Дохраната обично започнува после 4тиот месец кај бебињата и најчесто родителите имаат дилема дали се подобри домашните приготвени каши или купечките. Предноста на домашните кашички е што точно знаеме што му даваме на нашето дете, и секогаш внесува доволно хранливи материи. Освен што свежо приготвената храна е поквалитетна, таа е и поефтина. Само за сметка на тоа е потребно повеќе време и напор. Додека индустриски направените кашички се практични и сигурни, тие исто така се прилагодени според возраста на бебето и се пакувани во мали теглички и се многу практични за некаде надвор од домот. Но сепак тие кашички содржат повеќе вода, скроб и шеќер од храната која е направена во домашни услови. Какви кашички давате вие на вашите деца? Што повеќе практикувате да им давате? Што повеќе сакаат, односно која кашичка полесно ја прифакаат?
Мајки да ве прашам кога почнавте со дохрана дававте купечки каши или сами ги приготвувавте?Некој ми има спомнато дека се почнува со купечки.
Ти можеш дома да си приготвуваш најубаво, а некое овошје што не е сезонски а сакаш да го воведеш можеш со купечка каша.
Се што не му е сезона, а бебе може да го јаде, го воведувам со купечки кашички. Само читам декларација да е 100% овошје. обично на хип, холе и оние од дм ги давам.
Не е точно дека се прилагодени на возраста. Никогаш немојте да се водите од возраста пишана на кашичките.
И јас почнав со купечки. Воведувањето на намирница ќе ми е со купечки а потоа домашни ќе си правам сама. Не се водам според она што го пишува на тегличката. Бебе е 5+
Според возраста мислев дека не содржат сол,дополнителни шеќери, глутен. А за некои каши на пример јагоди а ги пишува 4+ и јас не се сложувам. Си има табели за кога треба да се воведуваат намирниците.
На интервју Сајковски кажа дека производителите се водат по СЗО и дека не смее да отаѕапува препораката си тоа што е пишано на теглата во поглед на возраста.
Мене не ми е јасно како може толку алергени намирници на пример да ги пишува од 4 месеци? Јас не дадов ништо такво толку рано.
овде се пишуваше дека тоа 4 се однесува на тоа дека структурата на кашата одговара на возраста на бебето (дека може да голта).
Така и си мислев.Јас почнав сама да ги приготвувам на почеток сме само јаболко и круша има пробано.А кажете ми на 3 дена ли внесувате нов вкус ?
Јас си правам домашни иако не сум против купечките. До сега не сум и дала купечки, но ако идеме на одмор или слично дефинитивно би купила. Не баш на 3 дена. Гледам на пример 3 дена да јаде еден исти вкус, па после правам пауза неколку дена, па после нов вкус.
Преферирам и почнав со домашни.Подобро и поефтино ми е да ми ги прифати домашните.Но давам и купечки.Еднаш до два пати неделно.Како што кажаа некои членки погоре при воведување на една нова намирница. Давам претежно три дена,ретко некогаш два дена.Првото давав само чисти а сега ги комбинирам со веќе воведени.
Па зар има каша со поразлична структура? Сите скоро се мазно блендирани И јас домашни си правев за синчето, ептен ако шетавме, по одмори, па и по дома некогаш давав купечка, но повеќе на домашно направено си беше. Давав и каши со работи кои ги нема во сезоната, како на пр: тиква, кајсија, слива, праска итн, зашто не ме бива со тоа замрзнување
Како и да е, треба да се назначи дали е за структура или за возраст, бидејќи секој може различно да си го разбере.
Samo domasno mnogu mnogu retko kupecko se ima Sega vo sekoe vreme bar znaes sto davas na dete. Duri ete posle 5 godini uste mu pravam posebno manzdi uste posebno meso mi kupuvame toa sum jas takva sum i toa e moj nacin