1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашните обврски преку игра со децата

Дискусија во 'Дете' започната од zuto, 27 јули 2016.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.554
    Допаѓања:
    25.822
    Не знам дали постои ваква тема, но инспирирана од секојдневните обврски кои ги имаме дома, па и надвор од домот, решив да ја отворам со цел да си размениме искуства и идеи како да си ја олесниме работата, а со тоа да им дадеме креативна задача на нашите дечиња.

    Верувам дека секој од нас се справува со овој „проблем“, па како за почеток ќе кажам јас како постигнувам да ги завршам работите со помош на син ми.
    Скоро се имам дупликат во мала верзија па така додека јас чистам со правосмукалка, тој чисти со малата (рачна) правосмукалка. Често знаеме и да се смениме.
    Кога поминувам со џогер, исто имам мал џогер со кој обично чистиме заедно и правиме судар.
    Кога мијам садови го качувам на столче и најчесто му давам шишенце со вода, па така полни и истура врз садовите со сјај и така ги „плакне“.
    Тревата ја косиме: јас со косилица, тој со количка за пазарење :)
    Денеска земав да си ги депилирам нозете, па него му беше многу интересно да го „вози“ депилаторот по мене, па така и таа работа ја заршив со негова „помош“...

    На крајот на денот имаме една игра која на мама и е од голема корист. Кога ќе ја успијам малата, легнувам на стомак, а баткото обожава да лази по мене, па така мама на крајот на денот добива гратис масажа од глава до пети.

    Планирам деновиве и тепихчето да го исперам во дворот со оглед на тоа дека многу сака да прска со цревото. Па да видиме дали ќе успееме да ја реализираме и таа задача.

    Има уште многу работи кои ги работиме заедно, но оставам простор доколку опстои темава да ги споделиме заедно, па може ќе добиеме некоја идеја плус за тоа како да си ја олесниме работата во домот на некој креативен начин за нашите дечиња.
     
    На rose60, mariz, referentka и 23 други им се допаѓа ова.
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    17.397
    Пол:
    Женски
    Имам среќа што син ми не го интересираат ,,домаќински,, работи,а додека средувам тој си игра. Но,има денови и кога сака да ,,помогне,,.
    Пр. пружам алишта на сушалка,он ми поддава штипки. Ако ја наводнуваме градината,он го држи цревото,па на крај за ,,помошта,,ја наводнува тревата(додека јас ја исклучам водата,,.Средувањето алишта ми е малку проблем,па ги средувам додека спие или е со татко му.Заедно ги береме зрелите пиерки,домати и краставици,но јас кинам а он ги става во корпа...
    Има уште но не ми доаѓа на памет сега.
     
    На referentka, ZojaP, galapce и 8 други им се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.669
    Допаѓања:
    19.749
    Пол:
    Женски
    Pa ne deka ona ke zabrise ili zameti ubavo tuku onaka cesto pravi sto jas pravam.
    Nejzino sreduvajne se igrackite,sekogas pred spiejne gi stava na mesto so toa se raduva i vika vinto(pobediv) :D

    Dodeka sreduvam niz doma ona ja ima metlata:Dmnogu e smesna so metla duplo pogolema od nea,ja vlece niz doma i se raduva deka cistela:rofl:
    Koga e redot na krpa vratata i masata se nejzini kade cisti kade prsti stava :D
     
    На referentka, *цветче*, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.209
    Допаѓања:
    6.871
    Пол:
    Женски
    Не чистиме заедно затоа што прашина бришам кога она спие, правосмукалка е обврска на мм па ако не ја шетам јас додека он усисава знае и она да “помогне“, исто и за бришење паркети. Но кога пружам алишта ми ги подава, играчките ги собираме заедно, кога менувам пелена ја зима и одма оди на тераса ја фрла во кантата за ѓубре, ако јадеме нешто во салон има ѓубре го зима и носи во кујна во мијалник(демек во ѓубре го фрлила). Па така денес одам во кујна и што да видам ги соблекла куклите и алиштата им ги фрлила во мијалник и викам што си направила зошто си ги соблекла куклите, ми вика “флив ѓубе“:rofl: мислам дека се што не и треба/не и се допаѓа ќе почне да го фрла во “ѓубе“(мијалник). Кога диплам алишта наместо недиплените ми ги расфрла диплените па затоа диплам кога она спие :D готвам со нејзе но она само гледа(за сега), се што сецкам, пржам, мијам, рендам итн и објаснувам што правам па така она поврата по мене и учи за состојките во јадењето... толку за сега :D
     
    На Victorian, Girl-Rabbit, *цветче* и 3 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.317
    Пол:
    Женски
    Јас средувам по дома додека децата спијат. Инаку, ништо од бизнисот. Ако чистам заедно со нив, они одма ќе растурат. Знаат само каде се фрла ѓубрето. :D
     
    На galapce, *цветче* и joy1 им се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    27.080
    Интересна тема!
    Извршувањето на домашните обврски со ,,помош,, од нашите деца е многу побавно, понапорно, понекогаш ризично но може да биде и интересно! Сум забележала дека ако една домашна работа кога ја вршам сама ми е потребно 15 минути, тогаш истата со помош на ќерка ми би се одвивала 25 минути. Ама тоа е, вредница е од мали нозе!
    Инаку играчките од типот правосмукалка, пегла и сл одамна се изживеани, воглавном сака да се занимава со вистинските домашни апарати, па мое е да наоѓам компромис (ем детето задоволно, ем работата завшена), а тоа верувајте не е секогаш лесно.
    Прашина бришеме заедно, разликата е во тоа што Леа смее да ја брише само масата со средство и крпа и никаде на друго место. 100 пати ќе ја испрска и ќе ја избрише, доволно време за јас да ја избришам прашината насекаде низ станот.
    Садоперачката ја полниме и празниме заедно, ми подава, ми крши, се валка и така некако...
    Играчките исто заедно ги собираме и најчесто се натпреваруваме кој побрзо ќе ги собере коцките, па така некако и е забавно.
    На правсмуклата најмногу и се радува и скоро никогаш не прави проблем бидејќи и ја правам интересна кога ја смукнувам и неа а таа ми бега. Задолжително после моето усисување низ дома, настапува Леа па таа усисува по мене.
    Облека пружиме заедно, таа се занимава со штипките а јас пружам алишта.
    Диплиме заедно, често знае и да ми ги растури веќе здиплените алишта па ете ми дупла работа.
    Со неа никогаш не отварам плакар, бидејќи сака да го ,,подреди,, по нејзино. Здиплемите алишта чекаат нејзино отсуство за да бидат наместени.
    Најтешко ми е да пеглам и да подготвувам ручек со неа, бидејќи морам да начекам момент кога е занесена во играта и тогаш јас да го започнам ручекот. Тоа е најчесто испркинато вршење на домашна активност, де ќе бара кај и е топката, де ќе ме вика да ја играм, па 100 пати ќе морам да прекинувам пр. едно лупење компир или пеглање маица. Често пати и ја оставам работата , па откако ќе заспие довршувам.

    Чистење купатило, миење балкон, бришење прозори се исто така активности кои ги работам само кога Леа не ме гледа, не е дома или спие. Знам дека ептен ќе сака да се качи на стол и да брише, ама ризично е, затоа избегнувам да ме гледа дури го работам тоа.
     
    На zuto, galapce, tina-63 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.574
    Пол:
    Женски
    Речиси сите работи ги правам заедно со син ми додека е буден а сега е повеќе време отколку што спие.Мајк ми се чуди како постигнувам со него се.За чистење со правосмукалка и тој сака да ми помага влечи тегне,ја бутка брм брм,и така чистам.За алишта собирање или диплење исто му е интересно ке земе некоја блуза ке става на глава ке се смее сам ке си игра јас диплам средувам а додека ги постилам си игра со штипките.Кога правам ручек му пуштам песнички или цртани да гледа му давам од снегулките си јаде се замава и тоа го постигнувам некако.Само кога мијам садови многу е немирен доаѓа ме фаќа за нозе се бесе тегне по мене па ги мијам по еден саат....А играчките кога ќе види дека ги собирам веднаш трчи да си игра да ги растура и да ги собира.Само купатилото го чистам кога спие.Пред еден месец перев тепис долу од кај свекор ми и тој ми помагапе беше жива вода го пресоблекував 5 пати и ја пиеше водата која се цадеше од него....Мора некако да се снаоѓаме мајки,инаку кој ке ни помогне.Знаат тие добро ккао е што немаат никаква помош ни 5 мин од никој....
     
    На zuto, galapce, tina-63 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.384
    Допаѓања:
    66.867
    Пол:
    Женски
    Od pravosmuka uklucena uplav ima, ama isklucena ja fakja i kako bozem cisti :D a inaku so vlazni maramici obozava da brise sekade, po komoda, na masa. Kupiv onakvi vlazni Gloss za drvo pa pred nekoj den mi pomagase da izbriseme drvena povrsina vo kujna :D Vo bolnica koga lezevme na tie od vizita ne im se veruvase na ocite deka detevo so vlazna si gi cisti kolickite i toa ubavo trkalce po trkalce, pa prozorcinjata na kolite, taa stoi mi zbori za kako e detevo, odednas zapira i vika: Abe nema sansi vidi go prozorce po prozorce brise :rofl: Od regal mi butka alista negovi, kje mu recam ajde vrati gi i gi vrakja nazad (nezdipleni) ama ne vrska bitno pomaga deckoto :D Igracki vo kutija zaedno cistime, jas kje sednam na zemja i edna po edna namerno zimam i gi stavam, on me povtara.. :)
    Mal e seuste, da porasne uste nekoj mesec pa kje se priklucam vo temava poaktivno :D
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.