1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашни рецепти за лице, тело и коса

Дискусија во 'Лице' започната од VikiToO, 12 септември 2010.

  1. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.214
    Пол:
    Женски
    Ако почнам да ги препишувам сите рецепти што ги имам во книги собирано ќе треба да оставам цела година тука ххх.. :) Ајде малку по малку ќе пишувам па се надевам дека некому ќе помогнам...
    Кожа
    Еден од најдобрите третмани за масна кожа е кора од лимон и пилинг за лице.Измешајте две лажици изрендана кора од лимон и исто толку пченкарно брашно.Додајте 6 лажици мелени бадеми и 3 лажици вода. Смесата нанесете ја на лицето со нежни кружни движења на прстите. По пилингот измијте го лицето со млака вода, избришете го и ставете хидратантен крем.

    Сокот од лимон помага и за лекување акни. Затоа, натопете го врвот на стапчето за уши со лимонов сок и ставете го на проблематичниот дел.

    Ако имате масна или мешана кожа на лицето, негувајте ја со свежо нане омекнато во вода.Ставете го нането во Ph неутрален крем и полека мешајте.

    На местата на кои имате митесери. втријте исечкан магдонос. Потоа поседете над пареа и митесерот отстранете го со вата.

    За помлад изглед на кожата измешајте белка од јајце и нанесете ја на чисто лице. Оставете да дејствува 15 минути, а потоа отстранете ја со млака вода.

    Сода бикарбона може да се користи и за чистење на лицето. На дланката се става средство за чистење на лицето и во него се додава сода бикарбона, потоа со благи движења се масира лицето. Со ладна вода се измива лицето а кожата е многу посвежа и помека..

    Др пат ќе доставам уште рецепти сега се уморив од пишување... :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ilovehim

    ilovehim Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    4
    Јас користам една маска за лице која мене многу ми помага за акните на лицето...смеса од вода и сол е... Ставаш сол во една чаша и ставаш вода колку смесата да се сооедини,после оставаш таа смеса да отстои 10 минути и после тоа се нанесува на лицето и треба да стои 20 минути,малку ќе пецка но ќе помине брзо...после тоа се мие со млака вода и после кремче ;) мене ми помогна многу таа маска за борба против акните :)
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Убава маска за лице се прави од половина квасец коцка секако одмрзнат и лажичка јогурт добро промешани заедно да се добие хомогена смеса. Се чува околу 20 мин. после извесен период лицето ќе се здрви прилично, нормално е и без паника да се помине оваа фаза :lol: . Маскава е наменета за освежување и се користи кај сите типови кожа. Се вади со памукче натопено со чај, малку е досаден процесот на вадењето. Порано често си ја правев, добро е да ја направам повторно деновиве.
     
  4. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Убава маска за коса на интернет прочитав, една жолчка, две лажици мед и две лажици сусамово масло наместо него ставив рицинусово, се става фолија или кеса и врз неа со фен 15 минути треба да се грее, јас издржав 30 минути но едвај, почнува да се цеди низ кесата, но е една од најпогодените маски од сите што сум ги уптребила.

    Медот како ја освежува косата и враќа во живот ахх убавини.
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ќе ви препишам ја неколку рецепти од книгана со преку сто домашни рецепти за секакви болести со помош на лекување со мед и домашни производи и билки, ама не сега, не ми е прирака, друг ден.
    Сега да не бидам оф-топик ќе ви кажам таа што ја запамтив.
    За млеко за лице- мед со иста количина на млеко, мешате додека не се соединат, секако ако ставите лажичка мед, ставате лажичка млеко(гледајте да го растворите медот).
    После тоа или претурете го во шишенце или директно на памук и чистете го лицето. :)
    Другиот рецепт, лосион за лице што го користам моментално ќе го пишам после резултатите кои ги очекувам, за едно две-три недели ќе кажам како ми делувал.
     
  6. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    Ми кажаа дека супер маска било јапонското јаболко. Не го јадам, па викам ај да пробам и да ви кажам убав ефект има..поз
     
  7. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    Девојки имам 16 години, дали е штетно во неделата еднаш да ставам маска од белка од јајце на лицето? :$
     
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Јас си правам еден пилинг за лице од шеќер, мед и млеко, ги ставам состојќите од рака. Млеко не ставам многу, за да не е ретко. Ефектот е вау, лицето ми е мазно како стакло.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    За да имате убаво, чисто и свежо лице, а немате време да појдете на третман, можете да испробате некои алтернативни решенија за домашна нега. Рецептот за домашно подготвен тоник за чистење лице, што ви го презентираме привлекува со својата едноставност. Ова е одлична замена, доколку ви се потрошил тоникот што секојдневно го користите, а истовремено ќе го одморите лицето од хемикалиите.

    Сè што ви е потребно за да го подготвите ова е мирисливо масло и свеж магданос. Во еден литар зовриена вода додајте китка свеж магданос и оставете го да се готви околу 15 минути. Течноста се цеди и се остава да се излади. Можете да го чувате во мало шишенце во фрижидер дури цел месец.

    Ако сакате тоникот да има пријатен мирис пожелно е да додадете неколку капки мирисливо масло. Доколку имате масна кожа на лицето, додајте етерично масло од нане, а ако, пак, имате сува кожа, додајте неколку капки етерично масло од портокал. За нормална кожа пожелно е во тоникот да додадете етерично масло од трендафил. Тоникот треба да се користи наутро и навечер
     
  10. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    темава се однесува и за коса а тука неманиеден рецепт за тоа
    па ајси викам да го разбијам мразот хиххиихиххи

    1 јајце се мати се додава 1 супена лазица мед и 1-2 лазици маслиново масло сето ова се мати а потоа се става како маска за коса која мозете да ја оставите од 30 мин па дури и да преспиете со неа па да се измиете наутро ја прави косата помека и посјајна
     
  11. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    За оние со сува кожа
    Пред спиење место крема лицето може да го намачкате со маслиново масло
    и се будите со сјајна преубава кожа :)
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    ^ Јас ова често го практикувам, и многу убаво ми делува на кожата. И тоа на цело тело, ама облеката прима мирис кој тешко се отстранува.

    Уште поделотворно е аргановото масло, ама скапо е.
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Мед.....мед и само мед :lol:
    Мед на лице, мед на коса, совршено!
     
  14. love.summer

    love.summer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    24
    Јас барав на интернет некој маски па ќе пробам некоја
    маска за сува кожа.

    Две супени лажици какао во прав прелијте го со малку топла вода за да се направи кашичка. Додајте малку павлака и пола кафена лажица маслиново масло, за маската да се нанесува полесно. Лицето,вратот,деколтето и рацете припремете ги и намачкајте ги со сок од краставица. Преку мократа кожа, со прсти нанесере ја маската на сите места кои сте ги намачкале со сокот од краставици. Преку маската стацете газа натопена во сок од красравица. Сето тоа покријте го со алуминиумска фолија за да ја задржи топлината заради подобри резултати.

    За мешовита кожа:

    - 100гр квасец помешуваме со вода, а 100 гр со маслиново масло. Првиот дел се става во Т-зоната, а вториот на образите и челото околу косата.
    - Жолчка се меша со неколку капки маслиново масло и се нанесува на образите и челото околу косата. Белката се мати во цврст снег и се нанесува во Т-зоната.
    - 2 лажички павлака се меша со лажичка мед и се нанесува во Т-зоната. На останатото се додава малку маслиново масло и се нанесува на образите и челото околу косата.

    За масна кожа:

    - лосион за миење: чај од лавандин цвет е добар за миење на масна кожа.
    - лажичка пченично брашно се меша со лажичка јогурт. Се остава 15 мин, и се мие со млака вода.
    - ситно се меле краставица и грејп, се нанесува и остава 20 мин, и потоа се одмива со млака вода каде сме ставиле малку лимонов сок (масна кожа без мозолчиња)
    - парче пекарски квасец се меша со млеко, се нанесува и се остава 20 мин. Се одмива со чај од камилица ( масна кожа со мозолчиња)
    - 2 лажички сок од портокал, лажичка сок од лимон и неколку капки бадемово масло. Чиста газа се натопува во течноста и се обложува на лице.

    За сува кожа:


    -пасирана банана се меша со малку мед и 10 капки лимонов сок. Се држи до 30 мин и се одмива со топла вода ( или банана со неколку капки маслиново масло)
    -печена јаболка со малку бадемово масло.
    - млеко помешано со растопен путер повремено обложете на лице.
    -згмечена кајсија и мед, се нанесува и држи 20 мин, се одмива со ладна вода.
    - жолчка, лажичка мед и ситно сомелен розмарин, добро помешано, нанесуваме и држиме 15 мин на лице, па одмиваме со млака вода. Ја прави кожата мазна и свежа, а делува и антисептички.

    Митесери:

    - загрејте малку мед, благо натапкајте на лице, и измијте со топла па ладна вода.
    - направете лосион од малку овошен оцет и вода, 8 пати повеќе од оцет.

    Темни дамки и пеги:
    - редовно миење со мешавина од сок од домати и 2 лажички млеко.
    -лимонов сок се втријува на лице и се покрива со ладен облог. После 25 мин се мие со ладна вода и се нанесува масна крема.
    -во чаша вода се става шака магдонос и се остава преку ноќ. Наутро со таа вода се мие лицето.
     
  15. sweetgirz

    sweetgirz Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    5
    Soveti za besprekorna koza :)

    Како да изберете хидратантна крема?Иритацијата и акните често се предизвикани од користење на погрешен хидратантен крем. За масна кожа нормално ќе изберете крем наменет за истата, а за сува кожа користете креми кои содржат хијалуронска киселина или глицерин.
    Како да го спречите сјаењето?Мастењето и сјаењето на кожата можете да го спречите со користење на крема со заштитен фактор, тој е клучен бидејќи сонцето може да го стимулира лачењето на маснотии. Ако таа содржи некоја форма на витамин Ц тогаш уште подобро. Над течната пудра нанесете и малку пудра во прав, таа ќе ви помогне со овој проблем.
    ДОМАШНА МАСКА ЗА ЛИЦЕ ОД БАНАНА И МЕД:

    Домашната маска за лице од банана и мед служи за нахранување на уморната и сува кожа. Медот е одлична состојка за природна убавина, добро средство за навлажнување и омекнување на кожата. Одличен е за мозолчиња затоа што е природен антисептик. Освен за кожата, може да се користи и како регенератор на слабата коса. Бананите се користат за навлажнување на сувата кожа, но исто така можат да се користат и за сува коса. Упатство приготвување на маската: Издробете половина банана и направете пире. Во пирето додадете 2 супени лажици мед и мешајте додека пирето не се згусне. Потоа нанесете го пирето на чисто лице. За поголеми резултати, пред да ја ставите маската, лицето треба да биде малку влажно и топло. Исечете две тенки парчиња банана и ставете ги под очите. Витаминот К што се наоѓа во бананата помага за отстранување на подочниците. :D :D :D ако имате акни променете го начинот на јадење.Јадете витамин Ц и А. Исто така и пред спиење ласиот јанг дерм и крема против акни или протектив јанг дерм...
    ВЕ САКАМ ДЕВОЈКИИ :) од Ана :D
     
  16. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Јас сум изненадена од една маска, Значи ептен ситно исечкан магдонос со кисело млеко. Од око се става, зависи од густинат која ја сакаш. Тие две состојќи се мешаат и се ставаат на лице 15 мин.
    Кожата после тоа е прекрасна и е за нијанса осветлена и е измазнета. Инаку веќе долго време не се мажам крем и слични хемикалии. Само ќе се измијам со ладна вода и понекогаш си ја правам маскава. И да кожата ми е поубава од порано, пресреќна сум :)
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    1. Нашминкајте се, а потоа – право под пареа!
    Звучи нелогично и неефективно, но сепак многу славни ѕвезди тврдат дека ова е трикот кој им овозможува да изгледаат толку добро пред камерите. Наполнете ја кадата со топла вода или пуштете го тушот неколку минути на топла вода, а потоа застанете во близина и почекајте 5 – 10 минути. Пареата всушност овозможува да се избегне ефектот на маска при шминкањето, а ја прави кожата свежа, блескава и што е најдобро, изгледа многу поприродно!

    2. Подбрадок? Никогаш повеќе.
    Сигурно по дома имате добра колекција од антицелулитни креми на кои сега можете да им дадете сосема поинаква намена. Изберете некоја која содржи кофеин и нанесете по линијата на брадата. Кофеинот делува на тој начин што го намалува вишокот на течности, па на тој начин значително се намалува и надуеноста. Поради останатите состојки во кремата, ефектот е многу брз и би требало да трае неколку часа.

    3. Избришете ги акните.
    Слоевите пудра и коректор не можат да ги избришат акните, всушност понекогаш имаат и спротивен ефект. Токму затоа ова трикче ќе ви биде меѓу омилените. Нареден пат кога некоја досадна, црвена акна ќе ви го расипе расположението набавете капки за очи и нанесете малку на проблематичното место. Состојките во капките за очи ги стеснуваат крвните садови, и на тој начин се намалува отеченоста и црвенилото.

    4. Против надуеност со јаболков оцет.
    Се чувствувате надуено и ништо не ви е точно? Измешајте една супена лажица јаболков оцет со половина шолја вода и испијте го. Во рок од 30 минути телото ќе почне да ги исфрла вишокот течности, подуеноста, ќе се намали, а вие ќе се чувствувате многу полесно.

    5. Ленено масло за прекрасни трепки.
    Лененовото масло е богато со Омега 3, 6 и 9 како со Б витамини кои ги надградуваат и разубавуват трепките. Навечер нанесете малку масло по линијата на трепките и гледајте како од ден на ден стануваат сè поубави.
     
  18. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Јас некаде имам читано, забите да ги триеш со свеша јагода, демек обелувале, ама немам пробано јас ова, а сега не ни има јагоди :D Ама ја видов темава и ми текна :)
     
  19. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Лосион против акни

    1 парче(комад) рен и јаболков оцет....

    Ренот се лупи и се ренда во чист сад,Потоа изренданиот рен се става во шишенце било каково големо/мало не е проблем и се додава јаболковиот оцет.Се сипува оцет до кај што е ренот значи да се облие ренот со оцет.Треба да одстои 24 часа и потоа може да се мачка на лице со памукче....
    Верувајте дека оваа е чудо,првин не верував дека ке ми ги снема акните,но сепак си велам да пробам.По 10 дена користење челото ми беше стакло немаше ниту една бубалица.
    Пробајте и вие нема да зажалите.......
     
    На жули и sunfemina им се допаѓа ова.
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    LOSION PROTIV AKNI
    Билката мајчина душица ставете ја во алкохол една недела. Тоа е процес со кој од неа ке се извлечат најкорисните состојки. Потоа со таа течност, редовно чистете го вашето лице и еднаш засекогаш решете го проблемот со мозолчињата...
    -GO NAJDOV на нет девојки под алкохол се мисли на ракија? :tmi: јас така го сватив и ставив мајчина душица да отстои...