значи се имаме снимано додека имаме се*с и тоа неколку пати и го имаме гледано одма после тоа ама вака да го чуваме на USB како тука што видов или во компјутер тоа не никакоооо.ко прво секогаш ке бидам на штрек дека случајно некој може да го види и никогаш ке немам мира.затоа вака најубаво избриши и уживај
Не гледам никаков предизвик во ова не знам не би сакала . Тие што решиле да се снимаат барем дебело заработуваат од ова није фора . Ај сеа да погледнеме и што ? ! Само проблеми и дополнителни скрос непотребни замарања , може да ти донесе, а и некако глупо ми е
Можеби би се снимала, но чисто од радозналост, да видам какви се моите сексуални способности и како изгледа мојот секс од страна-само толку. Има Петко мој неколку слики кој му се негде закопани низ компјутер, а клипчиња немаме и како што кажав не би правела колекција од мои домашни порно снимци. Овие неколкуве сликички не верувам дека би осамнале на нет, вереник ми е а и не е некој таков одмазодољубив за да ги пласира на интеренет моите слики. Лап-топот не би отишол на сервис, сам свој мајстор си е, се разбира во софтвери така да јас имам 100% доверба во него затоа и тие слики постојат, но никогаш не би ги направила доколку како што кажав не му верував целосно. А да се фали со моите слики, не верувам си има он многи други работи со кои би се фалел, дефинитивно моите слики не би биле предмет на фалба. А и во најдобар случај можда и јас ќе станам ѕвезда ко Ким Кардашијан, нели она се прослави со нејзиното вакво хоум мејд порно .
Не сум толку храбра ...или сум ! Штознам... ни сама не знам дали сакам или не да се снимам додека имам секс! Да бидам искрена никогаш не ни паднало на памет со дечко ми таква идеа, не сме ни зборувале на таа тема...можеби затоа не знам дали сум спремна за таков предизвик или не! Ако некогаш се случи такво нешто сигурна сум дека после ,,чинот,, видеото ќе биде изгледано и веднаш избришено,се плашам јас од последицие што можат да се случат ако видето падне во раце на некој друг (освен мене и дечко ми) Затоа нејќам да ризикувам,засега!
Јас искрено до сега се немам снимено али би пробала зошто да не се имаме сликувано али ја разгледуваме "фотосесијата" и одна се бриши
Се снимавме еднаш пред 3 години додека бевме на одмор, пола го изгледавме, се утепавме од смеење и од страв да не го изгубиме апаратот или го заборавиме на картица се согласивме да го избришеме. Од тогаш навака не паднал муабет тоа да се повтори, а и немаме некако желба за тоа... ЕДИТ: Сега ми текна дека имав слика од неговиот полов орган кај мене во телефон долго време, ама го сменив (не ја префрлив) и ја избришав
За снимање се изјаснив а и за фотки би размислила можеби би се сликала би ги разгледала и би ги бришела одма
Па незнам дали моето искуство спаѓа баш тука, ама блиску е. Незнам што ни падна на памет со дечко ми, пред некој ден додека бев кај него, ми направи секси фотосесија без ништо на мене. После тоа следуваше најдобриот секс во мојот живот, а верувам дека и сликите придонесоа за тоа, осетив колку беше напален, уште додека ме сликаше. Инаку, сликите стојат кај него во компјутер сеуште, ама имам доверба во него и не верувам дека ќе се случи нешто несакано.
Извини на какво дереџе не паѓаш? Не сфаќам како се понижуваш ако со твојот партнер имаш хоум мејд порно или слики на кои си разголена, битна е довербата и дали партнерот би те „изневерил“ со споделување на тие фајлови. Друго ништо срамно не е.
Сме се снимале неколку пати, секогаш со мој телефон, ама брзо биле бришени.Не сум за чување на ваков материјал, не дека дечкото ќе злоупотреби, туку зашто може да го украдат телефонот, да ги види ненамерно некој друг итн.Треба да се пази со овие работи
Ајде предавања мене за што е срамно или не не ми требаат, си знам јас...моето име никогаш нема да биде во контекст со нешто порно, домашно или јавно, со дечко или не, ОК? И моја работа е тоа дали сакам дали не сакам и дали е тоа за мене спуштање или не. Ти прави си што сакаш и глеј си работа...
Па јас не ти држам предавања за морал и сл. ти прва упати навреда кон сите нас, чии имиња се поврзани со зборовите порно, срамно или не. Не навреди, и тоа буквално не навреди со зборовите , и испаѓа дека сите ние кои имаме вакви фајлови споделени со нашите партнери дека сме паднале на некакво дереџе, работава испаѓа дека сме јадна, страдни, проститутки и сл. И немораш ти мене да ме упатуваш да си ја гледам својата работа, зошто мое право е чија работа јас ќе ја гледам, туку ти гледај си ја својата и ако имаш негативен став кон некои работи кажи го тоа како што доликува а не со испраќање на индиректни навреди на личностите кои имаат мислење спротивно на твоето! И не е финтата само да набилдаш постови на форум, туку ако имаш да кажеш нешто кажи и образложи го, дај аргументи „за“ или „против“, со една реченица неможеш никако да го обрзложиш својот став. Т.е. можеш ама за тоа ти треба лукавост и во никој случај тоа не би била проста реченица како во твојот случај, туку би била сложена.
Не ни реков дека ми држиш предавања за морал, на која основа ти е па ова не ни можеш и да сакаш ? Енивеј причините за мојот прв пост на темава се офтопик и се делумно поврзани со порно-индустријата воопшто, затоа не ги наведов и понатаму нема да навлегувам затоа што не сакам да бидам досадна како некој и не сакам целиов муабет на темава да оди кај шо не треба зашто после автоматски јас ќе испаднам крива Па и немам причини тебе да ти објаснувам, нема полза од тоа... Можеби и јас сум видела твои размислувања кои не дека не ми се јасни туку ми делуваат безвезе, па не сум ти побарала објаснување... А ако ти си се нашла навредена во случајов тоа е твој проблем, не е мој, јас никого лично не посочив, нит па ги употребив тие зборови кои ти сама си ги наведе а сега бај д веј ми ги подметна мене (демек лукаво ова ) јас само си искажав став, нели имам право на тоа...јасно е. И ајде доста сега немам намера да пишувам мислења за џабе овде ниту па сум имала некогаш ама се ќе се најде некој паметњакович и ќе ти се умеша во мислењето па после ти немаш право да му кажуваш нешто
па форум е фала богу ќе има контра-мислења, ако не ајде никој/а да не цитира никој/а е работава бог да чува до сега не сум, ама во иднина не се знае а баш би сакала зашто да не
Луѓе не сакам да се мешам, ама според мене не е ништо срамно, нормално ако имаш доверба во партнерот. Не е никакво понижување... Само што треба многу да се внимава некој несакајки да не дојде до тие клипчиња или фотографии, е тоа би било многу непријатна ситуација. Инаку јас во тоа гледам еден начин плус како да се збогати сексуалниот живот, да не биде монотоно и да ни биде позабавно. Нема ништо лошо во тоа, а некои го пават и само од љубопитност.
Нормално дека ќе не цитираат ама нема право да ми се подметнува зошто како и што,де сум билдала мислења, де сум вреѓала со зборови шо не ги ни напишав и уште еднаш кажувам дека никого не сакав да навредам, јас не ги ни прочитав мислењата пред да го напишам своето, тоа е мој став и не сакам да ми се уфрла некој мене иронично за лично да ме учи што е правилно а што не, баш затоа што е форум ова и ко што не мора да значи дека е моето мислење правилно не мора да значи дека е и тоа другото правилно...И ако се офтопици нека се избришат јас едноставно си кажав дека не би од свои причини на кои не им е темата тука да ги разглобувам а не било срамно не било срамно
Се сложувам со Најубава и искрено и јас на некој начин се навредив . Не е ништо лошо ако не дојде до други очи или раце . Ете и Теди дозволила дечкото да ја слика па имале добар секс после тоа , не ? Како и да е , секој со своето мислење
Јас, искрено, можам да најдам други начини за да ми е интересно и за да го зачинам сексуалниот живот. Сигурно нема да ми текне, чисто од љубопитство да земам да се снимам. Обично дечковците се тие што покреваат иницијатива за снимање, нели? Не осудувам, ниту пак ми е ненормално, ама не е нешто што би го направила. Можда така ме научиле, ама комплетна доверба немам во никој. И тие 99,9% пак не се доволни.