Цурки можете ли да си дозволите дома да ви доаѓа домашна помошничка за помош околу куќата и домаќинските работи? Како се однесувате со нив, на колку време доаѓаат да ви помагаат?
Јас не би ги нарекла слугинки, многу понижувачки ми е.. Инаку ние имаме жена што работи за нас повеќе од 25 години и не ја третираме како слугинка, толку сме блиски, таа прожувеала се што и ние. Не израснала и мене и сестра ми. Руча, јаде со нас... меѓутоа земена е бидејки куќата е многу голема и не сме можеле да стигнеме сами да ја исчистиме...
Татко ми порано знаеше дома да не запердаши ако не раскренеме, па инспириран од шпанските серии да рече: Зберете ова што сте растуриле, зошто ние дома немаме Чикита! Од помошнички во домот сме немале потреба, а и да сум многу зафатена - ќе најдам време да си средам затоа што мразам хаос! Дури и непријатно ми е кога некој ми ги чепка моите работи. Кога одиме на одмор, секој ден ни влегуваат чистачки, и ни ги диплат алиштата, ни ги ставаат во кревет па ги местат во форма на машнички и такви ми ти работи Јас мојата облека не сакам никој да ми ја чепка. Па дури и им кажувам само да поминат со џогер, да ја исчистат бањата, а алиштата да ги остават како што се. Имаме пријателка која долго време работи како помошничка, воопшто не и е понижување и семејството каде работи долги години многу ја сака. Затоа што работи како да е во своја куќа и е многу педантна. Но, ете јас колку и да немам време, порадо ми побарала помош од сестра ми или мајка ми.
Со оглед на тоа дека не живеам во замок во кој собите не можам да ги прошетам за еден ден, не сум ќерка на Премиерот па да изигравам некоја си Лејди, не терам бизниси да неможам ни куќата да си ја видам,...немам потреба а и неможам да си приуштам домашна помошничка. Додека правев куќа, реновирав бев сама со бебе во раце па си дозволив на крај кога се заврши целиот хаос да викнам жена која чисти за пари. До сега неколку пати сум викнала кога не сум била во можност да исчистам јас и немало кој да ми помогне. Сега сами со мм и малиот се грижиме за сите обврски заеднички. Тие почнат, јас по нив ....
Јас имам жена што еднаш неделно ни доаѓа дома да ни чисти. Многу би сакала кога би можеле да си приуштиме секој ден да ни доаѓа дома жена што би ни готвела, пеглала, средувала...
Да, имам жена што доаѓа еднаш во месецот за чистење- т.н. генералка. Ни јас не живеам во замок ама кога ќе дојде време за генералка, станот ми изгледа поголем и од замокот на Пепелашка Не сакам ни да помислам еден викенд, кој едвај го наоѓам за слободен да го користам на рибање прозори. Не сметам дека понижувам некого со мојот однос, кажувам што ми пречи и што ми е важно при одржувањето на домот. До сега сум задоволна од Атомскава мравка и не мислам да менувам ништо во начин на функционирање
^ Па не гледам никакво омаловажување, и тоа е професија и работа која си е најнормално платена - јас таа жена не ја земам против нејзина воља, па да се води како роб... И мене ми доаѓа жена, не дека имам замок, напротив, ама кога ќе израчунам дека ми требаат 4-5 саати за да направам генералка - се откажувам од старт, ќе си ги поминам со мм и детето, наместо со крпата Спојлер Може некој ќе рече „Е да, ама ако имаш пари ќе викнеш жена, ако не - ќе засукаш ракави“, ама најискрено, јас пре би да скратам од нова блуза/фустан за мене, отколку да правам компромиси со времето со најмилите.
целосно се согласувам и во однос на парите. Лично се водам од тоа дека парите што и ги давам се ништо споредено со времето поминато со дечко ми или пријателите...
Под поимот 'домашна помошничка' јас повеќе подразбирам жена која е присутна речиси секој ден во нечиј дом и ги обавува сите домашни работи од типот на чистење, перење, пеглање, пазарење, готвење, можеби и чување на мали деца или постари лица и сл., а не жена која повремено доаѓа само за потемелно чистење (генералка) на домот. Таква куќна помошничка кај нас ретко кој има. Јас тешко би можела да поднесам некој друг да ми биде вмешан во сите обврски низ дома, освен викање на жена за повремено генерално чистење што и онака понекогаш го практикуваме. Сепак од секојдневно присутна помошничка имаат потреба луѓе кои стварно се презафатени за да тераат домаќинство или поради работни и други обврски немаат можност да се грижат за постари болни лица или децата дома, а секако имаат и доволно пари за да платат некој да им средува по дома постојано. Спојлер (Евентуално и оние кои имаат вишок финансии и воедно се опасно размазени и мрзливи. Најтешко им паѓа ако треба да фатат правосмукалка, не знаат да уклучат шпорет за да сварат готова супа и под чест им е да се погрижат за перењето на сопствениот веш) Не гледам потреба од поинакво однесување со било која куќна помошничка, жена што чисти итн., освен нормален човечки однос, а од неа се очекува да си ја заврши работата за која е платена како што треба.
Ма какви куќни помошнички мајка ми работи низ дома колку за 10 такви и покрај тоа што е на работа по цел ден секогаш најдува време... Незнам некако тоа дома да имаш куќна помошничка ми звучи премногу аристократско ама гледам дека со тек на време станува многу актуелно Кога би имала голема куќа и стварно сум фул со време и јас би си дозволила зошто да не
Мене ми е ликсуз за да плаќам домашни помошнички да ми го чистат домот,да ми прават за јадење кога јас сето тоа го можам и сама.Некогаш кога ептен ќе сум кнап со време и кога не можам да постигнам би викнала жена за да ми исчисти дома.Тоа го зобрувам во иднина кога ќе бидам во брак и ќе си имам свои деца.Ние до сега не сме имале жена која што ни средува по дома.Од секогаш јас и стрина ми сме ја бркале таа работа па немало потреба за да плаќаме некој. А за навредливо мене воопшто не ми е и кога не би имала избор дури и јас би ја работела таа работа.Секоја работа каде што се заработува чесно за мене е примерна работа и никогаш не би ги гледала тие жени со подмев.
Бидејќи мајка ми е многу зафатена од 8:30 наутро до 16:30 попладне а некогаш и покасно..имме жена која доага на преку ден аа еднаш во неделата прашина да избрише и да пресмука и да го избрише подот... а еднаш во месецот прави генералка жената зема 7000 толку си потера и толку и даваме... ама секоај и чест за работата...
Куќна помошничка немаме, ама еднаш во 2-3 месец знае мајка ми да повика жена да направи генералка. Не ја гледам како слугинка, а како роб уште помалко, повеќе како птијателка на мајка ми која дошла да и помогне, бидејќи долго време ја познаваме. Куќна помошничка за мене е жена која 24/7 е во куќата , работи сва и свашта а ние три жени во куќата "све четири у вис". Мајка ми оди на работа, ама затоа јас и сестра ми помагаме колку можеме.
Искрено, да имам доволно средства понатаму во животот би вработила домашна помошничка за чистење, но не за готвење и чување деца, тоа е моја работа. Моментално и да сакаме неможеме, но јас и мајка ми сме доволни да си ја завршуваме целата работа.
да имам повеќе средства би ангажирала жена која би ми доаѓала барем еднаш неделно да зачисти. Порано имав жена која доаѓаше еднаш месечно, но после една недела дома...хаос....
Moze li da mi kazete ako znaete kolku naplakaat onie zeni sto doagaat za cistenje na pr generalka barem ednas nedelno [mod-kirilica4hal4ye][/mod-kirilica4hal4ye]