1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашни рецепти за лице, тело и коса

Дискусија во 'Лице' започната од VikiToO, 12 септември 2010.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, имав барање да направам една листа на најчесто употребуваните состојки кои лично ги користам во поектите направи сам и од каде ги набавувам, па еве ја направив. Доколку нешто сум пропуштила слободно пишете. Поздрав.

    Кои состојки најчесто ги користам во рецептите и од каде ги набавувам

    [​IMG]

    Здраво на сите,

    откако почнав редовно да ви објавувам рецепти кои сами може да ги направите дома, добив барање од страна на повеќе девојки да наведам каде точно ги набавувам состојките кои најчесто ги употребувам во проектите направи сам.

    Токму затоа целта на денешнава статија е да ви кажам кои состојки најчесто ги користам, каде ги набавувам и која е нивната цена.

    1. Алое вера гел

    [​IMG]

    Овој гел навистина многу го користам во рецептите кои сама ги правам, без разлика дали станува збор за креми околу очи, спреј за коса или маска за лице. Лично го користам алое вера гелот на Botanicals кој може да го најдете во аптеките на Зегин и Еурофарм. Цената е околу 1100 денари за литар производ. Лично го одбрав овој затоа што згуснувачот употребен во него е од природно потекло. Освен за рецептите може секако и да го употребувате внатрешно затоа што пред се тоа и му е намената.

    2. Шеа путер

    [​IMG]

    Многу често овој путер го земам од Италија, меѓутоа кај нас открив еден добар од марката Ikarov кој може да го најдете во продажните места на La Soy. Цената на овој шеа путер е 220 денари за пакување од 60 мл.

    3. Масла

    [​IMG]

    - Kокосовото масло кое најчесто го користам е она на Bioсosmos кое може да го најдете во скоро сите аптеки и поголеми супермаркети како Веро, Тинекс и Рамстор во одделот за здрава храна. Цената на малата тегличка е 280 денари. Станува збор за нерафинирано ладно цедено кокосово масло.

    [​IMG]
    - Mасло од арган - доколку сакате чисто арганово масло без никаков додаток или мирис, тогаш одберете го она на Bioсosmos кое чини 399 денари за 50 мл. и може да го најдете во продавниците на биокосмос. Доколку не ви пречи благиот цитрусен мирис во тој случај одберете го на Olival. Цената му е 785 денари за 60 мл. и може да го најдете во продажните места на Tesori di Mare во трговските центри на Ramstor и City Mall.

    [​IMG]

    - Останатите масла како макадамија, лешник, јојоба итн. ќе ги најдете во продавницата на Биокулт гтц. 2 спрат. Цената е различна во зависност од видот на маслото, меѓутоа се многу чисти како производ и поголем дел од нив се и за внатрешна употреба што е доказ плус за квалитетот. Марката која најчесто ја земам е Bioplanete.

    4. Етерични масла

    [​IMG]

    Најчесто овие масла ги набавувам од продавницата на Биокулт гтц. 2 спрат. Станува збор за етеричните масла од марката Primavera (Flora) и тврдам за нивната чистина и квалитет. Во продажба имам видено и други етерични масла, меѓутоа не се 100% чисти затоа што не го поминаа мојот тест дома за чистина на маслата. Затоа доколку сакате да одите на сигурно, земете едно од овие етерични масла. Цената варира во зависност од видот на маслото и се движи од 290 до 700 денари. Оние кои јас ви препорачувам да си ги купите затоа што ќе може да ги користите за скоро сѐ се: лаванда, рузмарин, лимон и сладок портокал. Овие 4 масла за мене се база на секој рецепт и одговараат и за кожа и за коса, а одлични се и во антицелулитните третмани.Секако различен е процентот на употреба на овие масла во разни рецепти и комбинацијата со останатите состојки.

    5. Какао путер

    [​IMG]

    Овој путер е фантастичен во подготовката на путери за масажа на телото затоа што дава цврстина на производот, но и одличен мирис на чоколадо. Има огромна навлажнувачка и хранлива моќ врз кожата и се топи во допир со природната топлина на нашата кожа. Оној кој јас го користам е од марката Bioсosmos кој е и за внатрешна употреба (може слободно да го користите доколку правите колачи или домашни бисквити). Може да го најдете во продавниците на биокосмос и поголемите супермаркети во одделот за здрава храна.

    6. Ружина вода

    [​IMG]
    Онаа која јас најчесто ја користам е на марката Casyopea, цената е околу 400 денари и може да ја најдете во продажните места на Tesori di Mare во трговските центри на Ramstor и City Mall.


    Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист. Ако нешто сум заборавила да наведам, слободно пишете коментар за она што ве интересира и ќе ви одговорам.

    Поздрав
    Вики
     
    На angela.kostova, жули, 2036 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Супер серум од две состојки за ослободување од брчките

    Потребни ви се само две состојки: маслиново масло и витамин Е. Зошто само две состојки?

    Маслиновото масло е познато како една од античките тајни за убавина на жените со кој може да имаат прекрасен и сјаен тен. Поаѓајќи ог египетските времиња, жените го користеле овој производ за да го подобрат изгледот на кожата на природен начин.

    Дури и денес, дали сте се запрашале зошто жените кои живеат на Медитеранот имаат толку убава и мека кожа и густа коса? Маслиновото масло е нивната тајна.

    Овој чудесен природен производ ја хидрира и храни кожата. Токму затоа денес се употребува во козметичката индустрија како главна состојка на голем број комерцијални производи.

    Од друга страна, Витаминот Е се смета за природен моќен антиоксиданс кој ја олеснува елиминацијата на токсините од телото. Тој регенеративно делува на кожата и ги намалува брчките.

    За оваа цел најдобро е да го купите оној Витамин Е кој е направен со ладно пресирање на пченичните никулци.


    Како да го направите серумот?


    Најдобар начин за ослободување од брчките се облогите направени од маслиново масло.

    Потребни состојки:

    • 50ml Маслиново масло
    • 5 капсули Витамин Е
    • 2 памукчиња
    Што треба да направите:

    Доволно е да ги измешате маслиновото масло и капсулите, добро да ги промешате и во нив да ги натопите памукчињата.

    Добро нанесете ги на очите и оставете ги да отстојат 10 минути, а потоа избришете го маслото со влажни марамици.

    Оваа смеса можете да ја употребувате секој ден и ќе забележите видливо намалување на борите.
     
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Лосион за масна кожа и кожа со акни
    Помешајте 100 грама кора од кисело јаболко, 200 грама изрендано кисело јаболко, 100 грама шеќер и еден литар вода. Измешајте ги добро сите состојки, а потоа смесата ставете ја во тегла или шише, добро затворете ја и држете ја на сонце седум дена. Потоа исцедете и додајте 100 грама лозова ракија и така добиената смеса чувајте ја во фрижидерот. Со овој лосион чистете ја масната кожа или кожата со акни три пати дневно.

    Маска за масна кожа

    Премачкајте ја масната кожа или кожата со акни со срцевината од јаболкото, но внимавајте да не ги намачкате и очите. Потоа оставете ја кожата малку да се исуши и подгответе маска од испечено јаболко, една лажица мед, три лажици од претходно споменатиот лосион и една лажичка пченкарно брашно. Со помош на лосионот регулирајте ја густината на маската и истата нанесете ја на кожата директно или преку газа. Маката ќе биде поделотворна доколку ја нанесете додека е топла и ја покриете со фолија. Држете ја на лицето околу половина час и потоа измијте го лицето најпрвин со млака, а потоа и со студена вода, па намачкајте го со соодветна крема.

    Маска за сува кожа
    Пирето од печено јаболко помешајте го со слатка павлака, една лажичка мед и една жолчка. Измешајте ги сите состојки добро за да добиете глатка смеса. Потоа на чисто лице втријте малку сок од јаболко и оставете го да се исуши. Топлата маска нанесете ја на лицето, вратот и деколтето, а можете да ја нанесете и на рацете. За поголема делотвроност, откако ќе ја нанесете, покријте ја маската со фолија која ќе ја држи топла. После половина час извадете ја маската и измијте го лицето со млака, а потоа и со студена вода и намачкајте го со хидрантна крема. Ако оваа маска ја нанесувате два пати неделно, вашата кожа ќе изгледа свежо и младо.

    Маска за кожа со црвенило

    изрендајте една голема јаболка и варете ја во 150 милилитри млеко. Кога ќе добиете густа смеса, оставете малку да се олади, па додајте една жолчка. Оваа маска подготвувајте ја и нанесувајте ја секојдневно, сé додека црвенилото не се повлече. Држете ја на лицето околу половина час, а потоа измијте ја со млака вода. Кога ќе ја нанесувате оваа маска внимавајте истата да има приближна температура како и температурата на телото, за да избегнете засилена циркулација.
     
  4. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Порано користев еден лосион против целулит од бршлен и многу ми делуваше, ама рецептот веќе го немам и не се сеќавам како се правеше. Ако некој има рецепт против целулит ве молам пишете.
    Исто некој проверен пилинг/маска/крема за намалување на флеки/дамки на лицето?
     
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, јас веќе објавив неколку фантастични антицелулитни рецепти како пилинг и маска во дискусијата за целулит ама еве ќе ги постирам и овде со оглед на тоа што се домашно рецепти па сепак сме во тема. Исто така ќе ти ставам и неколку природни начини за лечење на флеките на лицето. Поздрав
    п.с. ќе ја поделам во неколку пораки не собира се во едно.

    Антицелулитна маска од глина

    [​IMG]

    Здраво,

    маската од глина била позната уште од дамна како најдобар пријател на кожата во подобрувањето на структурата на кожата, особено при лекувањето на акните или пак во подобрувањето на неестетската појава која најчесто го зафаќа пределот околу бедрата и нозете, односно целулитот. Ете токму на оваа проблематика ќе се задржиме во денешнава статија.

    Во продажба постојат навистина голем број на препарати и антицелулитни маски од глина, и се наоѓаат навистина добри и доста функционални производи, меѓутоа доста скапи со оглед на тоа што содржат многу хранливи и скапи состојки. Целта на денешнава статија е да ви покажам како сами во домашни услови може да произведеме антицелулитна маска од глина, и тоа ќе ви дадам неколку варијанти во согласност со економската состојба, и секако состојките кои ги имаме на располагање.

    Најнапред, ако разгледаме повеќе антицелулитни готови маски ог глина, поточно, ако го разгледаме нивниот состав во декларацијата, ќе забележиме дека се составени од 3 дела и тоа:

    1. цврст или прашкаст дел кој најчесто е зелена глина во комбинација со сол, сушени алги во прав, чоколадо, кафе или какао;

    2. течен дел кој најчесто е термална вода со оглед на лековитите својства која ги има врз кожата;

    3. етерични масла, кои не само што даваат прекрасен мирис на самиот производ туку се од огромна помош при лекувањето на целулитот;

    Ете откако утврдивме што треба да содржи една добра антицелулитна маска, ајде да видиме како може да ја направиме сами без да потрошиме цело богатство на готовите производи. Во продолжение ќе ви предложам една многу функционална антицелулитна маска. Количините се за две до три нанесувања, а течноста се подготвува пред самата употреба со цел производот убаво да се оддржи без конзерванси.

    [​IMG]

    Состојки за антицелулитна маска:

    - 4 лажици зелена глина (сетете се да користите дрвена или пластична лажица, никако метална);
    - 4 лажици какао (одберете го она горкото, без шеќер);
    - 2 лажици морска сол;

    убаво измешајте ги сите состојки во едно чисто кутивче од крема или пак тегличка, и ова ќе биде вашата база за антицелулитниот третман. Зелената глина е фантастична затоа што ја прочистува кожата, богата е со минерали и лечи разни проблеми кај самата кожа. Какаото го одбрав намерно наместо кафето, затоа што во некои случаеви се покажало многу поефикасно во лечењето на целулитот. Со овие дози добивате околу 200 гр. производ.

    [​IMG]

    Секогаш кога ќе посакате земете помала или поголема количина од смесата (зависно од зоната каде сакате да нанесете) и растворете ја со една од следниве течности или комбинации:

    - зелен чај: одличен во третманите против целулит. Направете чај и со него растворете ја базата за антицелулитна маска. Чајот нека биде топол меѓутоа не врел.

    - дестилирана вода која сепак дава убави резултати. Јас во дестилираната вода додавам и малку термална вода затоа што е богата со сулфур и дава прекрасни резултати. Ја користам онаа на Гамард и тоа не само за ваков вид на рецепти туку и ја испрскувам на лицето во жешките денови како освежувач за лице. Меѓутоа доколку немате не грижете се, слободно користете и дестилирана вода која претходно малку ќе ја загреете (да биде топла).

    [​IMG]

    Доколку сакате може да додадете и некоја капка етерично масло, меѓутоа не е обавезно со оглед на тоа што маската функционира одлично и без нив. Етеричните масла само го зголемуваат антицелулитниот ефект на истата. Јас лично ставив 3 етерични масла во самата смеса (во целата смеса од 200 гр.) со цел смесата подобро да ги впие и користев: 5 капки етерично масло од портокал, 5 капки етерично масло од лаванда и 2 капки етерично масло од рузмарин во целата смеса и убаво промешав. Меѓутоа повторувам, доколку немате дома етерично масла, без грижа рецептот е доволно функционален и без нив.

    Доколку сакате поголема хидратација на самата кожа, при приготвувањето на смесата додадете и малку гел од алое вера (секако доколку веќе го имате дома).

    Ете, ви дадов повеќе опции, па вие секако изберете го она што најмногу ви одговара. Маската не треба да биде ни многу течна ни многу густа, лесна за размачкување а да не ни тече по кожата. Количината на течностите регулирајте ја вие самите, се додека не добиете изедначена смеса која лесно се нанесува.

    [​IMG]

    Маската се користи на чиста кожа, најдобро доколку претходно направите снтицелулитен пилинг како оној кој ви го предложив со кафе http://biodevojka.blogspot.com/2015/06/blog-post_27.html, или пак оној со црвено вино кој ќе го најдете во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_20.html. Потоа нанесете ја маската рамномерно со помош на една четкичка, покријте со проѕирна фолија и оставете да делува од 20 до 30 мин. За тоа време слушајте музика, читајте книга или пак читајте ги статиите на мојот блог :)

    [​IMG]

    По истекот на времето, измијте ја маската со млака вода и звршете го миењето со малку поладна вода за подобра циркулација на кожата. Како за на крај, нанесете добро антицелулитно масло.

    Овој третман дава навистина одлични резултати, а и доста е лесен за правење. Доволно е да го правите два пати неделно и ќе се воодушевите од крајниот резултат. Ја подобрува циркулацијата и ја чисти кожата. Помага во исфрлувањето на вишокот на течности, а глината исто така ја прави кожата многу поеластична и позатегната. Ќе заштедите време, а богами и пари за скапи третмани.

    Се надевам дека ќе се обидете да го направите овој третман и доколку е тоа така, кажете како ви се допаднал и каков ефект има кај вас.

    Секако важно е да напоменам дека ваквите третмани секогаш се прават во комбинација со здрава исхрана и урамнотежена физичка активност. Сам по себе ниеден производ не прави чуда доколку ги занемариме останатите работи.

    Поздрав и до следната статија
    Вики
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Направи сам: антицелулитен пилинг од кафе

    [​IMG]
    Здраво на сите,

    во продавниците може да најдеме многу антицелулитни пилинзи на база на кафе, и јас самата ви рецензирав два навистина добри, меѓутоа доколку како мене сте љубители на проектите направи сам и сакате да бидете мали хемичари во сопствените кујни, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Станува збор за еден навистина многу лесен рецепт за антицелулитен пилинг или скраб, кој е многу функционален и одличен како за неестетските проблеми со целулитот, така и за поткожните влакна кои често се формираат по депилацијата. Кожата ја остава мека и перфектно мазна, а за подготовката потребни се 10 минути од вашето време и следниве состојки:

    - 5 лажици кафе
    - 5 лажици шеќер
    - 10 лажици масло
    - 13 капки етерично масло
    - една чиста и стерилизирана стаклена тегличка

    [​IMG]

    Во тегличката најнапред додавајте ги наизменично кафето со шеќерот. Јас користев кафеав шеќер затоа што таков имав дома и само таков конзумирам, меѓутоа вие може да ставите и бел шеќер без проблем. Може шеќерот да го замените и со сол доколку повеќе го сакате како пилинг. Мене лично повеќе ми се допаѓа шеќер. Убаво измешајте ги овие состојки во тегличката и додадете го маслото кое може да биде едно од следниве: бадемово, кокосово, сончогледово, оризово, јојоба, маслиново итн. Јас лично ставив масло од лешник само затоа што го имав дома а сакав да го завршам, и затоа што маслото од лешник е добро и како антицелулитно масло.

    [​IMG]

    Изборот на етеричните масла нека биде според вашиот сопствен вкус, меѓутоа еве кои масла се одлични за ваков вид на пилинг: сладок портокал, рузмарин, лаванда, лимон, мента, лемонграс и чепрес. Јас лично користев етерични масла од рузмарин и сладок портокал кои одлично одат заедно како мирис и тоа во следнава пропорција: 9 капки етерично масло од портокал и 4 од рузмарин, со оглед на тоа што рузмаринот има многу јак мирис и во овој сооднос повеќе се чувствува портокалот. Не ви советувам да користите етерично масло од лимон летно време, затоа што е фотонестабилно.

    Резултатот кој ќе го добиете е следниов:

    [​IMG]

    [​IMG]

    Овој пилинг се употребува на следниов начин: на навлажнета кожа се масира со кружни движења и се остава да делува од 5 до 10 мин. Потоа се измива со топла вода и кружни движења, и на крај туширањето се завршува со поладна вода за подобро тонизирање на кожата и за поттикнување на циркулацијата. Мој совет ви е да не претерувате со ексфолиација на кожата и овој третман е доволно да го направите два пати неделно.

    [​IMG]

    По третманот кожата ќе ви биде толку мека и мазна што верувајте ми нема да имате воопшто потреба од крема за тело, меѓутоа вие сепак ставете. Јас го направив веќе неколку пати и навистина сум премногу задоволна од резултатот. Овој третман секогаш го завршувам со добро антицелулитно масло.

    Пилингот нема потреба од конзерванс и е доста издржлив, меѓутоа внимавајте да го земате секогаш со чиста и сува лажичка за да не влезе вода во него. Доколку сакате може да ги дуплирате состојките со цел да направите поголема количина одеднаш.

    Се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите овој току едноставен а функционален пилинг за тело.

    Благодарам за вниманието и до скоро читање.

    Вики
     
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Природни лекови за флеки и лузни на лицето

    Здраво на сите

    Денес сакам да отворам една тема за која добив навистина многу барања и приватни пораки. Станува збор за природните методи на лечење на флеките на лицето и лузничките кои остануваат после акните.

    Флеките на лицето се доста честа појава кај многумина и тие може да се појават како последица од сонцето (доколку не сме се заштитиле добро од сончевите зраци), во текот на бременоста или да останат после третмани од акните. За среќа постојат природни состојки и природни производи со кои видно може да се намали нивната појава и да се држат на некој начин под контрола.

    Најнапред еден важен совет. На пазарот постојат голем број на производи кои ви ветуваат чуда за два дена и блискава и бела кожа. Меѓутоа бидете внимателни и секогаш контролирајте ја декларацијата на производите. Не се залажувајте со маркетингот, туку внимателно читајте што таа крема содржи.

    Еве ги основните состојки кои се од огромна помош за оваа проблематика.

    Витамин Ц

    Корисна состојка во борбата против флеките на лицето е витаминот Ц, кој има фантастично дејство врз кожата и добро е да се конзумира и внатрешно а не само надворешно. Во декларацијата на кремите ќе ја најдете под името Sodium ascorbyl phosphate или Ascorbyl palmitate. Не знаете колку се обидував да произведам сама серум од чист витамин Ц, меѓутоа за жал овој витамин во неговата чиста форма ascorbic acid не е стабилен и многу е тешко да се вметне во една формула, затоа што брзо оксидира, а по оксидацијата веќе го губи своето дејство врз кожата. Затоа квалитетните и природни производи како креми и серуми на база на витамин Ц се доста скапи. Ви советувам да конзумирате доста овошје и зеленчук богати со витамин Ц.
    [​IMG]

    Шеа путер

    Шеа путерот е фантастичен за кожата и многу помага во ублажувањето на флеките на лицето. Најдобро е да земете чист шеа путер или пак во комбинација со други состојки кои додатно го зголемуваат неговото дејство. Важно е да во составот нема нафтени деривати или силикони. Шеа путерот е еден од ретките производи кои може да се користат и за време на бременоста, а одличен е и како крема за нега на бебешката кожа, особено на бебешкото газенце како крема против црвенило. Еве еден предлог за шеа путер од марката la soy кој моментално го тестираме дома кај мене и за кој наскоро ќе напишам детална рецензија.

    [​IMG]



    Алое вера

    Алое вера има неверојатно хидратантно дејство врз кожата, ублажува и лечи секаков вид на црвенила и иритации. При изборот, гледајте гелот да биде од органско потекло и внимавајте што содржи во својот состав. Најдобро е да го нанесете на чиста кожа навечер. Поопширно за алое вера говорев во http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_28.html
    Јас лично го користам овој гел од алое вера и сум многу задоволна.

    [​IMG]


    Неем

    Маслото од неем е навистина многу делотворно кога станува збор за лечењето на лузни и флеки од лицето, така да производите кои го содржат (секако природни) се од голема помош. Единствениот производ со неем кој го имам пробано и тврдам дека функционира е маслото за лице на Dr. Hauschka, кое успешно ги ублажува дури и лузничките кои обично се појавуваат на лицето после третманите за акни. Освен неем во овој производ има и други состојки кои помагаат кај оваа проблематика а тие се: невеново масло и масло од морков.

    Невен

    Невенот е исто така многу корисен како лек за кожа без флеки и лузнички. Може да се употребува како масло кое се нанесува на чиста кожа само на оние места каде има флеки на кожата, или пак да се купи веќе готова крема од невен (природна без штетни состојки).
    Многу ми се допадна кремата на la soy од невен, затоа што во својот состав освен маслото од невен содржи и други состојки кои одлично ја негуваат кожата и помагаат при оваа проблематика како на пример маслото од кајсија, ружината водица, витаминот Е, етеричното масло од грејпфрут. Доколку се одлучите за чисто невеново масло, најдобро би било да го збогатите со некое етерично масло како лаванда или лимон (избегнувајте лимон летно време) и користете го на исчистена кожа навечер.

    [​IMG]


    Рицинусово масло

    И рицинусовото масло е одлично кога станува збор за флеки на лицето. Поопширно за ова масло веќе говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/blog-post_9.html Јас лично го користам во комбинација со алое вера гелот. Навечер на исчистена кожа, нанесувам малку алое вера гел помешан со рицинусово масло. И двете состојки се одлични за кожата и може да се употребуваат сами, а според мене овој микс е идеален затоа што рицинусовото масло не ја масти кожата (со оглед на тоа што е помешано со алое вера). Јас имав многу флеки на челото (како последица од сонцето, еднаш лошо изгорев и скапо го платив тоа), меѓутоа на овој начин успеав многу да ги ублажам.

    [​IMG]


    Се надевам дека оваа статија ви беше од корист.
    Голем поздрав и се читаме наскоро.

    Вики
     
    На LittlePinky и Annath им се допаѓа ова.
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Од тегличка па директно на нашата кожа и коса: 4 начини на употреба на медот

    [​IMG]

    Познат по својата голема хранлива моќ и одлично влијание врз нашето здравје, медот се смета и за состојка бр. 1 кога станува збор за убавината на нашата кожа и коса. Има омекнувачка моќ врз кожата, длабоко ја храни и хидрира. Рецептите кои следат многу ми се допаѓаат токму поради тоа што за нивната подготовка потребна ви е само една состојка, односно медот, кој може да го користите од глава до пети. Нема да мора да мешате разни состојки или да правите комплицирани рецепти. Одлични се доколку немате некои посебни состојки дома, а сепак сакате да направите нешто убаво за вашата кожа или пак сакате да направите комплетен третман на целото тело. Епа драги мои, земете ја вашата тегличка мед и да започнеме.

    1. Маска за лице

    Земете малку мед и со него премачкајте го лицето (претходно убаво исчистено) со благи кружни движења. Оставете да делува околу 15 мин. и измијте со млака вода. Оваа маска ќе и даде неверојатен сјај на кожата, длабоко ќе ја хидрира, нахрани ќе го изедначи вашиот тен, и што е најважно, има огромен ефект во лечењето на акните. Исто така има и благо избелувачко дејство врз кожата.

    2. Купка за нозе

    Во еден леѓен со топла вода ставете 1до 2 лажици мед и потопете ги вашите стапала околу 10- 15 мин. Медот неверојатно ќе ја омекне кожата на стапалата, особено онаа груба кожа на петиците.

    [​IMG]

    3. Балзам за уста

    Доколку сакате прекрасни меки и мазни усни, нанесете многу мала количина мед на вашата уста и оставете кожата комплетно да го впие. Ова е одличен лек особено зимно време, кога температурите знаат драстично да паднат и усните побрзо се сушат како резултат на ладното.

    4. Исплакнувач за коса

    Доколку сакате косата да ви биде исклучиво мека и сјајна, а притоа да биде и нахранета, во тој случај во 5 чаши топла вода ставете една полна мала лажичка мед. Водата треба да биде топла за медот полесно да се стопи, меѓутоа вие пред да ја нанесете на косата оставете да се олади. По шампонирањето и балзамот, како последно исплакнување користете ја оваа вода со мед и не исплакнувајте повеќе. Ќе бидете воодушевени од резултатите.

    [​IMG]

    Се надевам дека ви се допаднаа овие навистина едноставни, а сепак многу корисни начини на употребата на медот. Понекогаш доволна е само една состојка за да направиме одличен третман од кој нашата кожа и коса ќе имаат огромни бенефиции.

    Голем поздрав и до следната статија.

    Вики
     
  9. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojk,miislam deka prasanjeto ne odskoknuva mnogu od temata,pred izvesen period mi se pojavi linija ,neznam kako da objasnam,ne na vratot ,tuku nadolu,nad dekolteto sto velime,kaj syo stavame lance,sum viduvala kaj polnicki luge toa a jas nesum debela iako od vreme na vreme si imam viska nekolku kila.mnooogu grozno mi stoi mn me nervira i nonstop baram bluzi sto go pokrivaat toj del.ve molam ako nekoj znae nesto sto moze da ja napravi barem pomalku vidliva ako ne drugo,nekoja krema,maska ili slicno.
     
  10. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски

    Чим имаш таква дај некој рецепт за коса против опаѓање и потхранување :) :*
     
  11. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Еве еден рецепт и од мене за убава кожа (провереен)
    Вода во која претходно сте вареле ориз
    Земаш три лажици од неа
    Една лажица млеко
    И една мед
    Правиш смеса во филџан или др. Се нанесува на лицето и чекаш да се исуши т.е да можеш да ја излупиш од лицето и плакнеме со млака вода :)
    Пробајте :)
     
  12. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    1.981
    Дали може некој да ми каже каде може да набавам алое вера и колку пари е?
     
  13. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    1.981
    за коса најдобра домашна маска е кокосово масло и мед нема подобро од ова а за лице исто така користам мед, кокосово и малку лимон исто и оваа маска го прави лицето мазно и нежно..
     
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Здраво ја имаш
    Здраво имаш алое вера гел во сите аптеки. Јас ти препорачувам да избереш некој за внатрешна употреба затоа што тие се најчисти (ако може да го пиеш може и да го мачкаш на лицето). Оној кој јас лично го користам е Ботаникалс (погоре во истава тема имам оставено слика) и го платив околу 1100 денари. Може да го конзумираш внатрешно или да го користиш за сите домашни рецепти кои сакаш да ги направиш. Шишето е литарско пакување. Поздрав
    п.с. секако имаш и мали пакувања на гелови за надворешна употреба ама имаат многу конзерванси и (според мене) непотребни состојки.
     
  15. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    1.981
    Фала мило на информацијата гледам многу го фалат овој гел на форумот па баш би сакала да го пробам , а само уште ова да те прашам дали е добар за да го користам за внатрешна употреба мислам дали е убав по вкус и мирис за пиење
     
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Здраво ако мислиш на оној гел што го објавив јас погоре на ботаникалс да слободно, тој е за внатрешна употреба. Инаку нема никаков вкус, како гел е обичен. Може да го подобриш сама вкусот ако му додадеш малку сок од портокал цеден или лимон или нешто друго во моментот кога го конзумираш. Доколку сакаш нешто со вкус има алое вера сок (не гел) на ЕСИ со вкус на боровница и уште еден не ми текнува со каков вкус беше. Во аптека ќе ги најдеш и тие се баш како сокчиња да пиеш (само не се гел за да правиш рецепти). Поздрав
     
  17. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    1.981
    Да да за тој мислев кој што го имаш објавено .. Во ред уште еднаш ти благодарам за информацијата Поздраввв
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Имам растение алое , дали некој знае како да го употребам во некоја маска или мора механички и хемиски да се преработи?
     
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Здраво за надворешна употреба може слободно да го користиш. Исечи еден лист од билката (од долниот дел кај што е подебело) пресечи ја на половина по должината на листот и со лажичка извади го гелот и слободно користи го во рецептите. За внатрешна употреба немој, затоа што во листот присутна е една состојка која ги иритира цревата и може да се отстрани само со преработка. Поздрав.
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Благодарам :* :* :*