Мислам дека никогаш нема да земам куќна помошничка па ни за генералка . Ама не знам како ќе биде натаму па да не зборувам пред време . Ама од сегашна гледна точка сметам дека можам сама, ама и тоа не е причината поради која не би викнала туку поради тоа што страшно мразам некој да ми чепка по моите работи . Ќе се чувствувам шубе некако . Кога живеев со цимерки приборот за лична хигиена не го чував во шкафот во бањата(како сите нормални луѓе) ами во фиока во моја соба од страв да не го бутнат и да го вратат назад . Чудна сум некако за тие работи . Не би се чуствувала удобно да оставам некој сам во мојот дом и тоа е тоа . Па и башка за тоа треба жена од доверба бидејки познавам многу луѓе кои имале лошо искуство со жени кои поткраднуваат и се изнамачија додека најдат чесна и вредна помошничка.
Ние само еднаш имавме куќна помошничка,оти обелувавме,местевме,и навистина ни беше потребна многу помош.А иначе за така да чисти алишта,прашина да бриши..така не.
И јас сум на средина на чистењето.Ова куќава како дно да нема.Се нешто излегува што треба да се доработи.Ме тресе некое чудно чувство,превртувам низ главава ,трагам,барам...Се мислам да дадам оглас за чистење по куќи.Не знам како идат цените,би сакала некоја од вас која плаќа чистачка,да сподели искуство,колку и плаќа и за каков обем на работа.
Женииии за по дома чистење се земаат некаде по 1000 денари. Ама опфаќа се чистење. прозорци , врати, зад кревет, под кревет ама се. Само немојте да ви накалемат и пеглање, не влегува во таа цена.Барем за Скопје е толку, а за помалите градови не знам. Само под 1000 не вреди да си ја трошиш силата.
Од 600 - 1200, зависи кој како се договори и за колкав простор се работи ( спрат, 2 спрата од куќа, подрум, таван ) т.е тежината на самата работа. Исто цената се договара во зависност од тоа дали станува збор за редовно чистење-одржување или генералка (за нив поскапо се налаќа). Инаку кај нас знаат да злоупотребат едно се договорат, друго излегува. Затоа кога се договараш прашај си дали е само чистење или пр. други работи како пеглање, перење пердиња, бришење прозорци и сл.
Е таман работа да викнеш жена и да не избрише прозори. Се знае редот. Прозори, врати, ќе помине со правосмукалка, ќе ги изриба теписите, ќе го помине ламинатот, прашина по мебел. Купатило - комплет. Кујната обично, на регулар генералка си ја чистите внатре сами... всушност зависи колкав простор е за чистење (иначе нема време жената да стаса), а жената од надвор. И нормално кога жената ќе дојде треба да биде раскренато. Диплење алишта и средување не е чистење. И 1000 ден не е воопшто малку + кафе + сокче + ручек . Дневница ал инклузив. Колку од Вас имаат дневница од 1000 ден? ( секако - доручек, - кафе)
Dali imate nekoja zena da mi preporacate za cistenje? Koja veke raboti kaj vas i normano ste zadovolni od nea. Pozdrav
Кај соседите мои доаѓа жена три пати неделно работи се освен што не готви. Ми кажуваше жената дека држи 3-4 куќи и вкупно си зима околу 24 000 плата. Бидејки се пријателки со соседкава моја каде што чисти жената, оваа дури и ја осигурила на пола работно време. Ми кажуваше женава порано работела во конфекција од утро до мрак за бедни 10 000 . тоа спред мене е поголемо измеќарство. А вака одиш во куќа и ги работиш истите работи што ги правиш и во твојата куќа , перење, чистење, бришење - нема тука ништо тешко ни гнасно ни понижувачко. Да останам некој ден (не дај боже) без работа попрво би чистела куќи отколку да работам во конфекција или во маркет за 8000 да растоварам кутии цел ден. Кај родителите кога живеев никогаш немавме повикано куќна помошничка. Доаѓаше девојка- дадилка да не чува секој ден, но тоа е нешто друго. Засега живеам сама и немам потреба од куќна помошничка. Но ако работам со ова темпо и кога ке бидам фамилјарна, неизбежно е да доаѓа помошничка 2-3 пати неделно. Во готвењето уживам тоа не би го препуштила на друг колку и да немам време.
Ne e losha ideja ako mozhete da si dozvolite. Mene poshto ne me biva za gotvenje a i ne sum po higienata i sreduvanjeto neshto bash posebno si imam zena za chistenje sekoja sabota u 2 shto doagja. Od Kolumbija e a inaku e diplomiran geolog ili taka nesho...neznam ednashka ja prashav sho studirala. Od 2-6 sho raboti zenata stvarno alal da i e kako mashina e brza e i pedantna mnogu naplakja 60 dolara. Mislam tolku pobara i jas ne se pazarev a inaku moze i za 40 da se najde... Ali vazno e koj ti vlegue doma i da ne preprichava mnogu ...
здраво, нова сум на форумов и гледам дека темата е многу одамна. Сепак, сакав да прашам дали можеби имате препорака за добра домашна помошничка (од доверба)? 4 часа неделно би биле доволни за почеток. Фала
Не, те молам извини доцна видов. Сама исчистив ама цела недела чистев. Остави на некоја форумџика број па ако некоја има потреба да те побара. Извини уште еднаш што ти пишувам доцна.
Да се разбереме. Жена за чистење што доаѓа 1 неделно или месечно е жена за чистење. Куќна помошничка е жена која живее со вас и ви е постојано на располагање. Таа која готви, чисти, пере и отвара врата. Споредба ко купена кола и рент а кар. Во државичево, ретко кој има куќна помошничка. Знам со сигурност дека газдите на Вива сокови имаат две. Едната е тетка на моја пријателка, која нема свое семејство и живее кај нив. Баш ко на Шпански филмови.
Како мислиш се запали? Не те разбрав. За нив кажав дека знам со сигурност дека имаат, зошто ја знам личноста. За тоа и кажав дека малкумина може да си дозволат куќна помошничка. Жена за чистење е само за чистење од 3-4 часа, неделно или месечно. Има разлика.