2kg brasno 2kocki kvasec 2jajca 3kafeni lazici seker 1/5 kafena lazica sol 250ml mleko 100 ml zejtin se zamesuva srednomeko testo so mlaka voda se ostava testoto da stasa i potoa se deli na 15 topcija,sekoe topce osven poslednoto se premackuva so kristal margarin i taka se pravat tri kupcinja od po 5 topcinja,se pakuvat vo folija i se stavaat vo zamrznuvac okolu 20 min da otstojat pa se rasukuvaat kori i se secat i se vitkaat na ist princip kako i kiflite.potoa se premackuvaat so jajce i se posipuvaat so susam ili mak(vas izbor)se pecat vo zagreana rerna dodeka ne zarunenat.FILOT E PO ZELBA MOZE I SOLENI I BLAGI A UBAVI SE I PRAZNI PREUBAVI SE KAKO LISNATO TESTO ,PROBAJTE I KE GI PRAVITE STALNO
DOMASNI KROASANI Дали откако ќе стаса тестото веднаш се прават топчињата или прво тестото се размесува? И што врска имаше тоа три купчиња од по пет топчиња, или ти така си ги редиш ? И зошто последното не се премачкува со маргарин? Имаш ли слика да ги видиме? Може за проба да направам пола доза, доколку добијам одговор на прашањата .
DOMASNI KROASANI Последното не се премачкува оти доаѓа најгоре, па да не ти се лепи од маргаринот кога ќе го расукуваш тестото. Инаку, да, одма се расукува, и пожелно е да го повториш ова со маргаринот уште два пати, и тоа така што кога ќе го расукаш тестото, целото го мачкаш (не го делиш на топчиња), го сечеш на осминки и ги превиткуваш и пак во фрижидер да отстои. Со цел поубаво да се излиста. Мислам дека мајка ми вака ги правеше на времето. Јас не сум пробала, оти прилично долго трае припремањето на домашните кроасани. Инаку, оние кифлите на Моира со моркови што се, испаѓаат како кроасани кога ги правиш по оригиналниот рецепт. Барем мене така ми излегуваат.
DOMASNI KROASANI moze da se pravi pola doza no postapkata e ista,znaci se premackuvaat korite so margarin a petata ne za da moze da se rasuka .inaku mene mi odat prilicno brzo,dodeka ednoto kupce od 5 topcinja go zavrsite vednas pakuvaj vo folija i stavaj vo zamrznuvac da stoi dodeka spremas drugo i pozelno e vo 1 doza da se iskoristi cela kocka kristal margarin za da korite bidat po razlistani se dobiva vkus na lisnato testo.
DOMASNI KROASANI Сега сфатив што е финтата со топчињата, јас мислев ги правиш само и ги мачкаш со маргарин и потоа ги ставаш во фрижидер, а всушност се ставаат едно врз друго, и се расукуваат три кори кои се ставаат во фрижидер и потоа од нив се сечат парчиња како за кифли. Јасно. А дали знаете како се прави тој еурокрем што го користат во млечните ресторани, т.е. тој со кој што ги полнат кроасаните, затоа што многу е течен и затоа се става лесно со шприц откако се готови кроасаните. Не сакам да ги полнам пред да ги печам, а потоа не знам што е доволно течно освен чоколадниот прелив, ама тој не ми е баш за полнење, не ми е толку вкусен. Прво ми текнува на Нутела, ама ќе треба да ставам минимум 400 грама, и кога ќе видиш подобро да одам и да си купам кроасани и полесно и поефтино ќе ми испадне . Ама ме фати мерак да си направам домашни. Скенцо, ти како ги полниш? Истото прашање се однесува и за мајка и` на Анатх- како и со што ги полни таа кога ги прави ?
DOMASNI KROASANI Мајка ми правеше солени кроасани, со фил од изварка и јајца, или пак кроасани со мармалад. И секогаш ги полнеше пред да ги витка, како што се полнат кифлите. Ама тој фил не е течен, барем не како чоколадото што го користат во пекарите. Башка што мислам дека тие ги полнат со течен чоколаден прелив, а не со крем. Барем тие што сум ги пробала такви беа. Додуша, одамна не сум јадела кроасан со чоколаден крем. Макар што мислам дека било кој еурокрем, ако го растопиш доволно, може да го користиш за полнење со шприц (ама слаткарски).
DOMASNI KROASANI можеш да направиш вкусен крем со 100 гр чоколадо за готвење 2 супени лажици млеко и малку кристал маргарин полека да се растопат и јас додавам од топлото цоколадо на син ми MILKA 2 до 3 супени лазици додека не се изеднаци моите дома така им се допага и ако сакас мозес да ги посипес со секер во прав. Aјде пробај па ке ни казес како ти испаднале,поздрав