Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашни миленици и мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од Billy Idol, 7 август 2020.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Не бе жено, стварно не читаш ти... абе чупе, прочитај не се резили. Не реков дека хипоалергични НЕ предизвикуваат алергија, ти кажав и дефиниција за хипоалергени. Разбираш шо значи ХИПО? Знаеш што значи ХИПОАЛЕРГЕН шампон, и дека и тој е потенцијален проблем за некого, ама ШАНСИТЕ се помали - less likely, ете на англиски можи појќе разбирате, шо ве знам, модерни времиња. Пишев, објаснував, малку барем ПОЧИТ да покажиш дека читаш, културно е, битно е за дебата. Срамота е со измишљотини контри да ми одиш, нешто шо не го ни спомнав, со извртени муабети, само за да докажиш дека мит било, оти така си прочитала.
    И да, кај многу алергии КОЛИЧИНАТА на алергенот е многу битен, ако кучето се лигави по столици, кревети, теписи, значи алергенот е подостапен за алергичниот. Ако кучето не се лигави, и единствен начин е преку близок или директен контакт, тогаш секако дека помали се шансите. Ако се митари кучето, логично е сиот перут и влакна да се втераат во душеци, теписи, столици, играчки, храна, не знам што не е јасно. Ќерка ми прваче е па јасни би и биле овие работи.
    Кога дискутираш, треба почит да покажиш да прочиташ шо ти пишале, и основни познавања - пример што значи Хипоалергено. Не можеш да дискутираш дали е нешто хипоалергено или не ако не ја знаеш терминологијата. Како јас со тебе да дискутирам ако ти велиш хипоалергено е нешто што НИКОГАШ не предизвикува алергија?

    Еве дефиниција, да не испадни пак да се повторуваме:
    Hypoallergenic is commonly used to mean “void of allergens”, however the prefix “hypo” means under, beneath, or less than normal. Hypoallergenic implies a less likely allergic reaction, but it should not be taken to mean “void of any allergic reactions”.
     
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Доста имам истражувано на тема алергии, разговори со доктори, медицинско лице дома итн. Ќерката како мала имаше неоткриена алергиска реакција (не ни имавме куче тогаш), мислам дека можам да полагам испит на тема алергии комотно. Читав студии, докторски мислења, па и на интернет, се консултирав со стручњаци затоа што имавме проблем.
    И можам да ти кажам народски дека телото јавува алергиска реакција кога некој елемент/супстанца ја третира како страно тело. Така ни реагира имуниот систем. Постојат многу видови на алергиски реакции, буквално премногу. Може да е отежнато дишење, болки, солзење на очи, кивање, тешко варење на храната итн.

    На сите нас телото ни реагира на тие страни супстанции, дали е прав, полен, глутен, животински перути, влакна, пердуви (најчесто не е проблем пердувот или влакното, туку перутот кој се налепува на него), лекарства итн. Секој организам има различен праг на толеранција. Јас пример немам проблем од прашина во некои си нормални количини, ама ако сум на поиспрашено место или чистам многу испрашена површина, зарипнувам, грлото ми се суши, носот ми течи итн. Значи мојот организам реагира ама на одредена количина, помала количина од тоа не ми смета.
    Од тука, муабетот со кучето - куче кое се лигави повеќе, произведува поголеми потенцијални алергени за човекот. Куче кое не се лигави, произведува помалку. Нормално дека некој со не многу тешка алергија на животинска плунка, може ќе толерира во помали количини, но не и во големи количини.
    Кучката моја се митари ко луда, влакна има по теписите цели топки, ако не исчистам секој втор ден, страшно е. Секоја топка влакна на тепихот ќе остави огромна количина на перут, плунка (што се лижела пример кучката претходно) и потенцијално го контаминира просторот многу повеќе од куче кое има многу помала количина на перут и не остава огромни топки после него. Децата играат на тепихот... немаат алергија, организмот им го толерира тоа во толкава количина, ок е. Другарката на ќерка ми има мака и покажува знаци. Затоа пак, со нејзината пудла нема мака, затоа што количината на алергени што ја произведува е далеку помала, и е толерантна за нејзиниот организам.
    Некој алергичен на кикиритки ќе се нафрли пример од една кикиритка, труг само од најмал траг или контаминација може да заврши со анафилактички шок. Се е до организмот и толеранцијата на страни тела.

    Тоа е тоа, постои цела наука.

    Затоа има луѓе кои можат да толерираат кучешки алергени до некој степен, па си земаат хипоалергени кучиња. Некои не трпат ни толку, па не можат ни такви. Некои трпат секакви кучиња. И тоа е тоа. Убаво е да си знаат луѓето, ако се љубители, но имаат алергија, да се пробаат прво да бидат во контакт со таква раса и да си видат сами пред да се одлучат.

    И да додадам, зависно од организмот, со редовна изложеност на алерген во помали количини, може да се стекне поголема толеранција, и со тек на време да се намали реакцијата на организмот. Може и обратно, за жал, да се влоши. Нема 2+2=4. Ќерка ми имаше алергија на нешто, траеше пола година, не откривме што е, организмот го прифати алергенот како ОК, и од тогаш не се појави повеќе. Сега што и да беше, веќе го толерира.
     
  3. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Не се концентрирам на зборот, ниту пак барав дефиниција. Терминологијата нема врска со начнатата тема.
    Мене ме интересира што значи хипоалергено куче, доколу детето ти е веќе алергично на кучиња. Нема да се гуши, ама уртикарија е премногу кул да ти се појави. Интензитетот на симптомите не го прават животот поквалитетен, како кога причинителот целосно не го отстраниш од местото каде детето престојува.
    Нема 10 влакна да остави на тепих, ќе остави 2. Куче како куче се чеша, се гриза, лиже се по дома. Залажувај се колку сакаш со хипоалергени раси, лице што е алергично, реагира исто.
    Имам пример, со баш таква ,,хипоалергена" раса. Личноста која претходно ја опишав, реагира со гушење. Епа добро, жива среќа што е хипоалергено и само се гуши, иначе да не беше, анафилакса ќе имаше.
    Да повторам, не дискутирам за значењето на зборот, иако сметам дека незаслужно го додаваат за профит, дискутирам за тоа дали е поважно здравјето на детето наспроти миленикот.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Па ете ти кажав, кај другарката на ќерка ми се покажа како успешно, си живеат нормално, не реагира на тоа куче, ама на нашето реагира. Значи кај нив се докажа тоа што го зборам. Кај тој што има поагресивна алергија, секако дека и толку би сметало.
    Е сега, убаво си велат хипоалергено е кучето... како што велат дека е и хипоалерген шампонот што ми направи рани на главата. Не реков дека лажат тие со шампонот, дека се гнаси профитерски, туку си реков, ексик со скалпов мој, ништо не ми трпи, па ни најблагите и најспецијалните шампони за таа работа. Тоа што некои имаме екстремни алергии на нешто, не го намалува значењето на зборот хипоалергено.

    Јас куче/мачка и дете со алергиска реакција не би чувала заедно. Така да тука не гледам зошто ми коментираш.

    Затоа имав пишано:

     
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Значи се сложуваме на таа тема. Етилогијата на самиот збор сепак не го оправдува чувањето на миленик во такви ситуации.
     
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Па ако имам пудла, а детето има реакција на пинч, а не на пудла, тогаш не гледам проблем да си живеат заедно со пудлата. Јас убаво пишав - куче и дете со алергиска РЕАКЦИЈА. И секако дека на љубители на кучиња со алергии би им предложила да бидат во друштво со хипоалергени кучиња, пред да се решат да земат, да испитаат дали имаат реакција или не, ама секогаш би го предложила како опција. Убаво е да се има опција за било што во животот, ако и тоа не го бива, тоа е веќе друга работа.
    А дека дете ќе го чувам на антихистамини до крајот на животот, само за да живее со куче - не, нема шанси.
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.839
    Допаѓања:
    267.065
    Таман си со дефиницииве, не се нервирај.
    Муабетот мој првичен беше дека не постои СОСЕМА исклучена шанса за алергија, но за поголема продажба на одредени раси така се пласира, а не е така.

    Инаку како дете "надраснав" алергија, никогаш не дознаа на што сум алергична.
     
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Ќути, и ние поминавме со малата, шо беше, како беше, никогаш не откривме. Не алерго тестови, не исхрана, дома викав со машини чистеа специјално, терапија... на крајот после доооолго време, се исчисти само од себе и толку.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.