И обврска и уживанција.. Сепак, повеќе уживанција, зашто тие секогаш се тука за да ве расположат, насмеат и изненадат со своите како да ги наречемеее, способности.. Не треба само да си играме со низ, да се смееме со нив, треба и редовно да се грижиме за нив, да им даваме храна, вода, да ги бањаме, да ги шетаме и постојано да се грижиме за нив, не треба да ги запоставиме, зашто тие се член на семјството, тие се дел он нашите животи, тие ни се најдобри пријатели.. Како што се вели: „Најдобри пријателчиња се крзнените пријателчиња!“ Само тие најмногу ве сакаат, и никогаш од нив не треба да се плашиме, пазиме, како што се пазиме од нашите пријатели (луѓе). Бидејќи луѓето во секој миг можат да ве напуштат и изневерат, да бидат лицемерни, но миленичињата никогаш не би го направиле тоа, не само што не би го направиле, туку тие и не знаат како да го направат, тие се најневини и најмили суштества за кои треба да се грижиме како за самите себеси.. Тие ни го разубавуваат денот, тие се најголемата уживанција!
дефинитивно уживанција . наспроти љубовта што ми ја дава и оние ситни слатки обврски како хранење ,бањање и шетање ми претставуваат уживанција .
И обврска, и уживанција.. Се разбира дека и миленичињата бараат грижа, нега, бањање, чешлање, шетање.. Ама сепак се вистински пријатели, знаат некогаш да не насмеат, секогаш се покрај нас.. Најубаво е чувството кога ги галиш..
Дефинитвно слатка обврска. Имам хрчак и куче, и двете ми се подарок за роденден(хрчакот за 18ти, кучето за 19ти ). Кога ми ја донесоа од една страна бев среќна, но од друга бев и малку исплашена зашто мајка ми нејќе да помисли животно од било каков вид да чуваме дома зашто живееме во стан и ќе се правело лом а никој не чистел, само она ќе морала да работи(нејзини зборови се ова). Ама на моја среќа и радост татко ми и брат ми ми донесоа кученце и еве скоро 3 месеци е со нас и јас од тогаш не сум се почуствувала лошо заради некоја ситуација или проблем. Едноставно кога ќе те погледне со те нејзините очиња и кога ќе направи израз во стилот „Зошто си нерасположена/лута?“ одма секоја лутина ти помна ти поминува. А за шетањето јас ја шетам најчесто и воопшто не ми претставува некаква тешкотија, баш се релаксирам, и воопшто не се бунам(секако доколку немам некои обврски како учење на пример, па мора брат ми да ја прошета). Многу си ја сакам и многу ми е паметна(не дека ја фалам сега )знае да прави здраво и боксче знае да седне а понекогаш кога сака знае и да легне кога ќе и кажам, и во последно време се научила кога ќе ја испие водата од тањирчето да го земе и да го донесе кај мене за да ми покаже дека е празно и да и ставам уште, на сабајле кога ќе стане најмалку 10 минути мора да се галиме па после да стане. Едноставно секој ден и текнуват некои нови итроштини за да направи. Срцка ми е
Според мене повеќе е уживанција ама неможам да ги одбегнам и обврските, да купам храна, да го шетам, вакцини ово оно се си доаѓа по ред
obvrska golema da go nahranis,da go nosis na lekar,da go vakciniras i drugi trista cuda ali moe mislenje e ova sekoj razlicno jas mislam obvrska
Ние имаме кученце и сите се грижиме за него. Секако дека тоа е обврска сигурно нема да го оставиме гладно,жедно, невакцинирано итн. Треба секогаш да мислиме на него. Но мене тоа не ми е тешко јас уживам во тоа .
И двете Ама добро,сеуште е мало,кога ќе потпорасни повеќе ќе разбира па повеќе ќе си уживаме Не дека сега не уживаме
Секако дека, како едно мало живо суштество, не функционираат сами во домот на сопственикот,и им треба нега и грижа но, не сфаќам како може за некого тоа да е многу тешка обврска!? Тогаш, всушност зашто би го чувале? Не можам да ги разберам тие што не сакаат домашни миленици, наоѓаат куп изговори, од типот, "Па ќе ми валка низ дома ", " Многу влакна ќе ми се собираат", " Ќе треба посотојано да се шета надвор", итн итн. Многу ми се чудни, во секој случај.Иако не чувам домашен миленик (воопшто) моментално, сум чувала, и мислам дека го пополнуваат здодевното време, забавни се, развеселуваат кога ќе видат дека сопственикот им е нерасположен и исто така носат други бенефиции со себе. Јас мислм дека секој би требало да има било какво големо или мало, дебело или слабо животинче во својот дом , кој тогаш би бил побогат како за уште еден член во семејството.
Јас обожавам да шетам кучиња. На чичко ми кучето многу тегнеше и јас наместо да одам, трчам со него и ја согорував целата енергија. Не сум имала до сега куче и ќе земам. Им докажав на родителите дека тоа го можам јас!
За да уживаш во нешто,треба прво нешто да сработиш,па така е и со милениците. Секако,треба да се грижиш за нив,ама самото тоа дека си им направил добро те прави да уживаш. Плус,тие се секогаш тука за тебе,и кога немаш со кого да излезеш тука се тие кои ќе трчкаат и рипкаат околу вас со очи кои копнеат за игра и љубов.... Си ја обожавам лепотицата! Спојлер Ама неможам уште да ја научам кај да мочка....
И двете, се надополнуваат некако и компензираат. Од кога знам за мене сум со некое милениче по дома, од кои добри 90 посто биле убер слатки кученца - да земеш и да ги грицнеш од милост! Е сега, колкава што е уживанцијата - толкава е и обврската кон нив. Почнувајќи од хигиена, бањање, одржување константно чисто после нив, прошетки редовни, постојан надзор, па се до храна. Како дечиња бе, не за џабе јас моите као бебиња ги третирав. Во ниеден случај не можеш да очекуваш да имаш комплетно двострана љубов, ако немаш барем мал дел посто на обврска кон нив, која нормално како и да е треба да ти биде една од приоритетните во денот, кога веќе си се решил за обврска плус - чување милениче, која резултира со неизмерна љубов! Моментално самувам без ниту едно вакво пуфкасто да се вртка околу мене, мајка ми ја гледам мрчи нешто, ама ќе го решам и тоа, ќе го прошверцувам некако внатре.
И двете. Ама колку и да имам обврска кон него, кога ќе ме погледне со очињата некови убави слатки заборавам на тоа. Пред се треба да се има воља да се чува кученце па потоа обврските се полесни.
Абе гледам сите што немаат домашните миленици мислат дека се лесни за чување, но тоа не е така!. Па: Јас имам куче, Самојед и е многууу палаво (уште е младо) али и самата раса е таква, па трчај низ двор собирај што растурил па карај го (да му дадеш до знаење дека не е добро тоа што го направил).. После мораш да го шеташ барем 1 у денот (иако е цел ден пуштен ние го шетаме и сабајле и вечер) е сега и да врне и да корне ветер, дома на топло нема туку ќе излезеш и ќе го шеташ.. Потоа храна, нега, чешлање, носење редовно на ветеринар и уште многу обрвски со него. Но сето тоа се исплати.. Толку се мили и слатки, а и најважно ваши најверни пријатели, па нон-стоп го зборам ова, напорно е да, одговорност е да, тој е член на фамилијата, ама сето тоа вреди
Па и двете еден член плус се во семејството и треба да им се посвети доста внимание ама искрено уживам поминувајќи време со Фокси