1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашни рецепти за лице, тело и коса

Дискусија во 'Лице' започната од VikiToO, 12 септември 2010.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, понекогаш кога сакаме да направиме некој рецепт за убавина како маска, лосион, итн. каде дозите се во грама и милилитри а ние немаме вага што правиме? Ги претвораме во лажички :).
    Токму затоа во продолжение за вас ги измерив сите најупотребувани состојки во рецептите и ги претворив во мерна единица кафена лажичка. Се надевам ќе ви биде од корист.

    Како да мериме без вага?

    [​IMG]
    Здраво на сите,

    многупати кога ви ги пишувам рецептите за разни маски, креми и други производи, се обидувам состојките да ви ги дадам во лажици, лажички и чашки, меѓутоа со оглед на тоа што јас имам дигитална вагичка која е многу прецизна понекогаш се заборавам и дозите ви ги давам во грама или милилитри.

    Оваа статија е за сите вас кои немате дигитална вага во вашите домови и се чудите колку лажици би дошле 30, 40 или 50 гр одредена состојка. Затоа во продолжение ќе ги наведам најчесто користените состојки во моите рецепти и како да ги мерите во домашни услови без вага, а како мерка ќе користам кафена лажичка. Супената лажица обично одговара на три кафени лажички. Вредностите кои ќе ги видите подолу ги мерев лично со мојата вага за секоја состојка посебно. Ајде да започнеме.

    [​IMG]


    Мед
    1 лажичка = 7 гр.
    Масла
    1 лажичка = 5 мл.
    Ситна сол
    1 лажичка = 10 гр.
    Крупна сол
    1 лажичка = 8 гр.
    Шеќер
    1 лажичка = 8 гр.
    Вода (Млеко, Сок, Чај)
    1 лажичка = 4 мл.
    Алое вера гел
    1 лажичка = 5 гр.
    Шеа путер
    1 лажичка = 5 гр.
    Пчелин восок
    1 лажичка = 3 гр.
    Какао
    1 лажичка = 7 гр.
    [​IMG]

    Ете драги мои, следен пат кога ќе најдете некој и нтересен рецепт за убавина на интернет и сакате да го направите а немате вага дома, слободно претворете ги мерките како гр. и мл. во лажички, лажици и.т.н. Ако ве интересира уште некоја состојка а сум ја заборавила, слободно пишете.

    Ве гушкам сите.
    Вики
     
    На 1209, rainbowec, Asja и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Оваа маска за акни и црнки , ја применувам последниве две недели и можам да кажам дека мноооогу повеќе ефект има отколку глина на лице подинечно. Можеби претходно некој ја објавил, не знам, ама јас скоро ја открив.
    Потребно ви е глина и јаглен. Една лажица глина ја мешам со јаглен (во капсули од брендот Еси) малку вода и ја нанесувам на благо навлажнето лице. Ја оставам 20тина минути додека да се исуши целосно.По маската ставам обавезно масло.
    Треба да се користи чист јаглен, да не е мешан така да може и оној во тврда состојба.
    Јагленот се користи како маска за црнки и во комбинација со алое вера гел. Во тој не се додава вода, само се промешува и нанесува на лице .
    DIY charcoal face mask 2 (1).png
     
    На 1209, rainbowec, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Се извинувам што ми се едно по друго постовите, но касно ми текна нема време за измени :D
    Моето искуство со домашни маски за коса покажало дека против опаѓање на косата (поттикнување на растот) како и зајакнување на влакното, освен мед, јајце и масла, е и квасецот и желатинот. Во овој период,од скоро 4 години, откако ја негувам косата имало периоди кога косата ми паѓала видливо . Тука се заинтересирав многу, затоа што се хранам здраво, не сум под стрес, не ја пеглам и сушам со фен , и и пружам огромна нега. И покрај масажата со кокосово, маските од мед,јајце, алое вера, цимет маслиново масло....некогаш ми изгледаше послаба на волумен. Одмивањето на косата со лимон или јаболков оцет исто така помага , но не толку многу. Опаѓањето на косата во одредени периоди донекаде е и нормално. Сепак постојат некои маски кои пмагаат и во тие периоди. Откако ги пробав маските со желатин и квасец, имаше резултати уште на третата употреба.
    Така да покрај стандардните маски за коса, може да ги весете и овие продукти во негата на вашата коса.

    За маската со квасец потребно е :
    една ќесичка квасец;
    мед;
    вода или млеко и
    масло по ваш избор
    Во топло млеко, или вода го ставате квасецот да нарасне 20тина минути. Потоа додавате мед и масла. Се нанесува на влажна коса и се држи не помалку од еден час.
    Маската може д аја практикувате еднаш во неделата, значи преку 3 миења на косата. Се користи во рок од 6 до 8 недели, па се прави пауза. Ако има потреба, процедурата се повторува по 3 месеци.


    За маската со желатин потребно ви е:
    ќесичка желатин;
    мед;
    јајце и
    масло
    Една ќесичкажелатин ја растварате во пола филџан ладна вода и се остава да отстои дваесеттина минути. Исто како и во случајот со маската со квасец, на смесата и додавате мед, јајце и масла. Маската се нанесува на благо навлажнета коса, и треба да стои повеќе од 1 час.
    Оваа маска се користи еднаш во месецот .


    Еве можеш овие маски да ги пробаш.
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, во овие ладни денови најубаво нешто е када со топла вода во која може да се релаксираме и да уживаме. А кога во неа ќе ставиме и производ кој ја омекнува кожата, прекрасно мириса и ги гали нашите сетила задоволството е поголемо. Ајде да го направиме заедно.

    Направи сам: миризливи бомби за бањање во стилот на Lush

    [​IMG]

    Здраво драги мои,

    одамна не сме направиле еден интересен проект заедно, а овој кој имам да ви го понудам ќе ве израдува вас и вашите најмили, а воедно е мојот омилен проект со оглед на тоа што обожавам ваков вид на производи кои кога ќе ги ставиш во кадата прават шшшшшшшшшшшш.....
    Станува збор за бомбите за бањање во стилот на Lush.

    Секако во продажба може да најдете најразни производи од овој вид со прекрасни бои, форми и мириси, меѓутоа кога ќе си ги направиме сами прво заштедуваме, потоа може да ги направиме по сопствен вкус, а на крај и сигурни сме што сме ставиле во нив. Ајде да започнеме со подготовката.

    Потребни состојки за овој рецепт се:

    [​IMG]


    - пет супени лажици сода бикарбона;
    - две ипол супени лажици лимонтус (citric acid);
    - една супена лажица нишесте (густин);
    - една супена лажица какао путер или кокосово масло;

    [​IMG]

    - една супена лажица масло по ваш избор (маслиново, арган, бадемово итн);
    - 10 капки етерично масло по ваш избор и вкус;
    - силиконски модли или лампиони на расклопување;

    [​IMG]

    - сушени цветови од роза или лаванда за украс (може да користите и пластични цветови, бомбони во вид на срца или она што вам ви се допаѓа како украс)

    [​IMG]

    Во еден стаклен сад помешајте ги содата, лимонтусот и н ишестето па потоа додадете ги маслата и етеричното масло на крај. Вие може да ставите и две лажици бадемово масло на пример, меѓутоа од личните експерименти сфатив дека подобро е доколку се стави едно масло кое се стврднува, на пример какaо путер или кокосово масло, поради цврстината на финалниот производ. Со рацете мешајте ја смесата додека да добиете смеса како влажен песок и кога ќе ја стиснете во раката ја задржува формата и не се рони.

    [​IMG]

    Земете го кутивчето или силиконската модла каде ќе го правите овој производ и најнапред ставете малку суви цветови или она кое сте го одбрале како украс, и врз него ставајте од смесата.

    [​IMG]

    Доколку користите лампион на расклопување или било какво пластично топче на расклопување, ставете обилна количина од смесата во двата дела и притиснете убаво за да се спојат.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Оставете го така околу минута-две и внимателно извадете ги деловите. Ете вашата мирисна бомба е готова. Доколку користите силиконски модли убаво стискајте ја смесата во нив за да избегнете создавање на воздушни меурчиња во производот.

    [​IMG]

    Ставете ја на еден пешкир да се суши, покријте ја со пешкирот и оставете ја така 24 часа. Ова е неопхoднo затоа што ако има поголема влага, производов под дејство на влагата може да почне да шушка што би се рекло и да се растопи. Пешкирот на некој начин ќе го спречи тоа. По истекот на времето вашата миризлива бомба за бањање е готова и може да ја завиткате во целофан или во проѕирна хартија за храна за да го задржи мирисот. Доколку користите силиконски модли оставете ја смесата да се суши покриена со пешкир во самата модла. Извадете ги дури по 24 часа, инаку ќе ви се растурат.

    [​IMG]

    Јас направив една со мирис на роза и една со мирис на лаванда. Во таа со лаванда додадов и малку боја за храна за да добијам благо виолетова боја, меѓутоа само малку затоа што премногу боја може да ви ја обои кадата, така да не ризикувајте!!!

    [​IMG]

    [​IMG]

    Овие производи прекрасно мирисаат и да не ги користите за бањање одлични се како украс во купатилото, а и фантастично ќе ви мириса самото купатило. Прекрасни се како подарок за некого или пак за уживанција со саканата личност.

    Без разлика на кој начин ќе ги употребите вашите сетила ќе ви бидат благодарни.
    Се надевам дека и оваа статија ви се допадна, а ние се читаме наскоро со нови интересни содржини и предлози.

    Вики
     
    На 1209, frangipani, stevemila и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Одличен рецепт @Biodevojka во прва прилика ќе го направам. Од секогаш ми биле преценети топчињава, со оглед на тоа што се за една употреба. Башка интересно е што можеш да си комбинираш разни мириси секој пат.
    Потсетиме само каде има најголем избор на етерични масла во Скопје?
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, и јас така мислам скапи се топчињава со оглед на тоа што се за една употреба ама ете може и сами да си ги направиме, па дури да ги направиме и за подарок (нема девојка што не би се радувала на ваков подарок). Доколку сакаш чисти етерични органски масла најдобро е да одиш ви биокулт гтц 2 спрат, имаат етерични масла од италијанската марка Примавера Флора кои со гаранција се одлични. Друго место каде продаваат чисти масла ама не се органски е Ла Сој, а во Зегин видов и етерични масла од марката МеиЛаб кои ги видов и во Црна Гора сега кога бев и земав две за проба. Ги истестирав и чисти се како етерика ама не се органски. Зависи од она што го сакаш. Сепак сметам дека најмногу разни мириси имаш во Ла Сој со оглед на тоа што кога бев ми извадија цела листа на етерични масла и ги прават по нарачка. Во биокулт бев пред два дена и имаше само 6 разни видови (јас барав јасмин ама немаше). Етеричното масло од роза за жал го нема во Мк (евентуално ако отидеш во Бугарија) затоа што е многу скапо 25 евра за 10 мл. чисто масло. Поздрав.
    п.с. стави слики кога ќе ги направиш топчињава за бањање.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.575
    Допаѓања:
    48.895
    Пол:
    Женски
    Најдобар пилинг на лице ми е со сол и маслиново масло. Ем природно, ем антисептичко дејство има. Ниеден готов пилинг нема таков ефект како ситната сол.
    Многу пати сум пишала, за целулит најефективно ми се покажало масажа со талог од кафе.
     
    На bella.s, Srne и Ctete им се допаѓа ова.
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, еве го мојот најнов експеримент со маските за коса. Пробајте ја оваа и ќе бидете воодушевени. Косата не само што ќе биде нахранета, мека и сјајна, туку многу лесно ќе ја исфенирате. Поздрав.

    Направи сам: волшебна маска 3 во 1- храни, дисциплинира и дава сјај на косата

    [​IMG]

    Здраво драги мои,

    последниов период експериментирав правејќи маски за коса со разни состојки. Ефектот кој сакав да го постигнам беше одлично нахранета коса, мека на допир и со огромен сјај, а притоа и лесна за фенирање. Пробував разни варијанти и конечно денес ќе ви ја претставам варијантата која кај мене даде најдобар резултат. Навистина е многу лесна за правење, а верувајте ми ефектот ќе ве воодушеви. Ајде да започнеме.

    Се што ви е потрбно за оваа маска е:

    - 4 супени лажици јогурт
    - 2 супени лажици какао
    - жолчка од едно јајце
    - 1 кафена лажичка јаболков оцет
    - половина кафена лажичка рицинусово масло (може да го замените со маслиново, бадемово или масло од ленено семе)

    [​IMG]

    Помешајте ги сите состојки во еден сад и доколку имате дома додадете 4 капки етерично масло по ваш избор: лаванда, лимон, рузмарин или комбинации (доколку немате етерично масло може и без него). Нанесете ја маската на благо навлажнета коса, оставете да делува најмалку саат време и измијте со шампон. Русокосите девојки нека не се грижат, какаото воопшто не ја бои косата туку напротив оваа маска ќе ја живне вашата боја на коса.

    [​IMG]

    Зошто токму овие состојки

    Најнапред фондаментална состојка во оваа маска е јогуртот кој има фантастично дејство врз косата благодарение на протеините и благата киселкост. Одлично ја храни косата, ја прави помека и дава убав сјај. Овие негови дејства се потпомогнати од останатите состојки и тоа: жолчката и маслото додатно ја хранат косата, јаболковиот оцет го зголемува сјајот и на некој начин го неутрализира мирисот на жолчката, а какаото дава убава структура на маската, ја прави косата полесна за расчешлување, за фенирање и на некој начин ја измазнува самата коса.

    Ефектот по употребата е фантастичен. Верувајте ми пробав многу варијанти пред да дојдам до оваа, и со овие количлини според мене е совршена за сите девојки кои имаат сува коса на која и е потребна еден вид на хранлива “бомба“ за да се опорави од честите фенирања, пеглања или фарби. Доколку имате масен корен а суви врвови, направете помала доза од маскава и ставете ја само по должината на косата избегнувајќи го коренот. За додатен сјај, по измивањето на косата нанесете како последно испирање раствор од 500 мл вода (најдобро деминерализирана), една лажица јаболков оцет и неколку капки етерично масло од лимон и лаванда.

    Еве го ефектот врз косата

    [​IMG]

    [​IMG]

    Се надевам дека и оваа статија ви се допадна, а вие доколку ја направите оваа маска споделете ги овде вашите импресии и искуства.

    Ве гушкам сите и до следно читање.
    Вики
     
    Последна измена: 24 јануари 2016
    На poenta, rainbowec, stevemila и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво драги феминки, еве ви уште два интересни рецепти за домашен путер од чоколадо и за маст за изгореници. Се надевам дека ќе ви се допаднат. Поздрав.

    Домашна природна маст за изгореници

    [​IMG]

    Здраво драги мои,

    на сите ни се случило да се изгореме со огин (рингла, рерна) или пак од сонцето. Во денешнава статија ќе ви предложам рецепт за една домашна маст која одлично ја негува кожата во присуство на било каква изгореница и на некој начин помага истата побрзо да заздрави и кожата да ја задржи еластичноста.

    Еве што ни е потребно за оваа домашна маст:

    - 10 гр. пчелин восок;
    - 40 мл. кантарионово масло;
    - 10 гр. шеа путер (доколку немате во тој случај ставете 50 мл. кантарионово масло)

    [​IMG]

    Во еден сад растопете ги на пареа пчелиниот восок и шеа путерот и откако ќе преминат во течна состојба, додадете го маслото од кантарион (не веднаш, меѓутоа не да се стврдне). Ова го направив затоа што кантарионовото масло не сакав да го загревам за да може да ги задржам што повеќе неговите убави својства. Користев домашно направено кантарионово масло во чисто маслиново масло. На крај додадов една ампула витамин Е и оставив да се стврдне.

    [​IMG]

    Зошто токму овие состојки

    Кантарионовото масло е клучна состојка во оваа домашна маст со оглед на тоа што има огромно позитивно дејство кога станува збор за изгореници. Ако се стави веднаш по горењето веќе после неколку минути ја ублажува болката. Кожата многу брзо ја враќа еластичноста и доста брзо ги избледнува изгорениците. Доколку станува збор за изгореница од прв степен доволни се две три апликации за да се видо огромно подобрување.

    Шеа путерот го ставив за на некој начин да го зголеми ефектот на кантарионовото масло во поглед на задржување на еластичноста на кожата. Доколку немате шеа путер а сепак сакате да ја направите оваа домашна маст, во тој случај, како што веќе нагласив погоре, ставете 50 мл. кантарионово масло со 10 гр. пчелин восок.

    Пчелиниот восок го користиме не само затоа што дава убава структура на производот, туку и поради тоа што има и заштитно дејство врз надворешниот слој на кожата.

    За подобро и полесно да ја нанесете на кожата, со помош на една пластична шпатула измешајте ја убаво маста сѐ додека да добиете еден вид на маслено кремаста структура.

    [​IMG]

    Оваа маст нанесете ја по потреба на местото каде сте се изгореле.

    [​IMG]

    Доколку ја направите и испробате, пишете импресии и искуства.

    Поздрав и до следната статија.
    Вики



    Неодолив чоколаден крем путер

    [​IMG]
    Здраво на сите,

    изгледа дека оваа недела сум во знакот на чоколадото, правам само рецепти со какао, па еве решив така и да ја завршам неделата со еден фантастичен чоколаден крем путер за нега на кожата. Состојките кои ќе ги употребиме се спас за сува кожа, даваат мекост на кожата, интензивно ја хранат и ја задржуваат нејзината еластичност. Со еден збор овој путер е вистинска храна за нашата кожа. Навистина е многу лесно да се направи, а сѐ што ви е потребно за неговата изработка е:

    [​IMG]

    - две полни супени лажици шеа путер;
    - две полни супени лажици какао путер;
    - една ипол полна лажица кокосово масло;
    - две супени лажици масло по ваш избор
    - една супена лажица какао
    - половина кафена лажичка цимет
    - две супени лажици густин
    - 10 капки етерично масло од портокал (ако немате не мора)
    - две ампули витамин Е (ако немате не мора)

    Во еден голем сад на пареа ставете ги путерите, маслата, какаото и циметот и растопете ги на пареа додека да добиете течна смеса.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Само да напоменам дека јас користев масло од авокадо во овој рецепт, меѓутоа вие може да ставите она што имате дома, маслиново, бадемово, невеново итн. Ставете го садот со смесата во фрижидер околу 30 мин. и откако ќе го извадите почнете да фрулате со помош на миксер или блендер. Откако ќе добиете убава кремаста смеса повторно вратете го во фрижидер уште 10 мин. Извадете, додадете две лажици густин и продолжете да фрулате сѐ додека не добиете убава кремаста структура како вистински крем. Немојте да го пробувате или јадете иако ќе ви доаѓа силна желба да го направите тоа :))))

    [​IMG]

    Потоа додадете го етричното масло и витаминот Е, доколку ги користите, уште малку блендирајте и вашиот крем путер е готов.

    Структурата може да биде помалку или повеќе густа во зависност од тоа дали го чувате на собна температура или во фрижидер, а мирисот е неодолив мириса на чоколадо и портокал.

    [​IMG]

    Се нанесува на кожата по туширање или секојпат кога за тоа имате потреба. Во контакт со телесната топлина веднаш се топи.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Овој путер е идеален и како маска за коса пред шампонирање. Може да ја нанесете на благо навлажнета коса, да ја оставите најмалку саат време и убаво да измиете со шампон.

    Се надевам дека и овој рецепт ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите.
    Поздрав и до скоро читање.
    Вики
     
    На Ginger^, Giovanna, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Несекојдневна примена на лимонот за чиста и свежа кожа во домашни услови

    Лимонот е една од најпопуларните состојки во маските за лице давајќи ѝ на кожата мек и тониран изглед но и витамините кои ѝ се потребни. Но лимонот е одличен и за хигиена на телото.
    На прво место тој е одличен антисептик, а тоа е нешто кое не смеете да го игнорирате во вашата дневна рутина на одржување на личната хигиена.

    1. Природна замена за антиперспирант

    Сè што треба да направите е да земете лимон, да го пресечете на половина и да се намачкате со него под пазувите, на местата каде вообичаено ставате антиперспирант. Резултатот ќе биде извонреден. Нема да се потите а вашите пазуви ќе бидат чисти, свежи со овошен мирис.


    2. Лек за акни и црнки на лицето

    Лимонот како одличен извор на витамин Ц и минерали како калциум, калиум и магнезиум помага во лекувањето на акните и црнките на лицето. Неговите антибактериски антифунгални карактеристики ќе ви помогнат да ги решите проблемите кои постојано ве мачат.
    Земете парче лимони ставете го на проблематичното место, оставајќи го да стои 10 минути, а потоа исплакнете со чиста вода. Повторувајте ја постапката повеќепати и резултатите нема да изостанат.


    3. Избелувач на забите


    Лимонот дејствува и како ефикасен избелувач на забите. Доколку го измешате со дополнителни состојки како сода бикарбона, за кратко време ќе добиете блескава насмевка.
    Измешајте лимон и сода бикарбона и нанесете на забите со помош на памукче. Оставете да делува 5 -10 минути а потоа исплакнете ја устата.


    4. Третман за масна кожа


    Заради неговите алкални особини, лимонот помага во одмастувањето на кожата.
    Нанесувајте лимонов сок на лицето секоја вечер и оставете го да стои преку ноќ. Наутро темелно исплакнете и нанесете хидратантна крема. Ќе видите дека за само неколку дена ќе нема никакви траги од мрсната кожа на лицето.

    Преземено
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Направи сам: богат крем за нега на сувата кожа на рацете

    [​IMG]

    На сите ни се допаѓаат прекрасни и убаво негувани раце со налакирани и убаво обликувани нокти, кои на некој начин се наша визит карта. Меѓутоа честопати кожата на рацете е сува, пецка и недоволно нахранета, а тоа се должи на многубројните миења на рацете со агресивни гелови, атмосферските услови или миењето на садови без заштитни ракавици.

    Доколку сте во потрага по еден навистина богат крем кој одлично ќе ја негува кожата на вашите раце, а притоа е комплетно природен во тој случај продолжете да читате. Во денешнава статија ќе ви предложам еден навистина прекрасен крем за раце кој јас лично го обожавам. Може да го направите според она што го имате во сопствените кујни и секако да го персонализирате според вашиот сопствен вкус. Ајде да започнеме.

    За овој рецепт потребно ви е:

    [​IMG]

    - четири супени лажици маслиниво масло;
    - една ипол полна кафена лажичка шеа путер (ако немате може и кокосово масло);
    - една супена лажица пчелин восок;
    - една ипол супена лажица деминерализирана вода (или ружина вода);
    - пет капки етерично масло по ваш вкус (доколку немате не мора)

    Во една чашка ставете го шеа путерот (или кокосовото масло), маслиновото масло и пчелиниот восок и топете ги на пареа (врз тенџерче со вода).

    [​IMG]

    Откако ќе се стопи ставете врз тенџерчето со пареа чашка во која ќе ја ставите водата и кратко стоплете ја за да и двете фази бидат приближно топли. Јас користев ружина вода.

    [​IMG]

    Ставете ја водата во маслото и ставете ја чашката во едно тенџере со ладна вода.

    [​IMG]

    Почнете енергично да мешате со една лажичка или пак, доколку сакате да си ја олесните процедурата, употребете мал миксер. Малку промешајте па доколку сакате додадете пет капки етерично масло по ваш избор. Јас користев етерично масло од роза.

    [​IMG]

    Смесата како што се лади под дејство на ладната вода станува сѐ погуста и покремаста, и откако ќе ја добие посакуваната структура престанете да матите.

    [​IMG]

    Префрлете ја смесата во едно чисто кутивче и ете вашиот крем е готов.

    Овој крем е навистина многу хранлив и одлично ја негува кожата на рацете. Може слободно да го употребувате и како крем за нега на петиците, доколку имате суви петици. Доволна е сосема мала количина како оваа на сликата за да ги покриете двете раце.

    [​IMG]

    [​IMG]

    На почетокот ќе ви се чини дека не се впива ама откако ќе ја нанесете почекајте околу минутка и ќе видите дека кожата ќе ја впие. Важно е што не остава бела трага како некои креми кога ќе ги намачкате на рацете.

    [​IMG]

    Се надевам дека овој рецепт ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите. Доколку е тоа така, оставете кометар под самиот текст.

    Поздрав и до скоро читање.
    Вики
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Еден крем за тело, по мој терк, со сите салтани: :D

    4 супени лажици кокосов путер;
    4 супени лажици шеа путер;
    3 супени лажици бадемово масло;
    Е витамин;
    етерично масло од лимон и лаванда;
    алое вера гел

    Се топат путерите и маслата на оган, па се ставаат во фрижидер малце да заледат. Внатре му додадов 5 ампули витамин E, по 5 капки од етеричните масла и две супени лажици алое вера гел.
    Се миксира заедно, а маталките не се лижат. :D

    homemade-shave-cream-organic-natural-recipe.jpg
     
    На sorbet, rainbowec, Jordanovska-K и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Маска за лице од какао и куркума :P

    две лажици павлака;
    една лажица какао;
    мало лажиче куркума;
    мало лажиче мед
    сок од половина лимон и
    и една ќесичка зелен чај

    Состојките се мешаат, а откако ќе се соединат се нанесува на кожата со масажа.
    Се остава да делува 20тина минути, па се мие со млака вода.
    *Маската се применува еднаш неделно, но јас во две недели барем 3 пати ја правам :sun:
    .
    Chocolate_Yogurt_Turmeric_Acne_FaceMask_003.jpg
     
    На crazylady, rainbowec, Biodevojka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. мари че

    мари че Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да ги згуснеш трепките и веѓите, тоа можеш да го направиш со рицинусово и кокосово масло. Ќе ги помешаш маслата и можеш да ги ставиш во испразнета туба од римел, па со четкичката убаво ке ги расчешлаш трепките и веѓите.
     
  15. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски


    Каде наоѓаш ампули вит.Е неможам да најдам во аптекиве ?
     
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    ^
    Не знам зошто не можеш да најдеш, мислам дека во секоја аптека има.
    Во Зегин си проверила? :?:Таму мора да има.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Нема нигде каде не отидов,може порано имало сеа ми препорачаа од една аптека вит.Е масло од Health Aid ama ne go zemav
     
  18. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Јас сум од Кавадарци, кај нас ги има. Со години ги земам овие, еве ти слика.
     

    Прикачени фајлови:

    • e-400.png
      e-400.png
      Големина на фајлот:
      98,2 KB
      Прегледи:
      22
  19. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Маска за лице од бел чај (tumbleweed)(tumbleweed)

    ќесичка бел чај;
    две лажици јогурт и
    лажиче мед.

    Еве еден трик, како да искористите ќесичка бел чај, освен за во купка за бањање. Откако ќе си го испиете чајчето, на тенане,^_^ содржината од чесичката промешајте ја со јогурт и мед. Ја нанесувате со благо масирање, на претходно исчистено лице па ја оставате да делува некои десетина минути.

    Маската може да се применува еднаш до два пати неделно :sun:

    Green_Tea_Bag_Yogurt_Facial_Mask.jpg
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. simicka

    simicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    91
    Еве и јас да дадам мал придонес кон природната нега на лице:)јас имам мрсна кожа и често правам маски за лице во домашни услови со природни состојки и сум задоволна . Во последно време еднаш неделно после бањање прктикувам на мокро лице да ставам мешавина од кокосово масло со сода бикрабона измешано да се направи паста и го втривам на лицето едно 5 мин со што правам пилинг и ја ходрирам кожата го оставам усте 5-10 минути и го плакнам лицето со млака вода и го бришам со книжна салфетка да се упие вишокот на маснотија од кокосовото масло по што нема потреба да се става никаква крема , кожата е мека мазна хидрирана и с е најбитно добро е и за акни досега ми се има покажано како најдобар пилинг со сум го праваела.
    2. Кога имам повќе време , а најдобро е 1 месечно или на две недели да се направи напарување на лицето над чај од камилица 15 мин. потоа да се направи пилинг со пченкарно брашно со кружни движења додека лицето е напарено и да се исплакне со ладна вода за да се затворат порите . потоа може да се продолжни со исечена кришка лимон на кој има ставено мед и со тоа се се измасира лицето и да се остави 15 мин. пота тоа се плакне со млака вода за да се отстрани медот па се попрскува со ладна за да се зголеми циркулацијата . пота се одмара малку лицето и за тоа време може да се подготви маска од 20 гр, свеж квасец во кој се додава лажица пробиотски јогурт (може и пресно мелеко или кефир кој има) и малку куркума и 2-3 капки лимон но и немора убаво се меша маската и се става на лицето како главна потхранувачка маска богата со витамни Б се остава додека не се исуши околу 15-20 мин и се плакне со мака вода , па се попрскува лицето со ладна се брише и тој ден се избегнува ставање на шминка може само некој хидратантен благ крем за лице .Одлична е за масно лице секако дека немора сите три постапки одеднаш да се направат може само медот со лимонот , но за поголем ефект добро е сите .
     
    На mila89, Annath, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.