Не е баш домашен рецепт, но мене доста ми помогна зелената глина за акни. Ја користам два пати неделно, навечер, а потоа нанесувам поголема количина од ноќната крема. Ги суши акните и го прави лицето многу меко.
Можеби некој го пишал ова до сега но сепак... турско кафе помешано со масло како пилинг за лице. Јас имам мрсна кожа и ми помага многу. Ја отстранува цела мртва кожа и сета нечистотија. Но не го правете често. Можеби еднаш на 2-3 недели. За тело шеќер и масло. Понекогаш ставам и лажичка кафр или мед. Се нанесува на влажна кожа со кружни нежни движења. Пота убаво исплакнете со топла вода па измијте се со гел и сунѓерче или крпче за да не остане од маслото.
Пилинг за тело од зелен чај 10 ќесички зелен чај; 2 ќесички чај од нане; две лажици маслиново масло; една лажица ѓумбир; алое вера гел; мало филџанче шеќер и етерично масло од чајно дрво
Антицелулитен крем Две лажици алое вера гел; 50 мл бадемово масло; 5 ампули Е витамин; две лажици кокосов путер; две лажици какао путер; антицелулитен гел од бршлен; 10 капки етерично масло од лаванда и 10 капки етерично масло од рузмарин Путерите се топат на оган, па откако ќе се изладат се додаваат останатите состојки. Се практикува еднаш до два пати во денот, со кружни движења.
@Biodevojka те молам да ми кажеш нешто повеќе за какао путер? Го видов пред некој ден во биокосмос па го меркам да го земам како лосион за тело?? Дали го имаш пробано?
Здраво драга какао путерот на биокосмос е фантастичен го користам исклучиво него во рецептите кои ги правам. Ако сакаш чист да го користиш за тело треба секојпат да го загреваш за да се стопи затоа што е многу цврст и да го нанесеш на благо навлажнета кожа. Исто така е фантастичен и за оштетена и сува коса. Поздрав.
Сакам да споделам една маска која ми ја препороди мојата плава и оштетена коса. Една лажица кокосово масло, една лажица маслиново масло и една лажица путер за коса од авокадо ( од Алверде) се мешаат заедно и се ставаат по должината на косата. Ставете кеса на главата и неколку минути загрејте со фен, а потоа покријте со пешкир за да држи топло. Маската треба да делува минимум еден час. Откако ќе ја измиете, косата не само што е мека и сјајна, туку и многу лесно се фенира.
@flower7 го земам од аптеки. Алое вера гел со арганово масло, на Еси. Го користам за лице и коса и тоа по неколку месеци.
Од која аптека поточно го купуваш? Дали го има во Зегин и која му е цената? Прв пат ја сретнувам оваа марка Еси.. И дали има конзерванси, природен ли е? @Ginger^
^ Јас го користам по препорака на Биодевојка, еве тука може да си прочитате. Има објаснето еден пасус над логото International Aloe Science Council. ( http://biodevojka.blogspot.mk/2015/03/blog-post_28.html). Тој е споменат како еден од најдобрите, според намената која мене ми треба(за коса и лице). Има и други природни, но се во течна состојба, за орална употреба. Тие се и поскапи, додека на овој цената му е до 300 денари за 200мл.
Џинџер само да те поправам дека ЕСИ содржи синтетички згуснувачи. Јас оној кој го препорачав беше на Еквилибра ама тешко се наоѓа кај нас. Подобро е оној за внатрешна употреба. Поздрав.
Хм.. Сеа ми текна. Ми рече дека овој на Еквилибра е најдобар, но дека го нема, овој на Еси ми е како втора мајка Маска за мрсна коса Пола филџан јаболков оцет 5 капки етерично масло од лаванда 1 лажица мед сок од цеден лимон Се нанесува на влажна коса и се остава да дејствува 20-25 минути.
Маска за лице од хибискус, за ексфолијација Потребно е : чај од хибискус; мед и алое вера гел Една ќесичка чај се меша со лажица мед и малку алое вера гел. Хибискусот предизвикува пецкање на кожата, па затоа за оние кои имаат сува кожа , или осетлива , препорачливо е да додадат малку масло. Маската се остава да делува на лицето и деколтето околу 20тина минути. По апликацијата на маската, се отстранува со топла вода, па се нанесува крем. За оние кои имаат осетлива кожа, убаво е да се измеша пола ќесичка чај од хибискус со пола ќесичка чај од шипка. Шипката има антиоксидативно дејство, додека хибискусот е за ексфолијација на кожата. Двете состојки се пијат како чај, во комбинација , заради арома и лековити својства. Но, може да се користи и за маска, затоа што и двете се подеднакво добри. Маската може да предизвика црвенило, затоа убаво е прво да ја пробате на еден мал дел од лицето, да видете како ќе реагира. Ја измазнува и чисти кожата, како да сте направиле третман Јас не сум дерматолог ниту ароматерапевт, ами хобист. Она што го пишувам, сум го прогуглала и сум го применила кај себе. Маската е божество, според мене. Реакцијата може да е различна кај сите. Земете го ова со резерва, како и многу други работи во животот.
@Biodevojka Во мојот град незнам дали ги има производите на касиопеа, препорака за некоја друга ружина вода што може да ја земам од аптека?
Здраво драга, за жал не знам. Онаа на касиопеа е направена со вода и етерично масло. Ружината вода што мене лично ми е фаворит и најдобра досега е на Bare Origin која всушност е хидролат од ружи (што е најдобро што може). Верувај ми од сѐ што сум пробала досега оваа е најдобра. Ја има во Скопје во Јавна соба, а мислам и дека може да се нарача. Оди на фејсбук страната на Bare Origin. Јас завршив едно пакување и сега ќе си земам второ. Поздрав.
Ја разгледав нивната официјална страна, вршат достава низ Европа, доставaта чини 5 евра. А дали знаеш од Јавна соба дали вршат достава? Или да ми ја посочиш нивната фб страна доколку имаат. Фала ти за одговорот. @Biodevojka
Здраво драга за од Јавна соба не би знаела дали вршат достава ама може да се јавиш да прашаш или ако ме почекаш јас следната недела некој ден ќе одам за себе да си земам па да прашам и да ти кажам. Инаку фејсбук страницата е оваа https://www.facebook.com/bareoriginskin/?fref=ts Девојката е наша се вика Нена може и на македонски да и пишеш. Поздрав.
Само да ти најавам дека следна статија спремам за какао путерот, неговите бенефиции и за што сѐ може да го користиме. Поздрав.