Домашни рецепти за лице, тело и коса

Дискусија во 'Лице' започната од VikiToO, 12 септември 2010.

  1. VikiToO

    VikiToO Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    52
    Девојки неможев да се одлучам каде да ја вметнам темата али ај нека биде тука :) Значи вака .. овде оставајте некои домашни рецепти за убавина корисни за нас, нашето тело лице и коса !!! Можете и да прашате нешто па со останатите феминки ке се потрудиме да ви одговориме :lol: :*
     
  2. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    За убави и бели заби :

    После миењето на забите со паста на четкичката ставете малку сода - бикарбона и со кружно движење мијте ги забите . Оваа постапка можете да ја правите 2пати во неделата и веднаш сегледа промена .
    За испукани усни:

    Со четката за заби поминете на усните да ја отстраните мртвата кожа. Потоа ставете некое убаво и квалитетно лабело( NIVEA ) за омекнување на усни.

    Како да спречите паѓање на трепките:

    Нели ви се има случено кога ја отстранувате шминката т.е маскарата да ви падне некоја трепка ?За да го спречите паѓањето на трепките пред легнување ставете на влажна марамичка малку масло за јадење и намачкајте ги трепките , а утредента само темелно исплакнете.

    За сјајна коса:
    Пред да ја измиете косата навлажнете ја косата со оцет , а потоа нормално мијте ја со шампон и регенератор за коса ( но немојте да претерате со оцетот ) да не дојде до зголемена миризба , или во шампонот ставете си околу една лажичка оцет и промешајте.

    Се надевам дека ѓе ви помогнам со некој совет ......... :$
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    810
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Еве нешто едноставно а корисно. Подгответе смеса од една белка од јајце и пченкарно брашно и нанесете ја на лицето. Оставете ја убаво да се исуши, околу половина час, а потоа наводенете ги рацете со топла вода и измасирајте го лицето. Отстранете ја маската со топла вода.
    Ако редовно ја практикувате маската, вашата кожа ќе биде мазна и сјајна. ;)
     
    На okcenzi и Caramelle им се допаѓа ова.
  4. VikiToO

    VikiToO Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    52
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Корисен пилинг за лице е и талогот од кафе се нанесува на лице се остава 15 мин и се мие со млака вода помага при вадење на црнки при акни и за мазно и нежно лице ..

    Ти благодарам Ану :) :)
    Сега си ставив маска од квасец со 2 лажички млеко и чекам да се исуши па ке ја измијам масирајќи го лицето .. инаку резултатот е нежна бебешка кожа :)
     
    На India, okcenzi и Caramelle им се допаѓа ова.
  5. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    327
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    МОРСКА СОЛ И МАСЛИНОВО МАСЛО ЗА КОЖА КАКО СВИЛА
    Промешајте малку морска сол со неколку капки маслиново масло. Ваквата смеса нанесете ја на фротирска ракавица и масирајте го телото со кружни движења. Ова е најдобрата природна ексфолијација за вашата кожа. Особено тријте ги деловите од нозете каде што се создаваат внатрешни влакна. за помалку од месец дена, таквиот проблем ќе стане минато.

    МЕД ЗА ЗДРАВ И СВЕЖ ИЗГЛЕД
    Шест лажици пченкарно брашно, две лажици мед и цврста пена од изматени белки - добро промешајте ги за да добиете пријатна и исклучително хранлива крема. Медот и блеките ја чистат и ја потхрануваат кожата, откако ќе го измиете лицето со млака вода, тоа ќе стане свежо, а циркулацијата ќе се подобри. Маската оставете ја на лицето барем 15 минути

    За ревитализација
    Доколку пак сакате да ја ревитализирате вашата кожа пробајте со следниот рецепт:
    Една жолчка на собна температура, една лажица мед, една лажица нерафинирано маслиново масло, 3-4 капки сок од лимон, 3-4 капки чист витамин Е (може да го набавите во продавница за здрава храна).

    Сите состојки треба добро да се измешаат, а потоа маската се нанесува на чисто и суво лице и врат. Оставете ја потполно да се исуши; после 20тина минути отстранете ја со топла вода. Ова е евтин и добар начин за тонирање на кожата.


    Аспиринска маска
    Аспиринот е направен од ацетисална киселина која во малку поразлична форма (салицил) се користи за креми против стареење и за чистење на порите. После оваа маска кожата ќе ви биде сјајна, а порите исчистени. Користете ја еднаш неделно и ќе успеете да ги ставите митесерите под контрола.
    Еве како се прави:
    Убаво истолчете 2-4 апчиња аспирин и додадете млака вода. Ставете ја смесата на чисто лице, оставете да се исуши 5 минути и масирајте нежно некое време (многу нежен механички пилинг). Потоа добро исплакнете го лицето. Потоа ставете крема, но не премногу масна бидејќи таквата ќе го спречи ефектот на аспиринот. На почетокот лицето малку ќе ви се вцрви, но после некое време црвенилото ќе го снема, а лицето ќе остане со убав, здрав сјај и нежност.


    Овие рецепти се преземени од еден сајт, но се општо познати и проверени, а за мене се многу ефикасни!
    Ги практикувам често. А за домашна нега на кожа со целулит, флеки на лице, груба кожа... итн има пишувано и по други теми на форумов. Има посебни теми, неможе сите рецепти за цело тело и лице да се стават во една тема, ќе биде пренатрупано и непрегледно.
     
    На LittlePinky, okcenzi, Sara2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. swety

    swety Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    5
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    eve nekolku prirodni recepti:
    1
    sostojki: 20gr matocina i 1/4 vrela voda
    matocinata prelijte ja so vrelata voda ostavete da se izladi i procedete,so ovoj caj tamponirajte go liceto nautro i navecer potoa liceto izmasirajte go so sok od krastavici uspesno leci mozolcinja po liceto


    2
    sostojki: 0,3dl sok od sveza borovnica,3gr boraks i 1 dl vrela voda
    vo vrelata voda se sipuva sokot od borovnica i boraksot izmesajte i drzete na temno mesto
    tri pati na den tamponirajte go liceto so losion,drzete go izvesno vreme na liceto,pa izmijte ja kozata so topla voda,so sumporen ili glicerinski sapun

    3
    sostojki: voda vo koja ste varele kompiri
    vodata vo koja ste varele kompiri izladete ja,mijte go liceto tri pati na den so taa voda
    lekuva akni na lice i telo

    4
    sostojki: 1 cesne luk i 1 dl 70%-ten alkoxol
    lukot istolcete go i prelijte go so alkoxol,ostavete preku nok da ostoi pa procedete i cuvajte go vo temno mesto vo sisence
    so vata namokrete vo losionot i tamponirajte gi gnojnite akni,sekojdnevno masirajte(pritiskajte)gi zabolenite mesta so ovoj losion brgu ke se zabelezite deka gnojnicite isceznuvaat

    se nadevam na nekoj od vas ke pomogne (dokolku imate problemi)ako ne me mrzi ke pisam uste koj go interesira nesto neka pise ke mu pisam i drugi recepti za nega na lice, kosa,telo
    pozdrav :)
     
    На жули и Inna15 им се допаѓа ова.
  7. Sweet.Heart

    Sweet.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    11
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Гел за воспалени јајници
    Се прави мешавина од 100 гр.корен од бел слез,100гр. лист од бел слез и 200 гр. мајчина душица.Оваа смеса се прелива со 1 литр зовриена вода и се остава неколку саати са се олади па се пие место вода. Но внимавајте ова има добар резултат треба да се пие 20 дена.

    Мелем за кичма,ишијас, реума и окостување
    Потребно е
    1 литар ракија
    7 струкчиња свеж рузмарин
    15 Андола таблети
    Ризмаринот и андолите се ставаат во ракијата и во стаклен сад се оставаат 15 дена на сонце или до шпоред или на некое друго топло место.
    Потоа мелемот е спремен за користење и се мачка на оболеното место и се втрлува.Се става 2 пати дневно.

    Мелем против стрии
    Во жолчка од јајце ( со непрекинато мешање ) се додава 2 супени лажици кантариово масло,1 супена лажица чичково масло,5 капки сок од лимон и на крај 3 капки тинтура од невен.Се меша да се добие хомогена смеса.Се нанесува тенок слој со широка четкичка на местата на кои имате стрии и оставете да постои 30тина минути се миете со топла вода и на крај нанесете некоја крема. Ова се применува 2 пати неделно.
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    42.306
    Пол:
    Женски
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    http://www.facebook.com/pages/Beauty-Ca ... 5017467004
    На оваа страна на Фејсбук секојдневно се постираат многу интересни домашни рецепти за нега на лице, тело, коса... Не сите состојки можат да се најдат кај нас, но има и рецепти со многу едноставни состојки, кои може да се пробаат.
     
    На danniela5 и VikiToO им се допаѓа ова.
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Женски
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Половина банана + две лажици павлака -маска која редовно ја користам се нанесува на лицето и деколтето , ја освежува и чисти кожата
    Две лажици маслиново масло + една жолчка - за мрсна кожа ;)
     
    На VikiToO му/ѝ се допаѓа ова.
  10. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    687
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Маслиново масло и жолчка за мрсна кожа ?! :?: Не верувам ...
     
  11. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.894
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Маска од банана

    Бананите се прородно антибактериско средство и одлични се за отстранување на дамки. Оние кои имаат чувствителна кожа можат да ја користат бананата како пилинг, а антиоксидансите и витамините во неа ќе го обноват колагенот во кожата и ќе помогнат во борбата против борите.

    Па еве и една згодна и брза маска од банана против акни: една банана, една голема лажица млеко, една голема лажица пченкарно брашно и малку мускантно оревче. Испасирајте ја бананата и помешајте ја со останатите состојки, па нанесете ја на чисто лице. Кога ќе се исуши измејте со млака вода.


    Маска од краставица

    Излупете краставица. Добиените ленти нанесете ги на исчстеното лице. Притиснете ги со рака и покријте со пешкир. Оставете да делува околу 30 минути. Лицето потоа не треба да се измива. Маската на кожата и дава мекост, ја освежува и храни. Ја поднесуваат сите типови на кожа и може да се нанесува колку пати сакате.


    Лосион за масна кожа и кожа со акни

    Помешајте 100 грама кора од кисело јаболко, 200 грама изрендано кисело јаболко, 100 грама шеќер и еден литар вода. Измешајте ги добро сите состојки, а потоа смесата ставете ја во тегла или шише, добро затворете ја и држете ја на сонце седум дена. Потоа исцедете и додајте 100 грама лозова ракија и така добиената смеса чувајте ја во фрижидерот. Со овој лосион чистете ја масната кожа или кожата со акни три пати дневно.


    Маска за масна кожа

    Премачкајте ја масната кожа или кожата со акни со срцевината од јаболкото, но внимавајте да не ги намачкате и очите. Потоа оставете ја кожата малку да се исуши и подгответе маска од испечено јаболко, една лажица мед, три лажици од претходно споменатиот лосион и една лажичка пченкарно брашно. Со помош на лосионот регулирајте ја густината на маската и истата нанесете ја на кожата директно или преку газа. Маката ќе биде поделотворна доколку ја нанесете додека е топла и ја покриете со фолија. Држете ја на лицето околу половина час и потоа измијте го лицето најпрвин со млака, а потоа и со студена вода, па намачкајте го со соодветна крема.


    Маска за сува кожа

    Пирето од печено јаболко помешајте го со слатка павлака, една лажичка мед и една жолчка. Измешајте ги сите состојки добро за да добиете глатка смеса. Потоа на чисто лице втријте малку сок од јаболко и оставете го да се исуши. Топлата маска нанесете ја на лицето, вратот и деколтето, а можете да ја нанесете и на рацете. За поголема делотвроност, откако ќе ја нанесете, покријте ја маската со фолија која ќе ја држи топла. После половина час извадете ја маската и измијте го лицето со млака, а потоа и со студена вода и намачкајте го со хидрантна крема. Ако оваа маска ја нанесувате два пати неделно, вашата кожа ќе изгледа свежо и младо.


    Маска за кожа со црвенило

    Изрендајте една голема јаболка и варете ја во 150 милилитри млеко. Кога ќе добиете густа смеса, оставете малку да се олади, па додајте една жолчка. Оваа маска подготвувајте ја и нанесувајте ја секојдневно, сé додека црвенилото не се повлече. Држете ја на лицето околу половина час, а потоа измијте ја со млака вода. Кога ќе ја нанесувате оваа маска внимавајте истата да има приближна температура како и температурата на телото, за да избегнете засилена циркулација.
     
    На unlucky и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. VikiToO

    VikiToO Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    52
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Тоа го знам но за сува кожа не за мрсна ...
    Значи вака :

    Во еден сад измешајте 10мл мед со жолчка од јајце и 5гр млеко во прав. Јајцето ќе ја потхрани кожата а медот ќе помогне да се обнови PH рамнотежата. Маската нанесете ја со рамна широка четка избегнувајќи ги очите и устата. Маската се чисти после 15-20 минути со вода.

    --Маска од јајце и маслиново масло --

    Главните состојки се едно јајце и една лажица маслиново масло. Тие убаво се мешаат и се нанесуваат на лицето како маска. Смесата се остава 20тина минути, се додека не се стврдне, а потоа се мие со топла вода. Веднаш потоа кожата ќе ви стане сјајна и мека
     
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Женски
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Лично кај мене и кај оние што ја пробале по моја препорака делува. Јас ја користам на Т зоната ;)
     
  14. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    156
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Пробајте со талог од кафе наместо пилинг. Кафето го отстранува мртвото ткиво од кожата и го затегнува.
    Исто така пробајте со јогрут и јагоди (може и со јаболка) Како маска за освежување.
     
  15. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    186
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Палента за пилинг на лицето
    Ставете палента во еден поширок тајнир. Наводенете ги рацете и стевете ги во тајнирот колку да се покрие цела долна површина на дланките. Масирајте така 5 мин и исплакнете со вода.
    Маст против хемороиди за подочњаци
    Маста ставете ја на подочњаците внимателно да не дојде во контакт со слузницата на окото. Оваа маска се применува само во ептен итни случаи!
    Паста за заби за акни
    Ставете паста за заби на местото каде што мислите дека ќе ви се појави бубуљица навечер пред да си легнете. Кога ќе станете само исплакнете.
     
  16. aliciakeys3

    aliciakeys3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    20
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Јас два пати неделно правам смеса со 2 лажички пченкарно брашно помешано со 2 лажички јогурт.15 минути ми стои на лице па потоа со млака вода се оплакнувам и го масирам лицето,па на крај со ладна да ми се затворат порите.Мн е мека кожата после тоа.
     
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.538
  18. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    63
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Девојки кажете некој рецепт за комбинирана кожа..неможам веќе вака да ја гледам (мрсна ми е во Т-зоната) ,а не сум при пари баш :worried:
     
  19. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    2.795
    Пол:
    Женски
    Домашни рецепти за лице, тело и коса !!!

    Состојки: 1 помала банана и 1 лажица мед
    Подготовка: Бананата изгмечете ја и измешајте ја со мед.
    Употреба: Лицете претходно измијте го па нанесе те маска.Држете 30 минути, па потоа измијте до чај од камилица.

    Состојки: 100 гр. кајсии и 0,5 дл. несварено млеко
    Подготовка: Кајсиите лупени,пасирани, измешани со млеко.
    Употреба: На чисто лице нанесете ја маската. Држете ја 20 минути, а потоа измијте ја првин со топла, а потоа со ладна вода.

    Состојки:100 гр. млади моркови и 1 жолчка
    Подготовка:Морковите измијте ги и исрендајте ги.Помешајте ги со жолчката за да се соединат.
    Употреба: На чисто лице нанесете ја маската.Држете ја околу 20 минути. Тргнете ја маската и лицето измијте го првин со топла, а потоа со ладна вода. -(треба да се користи неколку пати во неделата)

    се надевам ти помогнав.. :*
     
  20. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    63
    Чепкав по мислењата видов дека некој вратил на мојот пост..Благодарам за советите одам да купам банана ќе ја правам првата маска и едно прашање после одкако ќе се измијам со чај од камилица што да правам треба нешто да ставам некоја крема можеби..И ако знаеш нешто вака за сува кожа не е за мене..Благодарам! :*