
Mine too. Засега го потполнив едниот ред, се префрлив на другиот. Па ќе видиме како ќе оди. Ипак Саемот се ближи.
Јас си имам мала домашна библиотека,која ја чувам како што би се рекло ''очи во глава''. Не купувам често книги,може да се каже на 2-3 месеци,бидејќи последниот пат кога сум потрошила пари за книги сум ги потрошила сите пари,бидејќи најчесто купувам по неколку книги.Мислам дека немам легнато во кревет без да читам некоја книга.А обично кога ги читам тие што се подебелите,на пр. 400 стр.,ќе се внесам во самата книга,бидејќи си мислам:Ова нема крај...и кога ќе ја прочитам до крај сакам уште.
Секогаш купувам. Се приметив на саемот на книгата. Отидовме сите деца од школо со наставниците. Мајка ми немаше пари да ми даде, па ми даде 1000 денари. А од нив не знам колку вратив дома . Внимание! Внимание! Никогаш не ми давајте премногу пари, сите ќе ги потрошам на книги! . Убаво ми е кога купувам книги. Опуштена сум. Дома имам мала библиотека, ама ќе стане голема. Предчувствувам, така ќе биде 100%. . Сакам кога ќе пораснам да ги отворам книгите кои некогаш (во тоа време) сум ги читала, па повторно да ги читам итн итн.
имам и сум многу горда на неа. иако не е голема само 2 широки полици секоја книга е купена од мој џеб или поклонета за роденден и затоа ми е многу мила. моите не се читачи и затоа немам никакво наследство од нив. библиотека е најразновида,си ја проширувам нон стоп и договорени сме со мм во новата куќа или стан здравје што би ја имале еден ден да имам мое катче кој што тој ќе ми го изгради односно голема библиотека и место за седење и читање.
Имам. И ја обожувам, море ќе имам и јас некој ден цела соба со книги. Е тогаш ќе нема да излегувам од таму. Тие два реда книги се моето богатство, кое ќе се зголемува.
Имам.Повеќето се мои книги што сум ги купувала ама имам многу стари книги и од татко ми и дедо ми, баш и пред неколку години незнам дали памтите имаше од весникот Дневник,доделуваа книги со доплата 140 денари,татко ми сите делови ги купи,баш почнав да читам една, дали е баш за моја возраст незнам ќе видиме оваа е, па после планирам Ана Каренина
Имам домашна библиотека со прекрасни книги. Многу си ја сакам.Буди убави чувства во мене секој пат кога ќе ја погледнам..
Си имам домашна библиотека, не е којзнае колку голема брои околу 300 книги, постојано ја проширувам, и една од целите во животов ми е еден ден да имам посебна соба исполенета со огромен број на книги, секако сите прочитани
И јас си имам мала, скоромна библиотека и колку што можам гледам да ја збогатам. Сакам да имам многу книги, си купувам од време на време по некоја нова...највеќе кога има саеми.
Секако дека имам. Најубавиот дел од мојот дом.Најпријатниот,најпрекрасниот. Наскоро целата куќа ќе биде домашна библиотека Спојлер (според моите)
Имам, скромна е, но многу ме радува. Последнава година интензивно работев на нејзино проширување. Еден ден ќе изгледа вака http://www.youtube.com/watch?v=1fM7q3g8kjc