1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашни миленици и мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од Billy Idol, 7 август 2020.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Јас сум за мала раса и да не пушта влакна (бишон или малтезер). Моите чуваат два ретривери во двор и страшно многу влакна има, нема шанси да истрпам такво нешто во стан. Маж ми е бог да чува. Три години ме моли за малино! Малино бе, во стан.
    Затоа уште немаме, никако да се спогодиме.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.129
    Допаѓања:
    16.339
    Пол:
    Женски
    Ние сакаме бишон,ама ќе причекам уште некоја година кога повеќе ќе разбираат.Да знаеш нежни се имаат кревки коски па не смеат многу да ги гњават,креваат,а со моите деца во моментов не е возможно :)
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.990
    Пол:
    Женски
    @Jana06 детето ти проодува чинам, ти лиже патос, прсти и се останато од под става во уста, уште не разбира, според мене сега ти е најлош момент за ново милениче. Не знам дали си чувала куче од бебе, ама се многу напорни првите месеци, додека го научиш кај да кака и мочка некогаш и подолг период треба. Сега во овој момент ако веќе сакаш да земаш, според мене најдобра опција ти е да си земеш некое поголемо со веќе стекнати хигиенски навики и научено на луѓе. Иначе со мало дете и мало куче душа ќе ти излага. За влакна мање више сите ќе се налапате, ама дур стекне хигиенски навики ке ти кака и мочка сегде низ дома, и ти треба да си постојано во трка со тодлерот за да исчистиш, пред тој да стаса да шлапне прв.

    Овие што ги наброја се мали и нервозни и постојано лаат, ќе ти го будат детето, а и вас ќе ве нервира тоа. Мене секогаш прв избор ми е да се спаси некое улично и плус со тоа убав пример ќе му претставиш и на детето, ама во секој случај размисли си убаво дали со мало бебе е вистински момент за мало куче, дали би се нафатила на таква дополнителна обврска. Мислам дека понатака да почне да разбира детето е подобро, како и од аспект на стекнување вештини и за самото дете, да биде одговорно на пример.
     
    Последна измена: 12 мај 2021
    На senjorita-v, Butterfly1107, Lady Leona и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    И јас се плашев од 'обврска плус' зашто реално немам време јас да се средам, а не да чистам по тодлер и куче. Зборевме со мм, рече кучето ќе било целосно негова обврска зашто секако има пасија кон тренинг. Вака сега кога те прочитав добри аргументи имаш :) Ќе почекаме сигурно.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    18.809
    Од 0+:D
    Ја сум дома со бишон.
    Не пушта влакна не мириса како некои раси,се закачаат играат комедии се. Мислам дека кога ќе направи 1г ептен ќе се другари.
    Обврска за бишон е да го носиш на шишање на месец ипол, два тоа кошта околу 800-1200 ден чисто како информација да знаеш. Може и подолго ама му се кубе косата и тогаш веќе влакна паѓаат и се прават туфки.
    Лае, ама бебето е навикнато не му смета, не го буди.

    Искрено на твое место би почекала уште некоја година.
    Мало кутре е како мало бебе. На почеток мочки и каки насекаде низ станот ќе имаш мојот му тррбаше време да се научи надвор за мочкање.
    Освен ако не земеш малку поголемко куче со стекнати навики.
    Сега видов и Јованти го пишала истото.
     
    На Spidy, MilaSs12 и Jana06 им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.990
    Пол:
    Женски
    Истиов муабет го имав дома со маж ми сеа скоро, па само ти ги пренесувам размислувањата. Комшија имаше кученца за вдомување и двајцата се залетавме ептен, зошто малава им се радуваше многу. И воопшто нема страв кога ќе види куче трча по него. Ама зборевме и сфативме дека нема да ја биде работата, оти дур е маж ми на работа, ја треба да се справувам со тодлер, кученце и плус имаме и мачор, а да не зборам плус обврска да зготвиш оброци, да пофатиш нешто по дома и сл. Што е многу многу е. Да имавме двор ќе имавме и куче сигурно.
     
    На Jana06 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.551
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    Мислам нема одредено на која возраст е најдобро, битно вие да сакате. Нас ни умре кане корсо (8г имаше тоа), кога имаше синчето 2г, а јас трудна... 5,6м почекавме и бевме спремни за ново, а бевме дома со бебе од 2м. Весело ни беше, бебе од 2м, дете од 2ипол год и бебе куче од 40 дена боксерче :lol: Сега кучето ни е 3ипол год, колку малата. А скоро им земав и папагалче :)
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Јас дома немам таков проблем.
    Јас дома со мм имаме и мачка и мачор откако ги донесовме децава дома(откако се породив со близнаци) можам да кажам само што ги внесов е дома и ги ставивме во нивните креветчиња мачорот одма легна одозгора на едното бебе а мачката одма легна над главата од другото бебе.
    А имам читано и дека деца растени со миленици биле поотпорни на вируси и бактерии.
    (Но мачката и мачорот некогаш спијат и на нивната кожена столица), но претежно лежат и спијат со децава и многу ги бранат.
    Имам забележано дека многу пати кога сака свекрва ми да ги види а посебно да ги извади од креветче одма почнуваат мачорот и мачката да мијаукаат и да се вртат и кострежат околу свекрва ми а и околу некој друг кој сака истото да го стори само мене и мм не оставаат.
     
    На franca, spacegirl92, h.ope и 2 други им се допаѓа ова.
  9. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    1.768
    Децава со куче пораснаа, за жал моравме да го успиеме по нова година. Сега имаме и маче и куче. 2 месеци се разлика, мачето е 9 месеци старо, кучето 7.
    Мене единствено што ме плаши се паразитите, поконкретно тении и сл. Потешко е дома да е чисто, за средено не се ни мачам хаха.
    Редовно даваме апче, не би требало да е проблем
    Инаку нема поубаво од тоа деца да растат со милениче, од бебиња.
     
    На franca, Anita Nikoloska, Bebac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    1.768
    Не знам дали има друга соодветна група на форумов за миленичиња. Сакам да прашам за солзење на очи кај Кокери. Дали има некој искуство. Не е ништо страшно ама неубаво изгледа кога ќе потемне.
     
    На Anita Nikoloska и Believe.in им се допаѓа ова.
  11. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Истиот страв и кај мене, ама ако редовно се дава апче нема простор за грижи.
     
    На Anita Nikoloska, Bebac и h.ope им се допаѓа ова.
  12. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Кај некои раси е честа појава, мислам дека тешко се лечи, а реално нема ни потреба освен што неубаво изгледа. Практикувајте поредовно бришење на солзите кога сте излезени за да не потемнува.
     
    На Anita Nikoloska и h.ope им се допаѓа ова.
  13. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    1.768
    Фала ти
     
    На Anita Nikoloska и Believe.in им се допаѓа ова.
  14. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.203
    https://www.nationwidechildrens.org...gth, style,interesting aspects of dog allergy.
    Не сугерирам да не се чуваат миленици, но јас лично би го однела своето дете на алерго тест пред да се нафатам да чувам миленик.
    Ако веќе миленикот ми е дома, разбирам, многу тешка ситуација е, ама со кортико да инхалирам дете долгорочно, треба навистина нешто да не е во ред со мене. Ако се има куќа, во двор ќе седи. Ако се живее во стан, ќе прашувам по роднини, ќе плаќам храна, ветеринарни трошоци.
     
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Лесно е да споделиме линк, и јас можам да споделам линк со обратното тврдење.
    Јас имам куче кое би можело да предизвика алрегија, не дека пробувам да одбранам нешто.
    Се сложувам дека не би ризикувала дете со алергија и куче заедно да живеат, затоа реков, среќа кај нас не беше случај. Јас би барала чаре за да му се обезбеди убав и безбеден живот и на детето и на кучето. Сите среќни и задоволни.
    Ама дека било исто куче што се лигави и му капат лиги, му се тегнат од уста, со куче што има минимално плунка, или куче што сее туфки влакна по теписите сосе перут, и куче што пушта перут и влакна помалку и од човек, мислам логика треба, линкови има секакви на нет.
    Затоа те прашав, дали сите растенија се подеднакво алергени? Tака не се и сите раси... мојата кучка не се лигави, ама перут и влакна колку сакаш, теписите со туфки, на ќерка ми другарка и имаат пудличка, сосема друга ситуација. И да, тие зедоа пудла заради алергија на малата, и ете успешно е. Кај нас не идат заради кучето, и смета, одма се нафрлува и се чеша.
     
  16. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.203
    Сите растенија можат да предизвикаат алергиска реакција, сите се потенцијални предизвикувачи. Зависи од личноста која би ги конзумирала или допирала.
    Нане на пример, навидум безопасно растение, но кај некои може да предизвика анафилакса.
    Зависи од организмот, не од тоа дали нештото е алергено или не.
     
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Оу мај гад, ама напна. ОК... оди кажи им на пријателиве мои дека се глупи, и ќерката има алергија на кучето нивно, не само на моето, оти така на нет пиши.
    И не е точно алергиите се појаки кога цветаат дрва и растенија со многу полен, и не сите. Имам алергични околу мене. Како мајка ми кива надвор кај липите, а дома кај мене џунгла од растенија направив дома, па нема гајле? Оти немам алергени растенија со полен, толку е едноставно. Не дека некој на светов може нема да е алергичен на тие растенија, ама вројатноста е далеку помала. Затоа пак секој втор има мака со пролетни алергии на полен, значи почеста појава е.
    Да, можеш да си алергичен на било што, тоа не е доказ дека нешто НЕ Е алергено... има случаи во светот што имаат алергија на ВОДА, па сега што? Да речеме водата е алергена и опасна за живот оти некој таму има алергија?.... изолирани случаи секогаш има. Збораме за проценти, збораме за веројатности, статистики.

    Бишон, пудла, малтезер, вести, јорки, лагото и слични на нив статистички предизвикуваат далеку помалку алергии од други раси. Хипоалергено значи мали шанси, хипералергено значи големи шанси. Ништо не вели никаде дека има 0 шанси.
     
  18. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.203
    Не знам зошто се напнуваш ти од моето објаснување. Ти ја поправив грешката само дека луѓето не се алергични на крзното туку на нешто друго.
    Алергијата не може да биде појака кога цветаат дрвја. Туку се појавила алергиска реакција на полен. Значи не се луѓето алергични на дрвјата, т.е нивната кора, туку на поленот. Нема врска тоа со интензитет на реакција.
    Тоа е исто како да го избричиш кучето и да очекуваш дека ќе нема алергиска реакција кога алергенот се самите мртви клетки на кожата.
    Тоа што некоја раса, маркетингшки се нарекува хипоалергена не ја исклучува можноста за развој на нечива алергија.
    Не нареков никого глупав или слично, само сакав да појаснам механизам на реакција.
    Организмот е тој што се сензибилизира на разни супстанци, не обратно.
    Во секој случај не можам да ти наложам на тебе што да правиш во својот дом, чисто дадов размислување за кортико терапија долгорочно на детето за свои желби.
     
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Последен пат, не е маркетиншки, eве пример ти кажав личен. Ама ај :) инаетот ти е голем, ќе те остам да уживаш во него.
    И тоа со бричењето на кучето нема врска, и го кажа колку да кажиш нешто. Секако дека бричењето не помага. И јас на почеток кажав - крзното не паѓа, ама реков има и ДРУГИ фактори долга и широка е, нејќев во свекрвите темата да појаснувам оф топик. После тоа појаснав и за другите фактори, ама пошто ваљда достигнување во животот ти е инаетење на фемина, се запна за крзното и сега со бричењето, леле мајко. Ај те оставам да си уживкаш, оти и онака се шо пишав не ни прочита, џабе си трошам време :) ете добро, сите кучиња се подеднакво алергени, така пиши на нет.

    За останатите: Да, има раси на кучиња кои се хипоалергени, или во превод поради помала количина на плунка, перут и крзно, помали се шансите за алергија. Има кучиња кои и во индиректен контакт се поприлично алергени, со тоа што остава алергени по теписите, креветите, облеката, заради лигавењето и митарењето. Ова за некој што размислува за куче, ете да си знае, има разлика во расите, најдобро е ако размислувате, да бидете некое време во контакт со такво куче, да сте сигурни дека немате алергии.
     
  20. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.203
    Зошто мислиш дека ти се напнувам и не те читам, можеби е обратно. Немам проблем да разменам мислење.
    Тоа што си напишала за плунката нема врска. Плунка е плунка. Дали булдог повеќе ќе се лигави од чивава, не прави истата да предизвика помала алергиска реакција.
    Ако ти се напнуваш, не ми враќај, едноставно е.
    Еве јас на интернет читам, тебе од каде ти се податоците дека хипоалергени раси на кучиња не предизвикуваат алергии? Ме интересира.