1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашните миленици..обврска или уживанција

Дискусија во 'Дом' започната од Alesii, 23 јули 2012.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Обврска која ја извршувам со задоволство и уживанција. Мене ми е плус како да имам уште една сестра или ко да имам дете, подеднаква е грижата и љубовта. Бара внимание, нега, љубов, време, ама на вистинските љубители тоа нема да им биде проблем и терет, останатите ќе го гледаат само како + уште една обврска. Не, мене ми е задоволство.
    Јас сум среќна и кога ќе ме разбуди во 5 за да одиме надвор, иако ме мрзи, иако ми е тешко пак успева да ме насмее со лижењето по нос и со звуците како да моли. Еј, јадењето и не е некоја голема обврска, се знае што треба да јаде, неговата храна, се друго не е толку добро за миленикот. Незнам не бараат некакви посебни готвени јадења, не за џабе постои нивна готова храна и само тоа треба да јадат.
    Шетање, играње, бањање, чешлање, јадење, галење се ми е тоа само една голема релаксација и уживанција, секогаш ме расположува и ме прави среќна, без разлика на се секогаш ќе се грижам за мојот миленк.
     
    На Papillon.Papi и cooll им се допаѓа ова.
  2. MademoiselleB

    MademoiselleB Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Уживанција дефинитивно. :l:
     
  3. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Да чуваш миленик дома е уживанција барем јас така мислам. како обврска не го гледам зошто уживам да го шеткам,капам и сл... проблеми со храна немам се што ке му дадеш тоа ке јаде не пребира едноставно без него не се може и често знае да ме насмее со неговите глупости како на пример спие и од нигде никаде ке падне од кревет станува разгледува лево десно демек што ми се случи и пак си прилегнува
    ДУША :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На toogood и okcenzi им се допаѓа ова.
  4. Водолија

    Водолија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    уживанција
     
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    За мене е обврска,и затоа и не се нафаќам да чувам животинче,барем сум искрена и не го земам на душа за џабе,ех какви сопственици има,ги земаат на душа,ги тепаат,не ги шетаат ,не им водат основна хигиена и слично,ги сакам животните,ама не би можела да им се посветам до толку лично,пошто знаеме и тие си го бараат своето нели:)
     
    На 2212 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Уживање дефинитивно, поблизок го осеќам него домашните што се вика. Цело време си е со мене, си спие, му раскажував лекции кога учев у средно, ме слушаше баш како човек. Храна не ми прибира, немам обврска да го шетам пошто сам си се шета (мачор е во прашање), си го бањам, хранам, галам, мазам пазам до невиденост. Како дете да ми е :inlove:
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.567
    Допаѓања:
    78.861
    Пол:
    Женски
    За милениците сум се грижела со задоволство. Сакам животни и знам дека со нив си треба и соодветна грижа, но тоа не ми е никаков проблем ниту товар. Убаво ми е кога се грижам за некое животинче.
     
  8. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    секако дека е обврска..но кога си го одмараш мозокот со нив после напорен ден..тогаш забораваш на обврските..и се тоа се претвара во уживанција..:)
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Мерак ми е кога гледам дека кучето ми јаде суперпремиум храна без житарици (освен ориз).
    Мерак ми е кога и' готвам месо специјално за неа, а потоа гледам како со сласт го јаде.
    Мерак ми е кога ќе ја видам дотерана, средена, а јас имам плускавци на рацете од тримањето.
    Мерак ми е кога ја бањам, а потоа можам да изнагушкам и изнабацувам чисто куче со мирис на шампон.
    Мерак ми е кога после долго трчање и шетање ја гледам како задоволно се спружува на плочки и спие како заклана.

    Заклучок: ова ми е обврска во која уживам.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.