1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашни рецепти за лице, тело и коса

Дискусија во 'Лице' започната од VikiToO, 12 септември 2010.

  1. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    13.290
    Пол:
    Женски
    Се мисли на ракија. И кажи ни после дали имало резултат ;)
     
  2. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    Mедицински алкохол, се продава во аптеките.
     
  3. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    ^ Ај ќе го пробам и јас тоа :D
     
  4. Ameliepoulain

    Ameliepoulain Нов член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Јас правам домашен пилинг за тело и прекрасен е ја омекнува кожата , убаво ми мириса ... Во сад ставам 2-3 големи лажици палента, малку кафе и цимет и маслиново масло . Колку подолго ја триете кожата толку поубаво. На коса правам маска од една жолчка, две лажици мед и какво масло ми е на дофат( рицинусово, маслиново, невеново ) и малку цимет. Белката што останува од јајцето ја матам со шеќер и ја ставам на лице.
     
  5. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Маслиново масло за прекрасна коса. Барем 1 неделно.
     
  6. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    ЕФИКАСНО!!! Fulfix protiv opagjanje i za pobrz rast na kosata.
    Mi donesoa povekje otkolku sto naracav, koj e zainteresiran poraka vo inbox
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Зелен чај за природен сјај на кожата
    Зелениот чај има својство како природен антиоксиданс. Ако сакате да го истакнете природниот сјај на вашата кожа пробајте тоник на база на зелен чај. Во зовриена вода ставете две лажици зелен чај, нека отстои 15 мин. Исцедете го чајот, и потоа лесно нанесете го на вашето чисто лице. Природниот тоник ја ревитализира вашата кожа и дава природен сјај.
     
  8. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Ова за вадење црнки и мекост на кожата на лицето.

    Ќе земете еден лимон. Ќе го пресечете на половина. На едната половина со лажица ќе намачкате мед убаво и со лимонот ќе почнете убаво да го триете лицето. Лимонот ги вади црнките, а медот ја омекнува истовремено кожата. После тоа ќе оставите маскава да се засуши на лицето , држите колку што сакате, најубаво 20тина минути и после плакнете.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Природен лосион кој ги отстраува дамките од лицето

    Често на лицето се појавуваат дамки како последица на акни или алергии, а некои ги имаат и од самото раѓање.
    Постојат различни козметички третмани и скапи препарати, но и со само едноставен и евтин лосион кој може сами да го направите, ќе добиете чисто и свежо лице.

    Потребни сосотојки:

    1 дл. лимонов сок
    2 лажички магдонос
    1,5 дл. дестилирана вода
    0,5 дл. 70% алкохол

    Подготовка:
    Листовите магдонос исечкајте ги ситно и прелијте ги со дестилирани вода и алкохол. Протресете ја тегличката, затворете и оставете да отстои навечер.
    Следниот ден течноста процедете ја и додајте лимонов сок. Лосионот нанесете го навечер или наутро на чиста кожа.
    Лосионот чувајте го во темно шишенце на дното на фрижидерот.
     
  10. MademoiselleB

    MademoiselleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    -Пилинг за усни
    Измешајте 1 лажичка шеќер со 2-3 лажички маслиново масло,ставете на усните и тријте околу 2-3 минути.
    Потоа исплакнете со вода ии ќе видите колку усните ќе ви бидат меки! ;)
     
  11. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    За коса:
    1 банана, 1 жолчка, сок од 1 лимон, 3 лажици мед и маслиново масло по потреба(зависно од должината на косата). Сето убаво се соединува и се нанесува на косата рамномерно, почнувајќи од коренот кон врвовите. Се остава 1 час на косата и потоа темелно се плакне со вода. Пожелно е после оваа маска да се испалкне косата со чај од камилица или зелен чај.
    Ја најдов на нет пред некое време. Ефектот беше доста добар, а косата мека, сјајна. Презадоволна :) Пробајте , нема да зажалите. :) :)
     
  12. MiaNmaR

    MiaNmaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Феминки еве нешто и од мене крема за лице е ја направив за мајка ми и еве веќе ја користи 1година и многу е задоволна. Имаше темни подочњаци а со користење на оваа крема и исчезнаа и брчките видливо се намалија па кој сака нека ја проба.
    Потребни состојки:

    1 жолчка

    2 лажици бадемово масло (или маслиново)

    ½ лажица мед

    2 лажички вазелин (медицински)

    Подготовка: се топи вазелинот на пареа откако ке се стопи се трга од пареата и се додаваат маслото и медот и се мешаат, кога малце ке подолади се става претходно изматената жолчка и добро се мешаат и се чува во фриждер. Јас додавам и есенцијално масло за подобар мирис.
     
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, колку убава тема како не сум ја забележала до сега. Еве и јас да споделам неколку рецепти со вас. Овие рецепти лично си ги правам и ги имам испробано така да говорам од искуство. Најнапред да кажам дека имам комбинирана кожа на лицето и нормална накај сува коса. Во продолжение ќе ви дадам по еден рецепт од секое (тело, коса лице)
    1. Пилинг за тело
    обожавам да си правам пилинзи за тело и еден од најомилените ми е шекер со масло. Верувајте сите пилинзи во продажба па и најскапите содржат шекер и масло и тоа е она што му треба на телото. Шекерот прави ексфолиација а маслото негува. Ова е наједноставен пилинг: 3 лажици кафеав шеќер со една лажица мед, и по потреба масло (бадемово, кокос, маслиново...по ваш избор). Јас на ова додавам обавезно етерични масла во завосност од ефектот кој сакам да го постигнам. Знајте дека ако помешате само шеќер и масло ќе го имате убав ефект, меѓутоа медот е многу корисен за кожата а етеричните масла се одлични за здравјето и убавината на кожата.
    Ако сакате добар антицелулитен пилинг имам еден за вас (јас си го правам 2 пати неделно и екстра е): 3 лажици шеќер, 1 лажица мед, 3 лажици црвено вино и 6 капки етерично масло од лимон. Се нанесува со кружни движења на бедрата. Нема подобро верувајте, кожата ја остава мазна.
    2. Лице
    Како што напоменав имам комбинирана кожа (ама ја држам под контрола за среќа). Можам да ви предложам 2 пилинга кои си ги правам и супер ми одговараат а тоа се: пилинг од пекарска сода со кокосово масло и пилинг од домат и шеќер. За првиот потребно е 1 лажичка пекарска сода и една лажичка кокосово масло. Се нанесува со ептен благи движења на лицето и се измива со млака вода. За вториот пилинг се сече на половина еден домат и таа половина се намакува во тацничка со шеќер и со тоа се нежно се мачка лицето и се одмива со млака вода.
    Мој совет за сите девојки кои имаат комбинирана или масна кожа е не користете производи кои ја сушат затоа што постигнувате спротивен ефект. Кожата има потреба од заштитен филм (себумот) а ако вие ја обезмастувате таа ќе лачи уште повеќе за да се одбрани од вас. И не се плашете од маслата. Малата и контролирана употреба на масла кои се одлични за масна кожа како јојоба (кое е одлично против акни) или кокос (кое ублажува црвенила на кожата) може да биде од огромна корист за убавината на вашата кожа, Значи има голем број на масла кои се идеални за разни типови на кожа па дури и масната.
    3. Коса
    За коса веќе имам говорено навистина многу ама ајде ќе кажам еден рецепт и овде. Пак ќе говорам за маслата затоа што ги обожавам особено маслото од кокос. Баш пред два дена направив една супер маска со масло од кокос и тоа: во една чашка растопив на пареа малку масло од кокос (доволно за цела коса) и во него капнав 3 капки етерично масло од лимон (дава фантастичен сјај) и една рузмарин (одлично за циркулација). Го оставив преку ноќ и утредента имав неверојатно меки локни (имам природно благо виткана коса иако понекогаш ја сакам права).
    Се надевам ви се допаднаа моите предлози.
    Поздрав
     
    На AnimalLover, rainbowec, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ivarin-rose

    ivarin-rose Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Луѓе златни пред некој сат ја направив маската со ѓумбир. Многу е едноставна во сад со вода додаваш малце ѓумбир и мешаш со лажиче додека не се направи смеса. Се изначитав на интернет колку е добра и делотворна маската, но никаде не прочитав дека може да се случи тоа што мене ми се случи(прват ја правам).

    Не користев свеж ѓумбир туку во прав. Нормално познат е како лут зачин и кога си ја нанесов маската на лицево со памук не осетив никаква разлика. Неколку минути откако ја нанесов, лицево почна да ми гори. Не нежно да печи или пецка туку како главата да сум ја ставила во оган. 10 пеколни минути издржав и одма под туш се пикнав, а водата жешка беше и како бензин да сум дотурила на оганот. ]:)

    Ајде, со ладна вода се прскав и се потсмири малце кожава... на обичен допир лицево ме печеше. Уште едни добри 20-тина минути ме печеше, а ни ц од црвенило, напротив, се изненадив кожава ми беше избелена на места и затегната. Чудо е овој ѓумбиров. Наредната недела ќе ја правам повторно ама повнимателно па ќе пишам како поминав. :)
     
  15. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    5.081
    Пол:
    Женски
    Јас си правам пилинг за усни со мед и кафеав шеќер, а ако имам и маслиново масло додавам во смесата и со тоа нежно ги тријам околу 2 минути.
    После тоа ги плакнам со вода и нанесувам лабело, усните ми се мазни и меки. :)
     
    На Ginger^ и Mishela им се допаѓа ова.
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Еве ви уште четири многу убави рецепти за кожа и коса.

    1. Тоник за лице од камилица

    Овој тоник за лице е идеален за многу осетлива кожа, која е подложна на чести иритации и црвенила. Се подготвува навистина многу лесно и потребно е:

    - 150 мл вода (најдобро деминерализирана)

    - 2 супени лажици суви цветови од камилица или 2 филтер кесички

    - етерично масло од лаванда

    Ставете ја водата во едно мало тенџерче и кога ќе почне да врие додадете ги двете лажици камилица, оставете да врие 1 мин. и потоа тргнете го тенџерчето од ринглата. Покријте го тенџерчето и оставете ја камилицата внатре се додека не се излади. Процедете го чајот од камилица (убаво истискајте ги цветовите за да ја извлечете целата течност од нив), префрлете го во едно чисто шишенце и додадете две капки етерично масло од лаванда. Вака добиениот тоник трае една недела во фрижидер.

    Се нанесува наутро и навечер на претходно чиста кожа со памукче (или пак доколку го ставите во спреј шишенце може и директно да го испрскате врз кожата).

    Овој тоник одлично ја смирува кожата, ја негува чувствителната кожа и ја намалува појавата на црвенила.


    2. Шампон за коса од камилица и брашно од наут

    Ова е навистина прекрасен благ шампон кој идеално ја мие косата, го отстранува вишокот на маснотија и нечистотија од косата. Комплетно природен без суфрактатни. Еве што ви е потребно за да го направите:

    - 2 супени лажици брашно од наут (може да го најдете во продавниците за здрава храна)

    - 1 супена лажица мед

    - 2 супени лажици чај од камилица

    - 3 капки етерично масло по избор (лаванда, лимон, рузмарин, ама ако немате не мора)

    Во еден сад најнапред ставете го брашното, потоа додадете го медот и на крај чајот од камилица. Помешајте ги сите состојки додека добиете една убава кремаста структура и нанесете го вака добиениот шампон на мокра коса. Ви советувам пред да ја намокрите косата убаво да ја исчешлате, па потоа мокра да ја шампонирате со овој природен шампон. Нанесете го целиот шампон на косата и нежно масирајте исто како кога би користеле нормален шампон. Многу важна работа е убаво и темелно да го измиете шампонот од косата, за да не ви останат мали зрнца од брашното во косата. По миењето нанесете уба и квалитетен балзам и исушете ја косата како што правите обично.

    Овој шампон е навистина многу функционален, затоа што брашното од наут одлично ја отстранува маснотијата од косата и во контакт со водата прави еден навистина многу нежен шампон кој одлично мие, а комплетно е природен. Медот ја негува и омекнува косата, и го ублажува обезмастувачкиот ефект на брашното од наут.

    Овој шампон е идеален за девојките кои имаат масна коса (може да го прават еднаш во неделата или на секои две недели во зависност од тоа колку е масна косата), а доколку имате долга или сува коса, не ви препорачувам да го правите често, можеби еднаш месечно за да ја исчистите косата темелно.

    3. Третман за масна коса

    Потребни состојки за овој третман се:

    2 супени лажици алое вера гел

    1 кафена лажица масло од арган

    6 капки етерично масло од лимон

    Убаво помешајте ги сите состојки и нанесете ја сместата на сува коса (со оглед на тоа што алое вера гелот има водена структура нема потреба да ја навлажнуваме косата како што обично ви препорачувам кога правиме третмани само со масла). Држете ја околу саат време и убаво измијте со благ шампон. Алое вера гелот во комбинација со етеричното масло од лимон е сапс за масна коса. Го отстранува вишокот на маснотија, а сепак ја негува косата. Маслото од арган додатно ја храни косата и и дава сјај.

    4. Третман за сува коса

    1 супена лажица рицинусово масло

    1 супена лажица кокосово масло

    1 супена лажица шеа путер

    5 капки етерично масло од лаванда

    2 капки етерично масло од рузмарин

    Помешајте ги сите состојки убаво и нанесете ја смесата на навлажнета коса. Оставете ја да делува најмалку саат време и убаво измијте ја косата со благ шампон. Комбинацијата на маслата со шеа путерот се спас за сувата коса, особено за расцветаните врвови. Овој третман го враќа сјајот на сувата коса, го храни влакното на косата со што таа изгледа здрава, витална и сјајна.

    Поздрав :)
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, еве ви уште еден многу корисен домашен рецепт за ружина вода, која многу лесно се прави а има 1001 употреба за нега на кожата и косата, како и во подготовката на пилинзи и маски. Се надевам дека ќе ви се допадне. Поздрав

    Monday, June 8, 2015
    Направи сам: природна ружина вода

    [​IMG]

    Здраво на сите,

    во една претходна статија веќе зборував за корисното дејство на ружината вода и нејзината се поголема употреба во козметиката и козметичките производи. Ви го оставам линкот од таа статија, за да не се повторувам http://biodevojka.blogspot.com/2015/05/blog-post_11.html.

    Целта на денешнава статија е да ви кажам како сами може да си ја направиме во домашни услови. Идејата за овој рецепт ми дојде кога видов колку пораснале ружите кои татко ми ги одгледува, и со оглед на тоа што не се хемиски третирани решив да си направам ружина водичка која ќе ја користам како тоник за лице во комбинација со етерично масло од лаванда, и како измивач за коса во комбинација со етерични масла од лаванда, рузмарин и лимон.

    [​IMG]

    Се што ви е потребно за подготовката на оваа домашна ружина вода е:

    - ружи (јас имав некаде околу 20 мали ружички);
    - деминерализирана вода (нешто помалку од литар);

    [​IMG]

    Најнапред петалите се одвојуваат од цветот и се ставаат во едно тенџере.

    [​IMG]

    Во друго тенџере на рингла се загрева деминерализираната вода, меѓутоа не да врие туку баш пред вриење (некаде околу 80 степени). Со таа вода се поливаат ружите, убаво се притискаат со лажица за да се потопат сите со вода, се покрива тенџерето со капак и се остава така цела ноќ.

    [​IMG]

    Наутро смесата се филтрира со помош на една цедилка и газа, и се става во шишенца за понатамошна обработка (во завосност од намената).

    Како што веќе напоменав, јас ја направив за да ја користам како тоник за лице кој одлично ја негува кожата и го подобрува тенот. Во едно празно спреј шишенце нанесов од ружината вода и додадов неколку капки етерично масло од лаванда кое лично го обожавам (4/5 капки). Со оваа смеса се испрскува лицето наутро и навечер наместо тоник. Со оглед на тоа што нема конзерванс, течноста чувајте ја во фрижидер најмногу недела дена. Доколку не ставите етерично масло, течноста ќе издржи околу 4 дена. етеричното масло освен што му дава прекрасен мирис, ја продолжува трајноста на овој производ за некој ден. Запомнете дека обавезно е да се чува во фрижидер, а и одлично е затоа што на тој начин течноста е ладна и уште подобро ја затегнува, освежува и тонизира кожата на лицето.

    [​IMG]

    Остатокот од смесата решив да го употребам како исплакнувач за коса и тука додадов неколку капки етерични масла од лаванда, рузмарин и лимон (6 капки од секое етерично масло). Со оваа течност се измива косата после шампонирањето како последно плакнење. Косата добива прекрасен сјај, станува посвежа, пожива и секако мека на допир.

    [​IMG]

    Важно е да напоменам дека овој производ нема силен мирис на ружи како купечките со соглед на тоа што не додадов никаква есенца или парфем од рози како оние во продажба. Нежно мириса на ружи, меѓутоа не претерано, а секако ги има истите својства врз кожата и косата. Доколку сакате ова да го направите дома, ве молам користите ружи кои не се хемиски третирани, инаку џабе е се доколку оваа течност ја правиме со третирани ружи и си мачкаме хемикалии на лицето и косата. Доколку имате сопствени ружи во вашите градини или тераси - одлично, во спротивно ви советувам да си купите веќе готов производ како на пример оној од Casyopea кој е од органски рози и веќе го рецензирав во горе наведената статија (види го линкот погоре).

    [​IMG]


    Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист, доколку сте љубители на проектите направи сам и доколку уживате да експериментирате со состојките и препаратите.

    Голема благодарност за вниманието и до скоро читање.

    Вики
     
    На Оленка*, Ana Bela1234, rainbowec и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, не знаев каде да го в,етнам рецептов, ама со оглед на тоа што е домашен се одлучив овде. Еве ви рецепт за еден многу лесен и брз домашен скраб за уста. Ептен ефикасен, многу подобар од купечките а комплетно природен и неверојатно сладок :)
    Се надевам ќе ви се допадне.

    Sunday, July 5, 2015
    Меки усни со домашен скраб од мед

    [​IMG]

    Убавите и меки усни изгледаат прекрасно кога на нив ќе се нанесе кармин. На пазарот постојат голем број на скраб или пилинзи за усни и повеќето од нив се прекрасни и природни и вистински спас за усните. Меѓутоа, овој вид на производ е толку лесен за подготовка, што за помалку од 5 минути може да си го направите сами во домашни услови и тоа според сопствен и личен вкус. Домашниот скраб е еднакво ефикасен како и купечкиот, а десет пати поекономичен. Потребни ви се само 3 состојки (основни), кои секако веќе ги имате во сопствените кујни. Епа драги мои, ајде брзо во вашите мали лаборатории и да се фатиме за работа!!!

    Се што ви е потребно за да го направите овој скраб е:

    - едно мало чисто кутивче за скраб;
    - една полна лажичка шеќер;
    - една лажичка масло по ваш избор (маслиново, јојоба, сончогледово, кокосово, рицинусово, арган итн.);
    - четврт лажичка мед
    - етерично масло (доколку немате не е обавезно);


    Во чистото кутивче најнапред ставете го шеќерот,

    [​IMG]

    потоа внимателно додадете го медот и на крај маслото. Доколку имате етерично масло, капнете две капки од него. Сето ова убаво промешајте го и ете вашиот скраб е готов. Како етерично масло ви препорачувам едно од следниве: портокал, лаванда и мента.

    Овој скраб користете го два пати неделно, најдобро навечер пред спиење, и по него ставете добар природен домашен балзам за усни (како на пример овој http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_24.html), кој одлично ќе ги нахрани и негува усните во текот на ноќта. Една од најважните работи за меки усни е постојаната нега, така да ви препорачувам да користите балзам секоја вечер пред легнување, затоа што во текот на ноќта кожата најдобро ги прима хранливите состојки. Ве молам избегнувајте балзами кои содржат течен парафин затоа што само додатно ги сушите усните, а дел од парафинот и го голтате со оглед на тоа што половина од балзамите завршуваат внатре во оргнизмот.

    [​IMG]

    Се надевам дека овој прелесен рецепт ви се допадна и ќе се обидете да го направите. Лично, мене ми е омилен еден друг рецепт за балзам со путер од какао, меѓутоа, мојата цел е секогаш да ви предложам рецепти кои се лесни и достапни за повеќето од вас и со состојки кои лесно може да се најдат, а секако во некоја од наредните статии, доколку има интерес, ќе го објавам рецептот и со какао путер кој е фантастичен.

    Поздрав и до скоро читање.
    Вики
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки еве ви уште еден домашен рецепт за маска за лице со алое вера гел и мед. Одлично ја храни и ходрора кожата особено ако сте вратени од одмор па ја чувствувате малку позатегната или сува од сонцето!!! се надевам ќе ви се допадне. Кожата ја остава неверојатно мека, мазна и нахранета.

    Домашна маска за лице со алое вера гел и мед

    [​IMG]
    Здраво драги мои,

    во неколку статии веќе ви напоменав дека алое вера гелот е една од моите омилени состојки и дефинитивно must have за здрава и убава кожа, а тоа секако не е случајно. Овој волшебен гел ги намалува иритациите, го спречува црвенилото и ја навлажнува и хидрира кожата.

    Многумина од вас кои се вратија од одмор можеби кожата на лицето ја чувствуваат малку позатегната или посува, како резултат од изложувањето на сончевите зраци. Ете токму тука на помош доаѓа волшебната маска за лице од алое вера гел која не само што длабински ќе ја хидрира вашата кожа, туку и видно ќе ја омекне. Оваа маска е навистина многу лесна за правење и потребно е:

    - 1 кафена лажичка алое вера гел;
    - 1 кафена лажичка мед:
    - 1/2 кафена лажичка масло по ваш избор (арган, кокос, јојоба, пшенични никулци)
    - 1 капка етерично масло (лаванда, чајно дрво, цимет, рузмарин сладок портокал)

    [​IMG]

    Во еден мал сад помешајте ги сите состојки. Со помош на една четкичка или пак со прстите нанесете ја маската на претходно добро исчистено лице и држете ја околу 10 мин. По истекот на времето измијте го лицето со млака вода и нанесете убава крема.

    Уште по првата апликација ќе почувствувате колку кожата ви е помазна и поубава, а со редовна употреба вашата кожа ќе се прероди. Состојките кои ги одбравме се вистински коктел за здрава и убава кожа и тоа:

    [​IMG]

    - aлое вера гелот како што веќе напоменав, ја смирува кожата, го спречува црвенилото и длабински ја хидрира самата кожа:
    - медот одлично ја храни кожата, има блага избелувачка моќ, корисен е против акни и ја прави кожата неверојатно мека:
    - јас одбрав масло од пшенични никулци затоа што е едно од најбогатите масла со витамин Е и одлично ја храни и негува кожата;
    - како етерично масло ставив сладок портокал (малку да променам само лаванда ви препорачувам). Јас најискрено ставив две капки, меѓутоа сфатив дека доволна е само една, некако е премногу јако со две капки.

    Се надевам дека ви се допадна оваа едноставна, но многу корисна маска за лице. Доколку се одлучите да ја направите, оставете ваши впечатоци под самиот текст.

    Поздрав и до скоро читање.
    Вики
     
  20. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    шеќер, маслиново масло и цимет, се прави хомогена смеса, се користи како пилинг за тело! шеќерот е како ексфолијант, маслиновото масло а хидрира кожата а циметот ја подобрува структурата на кожата (еластичност, затегнатост) предобро за пред одмор, ги остранува сите мртви клетки!
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.