Верувам сите сте запознаени со 'акцијава' на владата но еве тема да разглаваме нешто повеќе. Домашната платежна картичка е дел од третиот сет економски мерки кои имаат за цел да ја заживеат економијата во фазата на нејзино постепено реотварање и креирање на нова развојна македонска економија, како и за да ги поддржи граѓаните, но и домашното производство и услуги во надминување на КОВИД-19 кризата, бидејќи со овие картички ќе можат да се купуваат само домашни производи. Има картички од 3.000 денари и од 9.000 денари Подетални инфо превземени од страната на владата околу тоа на кој колку му следува и дали му следува. - Корисници на Домашната платежна картичка се граѓани со низок доход, односно 115.927 лица – приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22 мај 2020, кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 денари во период јануари-април 2020 согласно евиденцијата на УЈП. Овие лица еднократно ќе добијат 9.000 денари на платежната картичка. Корисници се и вработени со низок доход кои се 117.144 лица и тие ќе добијат 3.000 денари еднократно. Ова се лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари- април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат и ваучер за домашен туризам од 6.000 денари преку мерката за јакнење на домашниот туризам на Министерство за економија. Домашна картичка добиваат млади лица чиј број изнесува 87.014 кои ќе добијат еднократно 3.000 денари. Станува збор за лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години заклучно со 22 мај 2020 година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование.Што значи сите редовни студенти( без исклучоци како што разбрав) на државни факултети како и ученици во средните државни училишта Или поедноставно има и страна каде директно може да проверите дали сте во списокот или не со внесување на ЕМБГ, но можно е да ви кочи ужасно ради преоптеретеност еве ја страната: kupuvamdomasno.gov.mk. Банките ќе ја доставуваат картичката до адресата на корисникот или ќе може да ја подигнете во банка. Картичката ќе може се користи за купување македонски производи и услуги во ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одморалишта, сместувачки капацитети, туристички агенции, трговија на мало, продавници за храна и пијалаци, зелени пазари, аптеки и фризерски салони и салони за разубавување.Па тука може да поставуваме прашања околу оваа тема како и да споделуваме за кои производи може да се користи картичкава, во кои објекти,салони и слично.
Мене ме има во списокот, ќе добијам 3000ден за домашни производи. Дали некоја може да ми помогне со следното прашање: Нели ќе има и ваучери за домашен туризам во вредност од 6000ден. Би требало да ме следува, и да ми пратат код на мејлот со кој сум регистрирана на УЈП. Арно ама, не можам да влезам на тој мејл, не си го знам пасвордот и никако не можам да допрам до мејлот. Сега го сменив мејлот на УЈП на страната, ама што правиме со кодот? Дали тие кодови се веќе испратени на мејл? Кој можам да контактирам од УЈП за ова, телефон имате ли?
Од искуство со УЈП за жал и да најдеш телефон, нема да ти се јават. Најдобро е таму на шалтер, ако те примат (едно време не примаа поради состојбава). Проба ли да го промениш пасвордот? Нема некоја опција за ресет? Мислам дека имаше опција заворавена лозинка на web страната. @Nigredo Odor Пробувај рано наутро. Владиниве страни крахираат лесно од преоптовареност.
^ Ова е вистина. Пред една недела имав потреба од УЈП, но поради сосем различни причини и не можев буквално никако да ги добијам. На крај, после неколку часовен обид, ми се јави оператор Албанец кој не знаеше убаво да зборува, па ништо не го разбрав. Толку се неажурни, значи страшно.
И мене, а редовен студент сум. Испрати жалба или? Ја им пратив меил... Не знам дали ќе ја исправат грешката и ќе вратат уопште на меилот ама барем да се обидеме и онака ништо не губиме.
Нели е малце сумљиво што на "Not secure" страна бараат да се внесе матичен број, а најдоле пишува "Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола, но со наведување на изворот."?
И мене ме следува 3000 ден а за тоа за одмор мислам рекоја на сите со плата 14.500 им следува но на меил нема уштр ништо. Само незз колку е точно мислам пишуваше ако не стигне меил треба да реагираме до ујп ама не сум сигурна некој ако памте нека ме поправе
ne im prativ zalba neznam ni dali da pisam , jas nevrabotena sum no se prijavuvam na 6 meseci (samo tie sto se prijavuvale sekoj mesec gi sleduvalo) dzabe ke e izgleda a za studenti nekoj spomna ne vazelo za site voopto nee fer ova nevraboten e nevraboten, student e student ama toa e
Дали можеби имаш до 29 години? Затоа што на сите до 29 години, без разлика дали се студенти или не, им следуваат тие 3000 денари. Во секој случај, доколку си студент, пиши им меил, дај им ги тие информации што ги бараат (име и презиме, датум на раѓање, адреса, општина и телефонски број) и објасни им ја твојата ситуација - дали си студент или не, дали имаш до 29 години и слично. Пиши им, ништо не губиш. Јас сум студент (останата ми е само дипломската), но во секој случај имам до 29 години така што секако би требало да ме следува, но поради некоја причина на страната пишува дека не е така. Им пишав меил, им објаснив, па ќе видиме.
А за млади од 16 г. дали треба да се пријавени ви УЈП , зошто брат ми има 19 ,оваа година е матурант и не е пријавен во УЈП и го нема на списокот . Се прашувам дали е поради тоа или е некоја грешка ? Пишете ако имате некоја информација !!
На средношколцитр вклучително и матурантите податоците ги земаа од самите училишта. Најверојатно е грешка. Пратете маил.
Сигурно не е до тоа. Ја сум пријавена во УЈП, па не ме има и мене. Нека поднесе и он жалба. Кузне какви утки напраиле у списоците..
Не треба да е пријавен, не игра улога тоа. Мислам дека класните треба да достават податоци за нас. Барем на нас ни бараа матични броеви и адреса на живеење.