1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашни миленици и мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од Billy Idol, 7 август 2020.

  1. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Кога ќе размислам подобро може и баба ми ми има наметнато да не сакам мачки ,затоа што кога бев помала ќе чепнев мачка и одма станував црвена и кивав и очите црвени и она хистеришеше ги џиткаше мачките и ми викаше не смееш да ги допираш овие мачкишта шугави и ако ми се доближеше мачка одма почнуваше да хистериши .
     
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    @Alisa22, си била, и веројатно се уште си алергична на мачка. Да си жива и здрава.

    Реакцијата на баба ти е...благо речено несоодветна. Ти си била дете и не си знаела. Зошто морало дерење и викање. Можела смирено да ти објасни ЗОШТО не смееш да галиш мачки, зошто мораш да внимаваш, да не се доближуваш итн.

    Многу ме натажува кога читам возрасен како учи дете да мрази.
     
    На spacegirl92, VoodooGirl, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Ај сега прочитај кај пиши дека детето е алергично на маче па да прајш ова споредба. |(
    Пошто знајш, паника врз алергиска реакција дур и би рекла е оправдана пошто се во скроз различни околности.

    Али хистеришвање - да, помага во креирање на страв кон нешто особено на дете во развој. И да, ако продолжи бабата во случајот да хистеришва, а мачето е мило, детето не е алергично и напротив - многу го сака, ќе развие страв кон мачки. Буквално за џабе.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.927
    Пол:
    Машки
    Денес имавме пак слична случка каде баба и ја шеташе по улица во близина и дојде едно куче, улично, и ѝ кажуваше на внука ми да го брка, да не му се доближува...
    Беше прекорена од родителите, да не се поставува така, ама иако рече дека нема да прави така, пак си се држеше до својот став дека подобро било да нема контакт со животно.
    Така да, мислам дека е џабе и спискување и се, не верувам дека ќе се промени.
    Се надевам само дека нема внука ми да има аверзија кон животни.
    А по тоа со колкава љубов им пристапува, не верувам дека ќе има.

    Иначе не е алергична на мачето, напротив, пола година и повеќе е мачето кај нас и си има заедно играно со него, галено, мазено и што се не, се разбира под наш надзор, не е оставена сама на себе и ниту имало инцидент, ниту пак зараза, алергија или што и да било.
    Иначе мајка ми од прв ден беше против и од тогаш постои проблемот.
     
    На 1209, cresa-jagoda, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Никаде не реков дека е алергично , само кажав пример за мене. |(
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Исто ко да земам рандом ситуација, да го додам моето искуство шо ја менва скроз тежината и перцепцијата на ситуација и демек мислам гласно. Sure buddy. Паранојата на едната баба не е воопшто оправдана додека на другата до само одреден степен зошто веќе има опасност. Ама не ме земај за збор. И јас мислам гласно. @Alisa22
     
    На 1209, Bezimenka90, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Океј е не се потресувај :D темата се вика домашни миленици и мали деца ,нели како што читаш. Јас си пишав искуство за мене кога сум била мала .
     
    На burthdaykake му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.927
    Пол:
    Машки
    Еве денес ја учеше да го брка уличното куче кое мафташе со опавчето и дојде на кај нив.
    И и вика: "Избркај го бабе кучето, речи му мрш, речи му иш. Бегај таму куче краставо од мене. Не те дава баба да те јаде."
    И и викаше да земала камен, да го мавала.
    И после реакцијата на родителите дека не е добро така да ја учи, рече дека немало веќе така да и вика, ама немало да дозволи "кучишта крастави" да се вртат околу неа.

    Многу погрешно ја учи, многу. И жал ми е.
    :(
     
    На senjorita-v, 1209, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Апсолутно бездушна постапка.
    Нема оправдување за ова. Страшно.


    едит-
    Били, кажи и на мајка ти дека сама го става детево во опасност со таква агресивна постапка зошто кучето може да реагира дефанзивно и да нападне зошто ќе се осети во опасност. Мало дете наспроти куче? Ај нека погоди од прва кој ќе биде губитникот во таа пресметка.

    Инаку, навистина се контролирам да не ја наречам мајка ти со неколку избрани имиња.
     
    Последна измена: 9 август 2020
    На spacegirl92, 1209, tinka-mace и 6 други им се допаѓа ова.
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Го жалам детето. Бабата апла се гледа дека е ојдена.
    Се надевам детето ќе се тргне од бабата со вакви сфаќања.
    Греота е искрено.
    Децата и животните повеќе се разбираат и сакаат.
    Таков впечаток имам. Ептен pure врска имаат.
    @Billy Idol
     
    На spacegirl92, cresa-jagoda, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.684
    Допаѓања:
    116.526
    Пол:
    Женски
    Да бев на местото на сестра ти,после ова ќе го оддалечев детето од мајка ти.Сори,ама ова е ту мач.
    Речете ѝ дека со тоа ја става внука ти во опасност.
    И да престане да го проектира нејзиниот страв врз детето.
     
    На spacegirl92, edna_malecka, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Ми беше незгодно ова да го речам ... не за стално оддалечвање, туку повремено за да увиди сериозноста на сестра ти за ситуацијата. @Billy Idol
     
    На tinka-mace, cresa-jagoda, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.240
    Допаѓања:
    24.031
    Пол:
    Женски
    Прво речников.
    'Крастави кучишта'... бљак.
    Ја учи на неубави зборови како за почеток.

    Детето учи и слуша.
    Само разговор. @Billy Idol
    Најубаво сестра ти нека и каже прво да не употребува такви зборови пред детето, па се' друго.
     
    На spacegirl92, edna_malecka, FreeMind и 6 други им се допаѓа ова.
  14. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    6.151
    Пол:
    Женски
    Само од ‘крастави луѓишта’ ќе излезат такви зборови :puke:
     
    На FreeMind, tinka-mace, Мариаа. и 2 други им се допаѓа ова.
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Бабата не смее со такви зборови одбивност да прави на внуката кон животните. И мајка ми не сака мачки пример и има страв од мала, и не сакаше никогаш дури растев да чуваме дома, ама среќа не ми пренесе страв или одбивност кон нив и се уште обожавам мачки (и кучиња). Пред неколку месеци ко си го вдомивме мачето имаше коментари поради синчето дали ќе е безбедно, дали ќе можеме во стан да го чуваме, за хигиена, влакна, болести, итн. ама не ме премисли. Сега дури ја имаме и кај нив носено на преспивање и гледа дека веќе ни е дел од семејството, па престана да коментира негативно, дури и ко да ја засака ми делува. :D

    Родителите мора да се вмешаат и да не дозволат такви коментари, децата на таа возраст се најподложни на влијание и жалосно ако ја изгуби љубовта кон животните.
     
    На spacegirl92, edna_malecka, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто некои луѓе ги учат децата на толкава злоба?!
    Сестра ми на многу мала возраст беше нападната од 3 4 големи кучиња, улични. Никогаш моите не дозволија тоа да и вроди страв и омраза кон ниедно друго животно. Памтам дека ни таа самата не покажа страв после таа случка.

    Од друга страна, другарка ја нападна мало кученце, под нападна мислам: и лаеше и се стрча накај неа. Во наредните неколку години, нејзините не и даваа да допре куче, па и таа самата почна да ги мрази, да бега од нив, а неретко и кога ќе почнеше да трча непотребно подалеку од некое куче, тоа и де стрчуваше.


    Може малку забегав од темата, ама поентата е дека се додека децата се учат на нешто од мали, поготово без некоја разумна причина, тоа ќе вроди страв во иднина и ќе биде тешко да се искорени.


    @Billy Idol да си ги земеш ти внука ти и мачето и магла да фатите?:D
     
    На spacegirl92, theowndemon, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    10.449
    Пол:
    Женски
    Како стареат луѓето се сѐ понетолерантни и не сакат да прифатат ничиво мислење освен своето. Не сакаат да прифатат ништо, си земаат за право да наредуваат, да бркаат, да кажуваат сѐ и сешто ќе им текне на памет. Не знам кај мислат дека си го стекнале тоа право.

    Ние четворица дома сакаме да земеме милениче, баба ми ни вика преку мене мртва ќе земете милениче, ако земете јас ќе го отрујам и сл. Абе вријам од нервоза ама не сакаме тој ризик да го превземеме да му наштети и не земаме милениче.

    Јас не верувам дека со обичен разговор нормален ќе го решите ова со баба ти, единствено тој што е глава на куќата да ја седне и да и забрани да го вади мачето на балкон или да и го одзема правото на внуката да си игра со него. Малку звучи сурово моето мислење знам, ама ако ја замолите мислам дека нема да ве послуша.
     
    На tinka-mace и edna_malecka им се допаѓа ова.
  18. BabyCakes

    BabyCakes Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Сестра ми сака да земе Шиба ину но живееме во куќа со многу луѓе. Страв ми е бидејќи малиот братучед има 3 годинки а стрина ми ќе роди уште едно во Јули. Живееме на посебен кат но цело време се шетаме де кај нас де кај нив, и малото јас го чувам кога се на работа. Опасни ли се овие видови на кучиња ако се близу мали деца? Имам чувано миленици и знам како треба да се тренира но сепак оваа раса се темпераментни како што знам. Any tips?
     
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    На која возраст на детето според вас е најдобро да се земе миленик? Непријатно ми е веќе од луѓето на улица да се влече по сите кучиња.
    Уште да се погодиме со маж ми за расата и ќе завршиме работа |(
     
  20. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    16.442
    Пол:
    Женски
    Од ова наше скоро лошо искуство можам само да ти кажам да не земате акита.За други раси видете си,размислете.Немора и да е расно.