Мене ми стигна порака да ја подигнам но во друг град. Моментално не сум јас таму, дали може некако да ми ја донесат моментално каде што сум?
Да, само во тие кои имаат читачи на картички. Во помали, локални продавнички сигурни не. Исто и по пазарите, освен ако не набават читачи во меѓувреме, што чисто сумњам.
Јавете се во Контакт Центарот достапен 24/7 на 02/3100 109 и побарајте картичката да биде доставена во градот во кој живеете во моментов. Префрлувањето на картичката во бараната филијала вообичаено е постапка која трае пократко од 7 работни дена.
Дечки, да ви се нацрта треба дека картичкава е за домашни производи? Значи, овде произведено, во Македонија. Во бутици со турска и кинеска роба сигурно не може. Друго, сто пати потенцираа дека сите учесници ќе имаат обележан штанд што може да се купи. Ете во некој маркет имаа со црвена лента обележано. Јас не знам како не сфативте досега.
Што има тоа врска,на пример во бутиците има облека од наши македонски конфекции.Знам дека треба македонски производи,но само за храна...?
И гардероба, ама да биде македонски бренд. Односно, на пакувањето да го пишува името на производителот. На пример Стружанка. Е сега, не знам дали оние се пријавиле. Знам само за Биана Трејд.
Ако конфекцијата учествува во мерката, тоа сите ќе го знаеме. Ќе биде објавено на фб/инста/портали, на продажното место ќе бидат соодветно обележани производите итн. Зборот ми беше дека иако бутикот е мкд фирма, регистрирана во Мкд, ако не продава роба од мкд производство не можеш да платиш со картичката.
Баш ме интересира дали ќе може да се пазари во КАМ. Они си имаат нивни марки. Некои од тие производи се произведени овде, ама не го пишува брендот. Туку само произведено во МК...и марката. Не може да се купат сите македонски производи. Некои од нив се произведуваат по лиценца. На пример....Кока Кола, Синалко, Браво сокови, Таково сокови, и др. Овие не се наш бренд.