@Biodevojka може ли да ми објасниш како да користам кокосов путер за тело и коса,дали треба претходно да го топам,да го мешам со други масла и слично.Најмногу ми треба за сува коса Ти благодарам однапред
Здраво драга, доколку сакаш да го користиш чист во тој случај стопи го помеѓу рацете и нанеси го на коса (благо навлажнета) како маска. Доколку сакаш да направиш еден вид на кремаст производ кој полесно ќе го нанесуваш пробај го овој рецепт. 60 гр. шеа путер 40 гр. масло (бадем, арган, рицинус, масло од ленено семе) Во висок сад стави го шеа путерот и маслото и почни да фрулаш со миксер додека да добиеш убава кремаста структура. Стави го во едно празно и чисто кутивче од некој крем или маска и ете твојата волшебна маска со шеа путер е готова. Се нанесува на благо навлажнета коса најмалку саат време пред миење. Производов трае до 6 месеци на собна температура. Внимавај да не го земаш со водени или нечисти раце за да не се расипе побрзо. Поздрав
Домашно спа! Маска за избелување на лицето и против проширени пори Блендирани или сомени овесни снегулки (околу 3 лажици), се промешуваат со мед и јогурт. Ако маслото не ви предизвикува проблем, може да додадете по потреба. Маската е одлична, посебно затоа што може да ја чувате во фрижидер до 7 дена. Нежен пилинг за тело Една рака сол, се меша со етерично масло од лимон, маслиново масло и мед. Ова го правам по моја мерка, да ми биде потечно, за да може да се трие полесно. Купка за во бања Две лажички сол, едно капаче миризлив шампон и 3-4 капки етерично масло, се промешуваат со вода. На бањање се става по една супена лажица. Уживајте
Веќе неколку дена ставам домашна маска од гмечено авокадо и мед и на мојата кожа (која стана многу сува во текот на зимата) делува перфектно. А зашто направив поголема количина, го ставив во тегличе во фрижидер и сеуште е во добра состојба
@Biodevojka Драга што мислиш за маските за коса со вазелин? Синоќа ставив во комбинација со Е витамин, рицинусово масло и алое вера(растворот што е за побрз раст на трепки и веѓи). Денес косата ми е супер и ми е посува отколку природно кога ја сушам. Исто така, дејството на сите други маски кои ги практикувам е да даде лелеава коса. Но мене вака, како да ми одговара. Само со вазелин, таа ми е покрута, со ништо друго.Инаку косата ми е тенка, свиленкаста и брзо ми се мрси, јасно ти е зошто овој ефект повеќе ми се допаѓа нели? Е сега читав доста критики, како повеќе пукала од вазелинот, но на други места пак, дека го забрзува растот.... Мада, она што им беше заедничко на сите видеа и статии поврзани со вазелин, е да се користи но не претерано. Еднаш -два пати месечно.
Здраво, ме интересира некое средство или home made лек за отстранување на влакненца на брада. Читав имало нешто се нанесувало и се губеле или проретчувале, али не можам да го најдам натписот. Please help?
Пробав една домашна комбинација, слична како онаа од Лаш со ѓумбир и коријандер. Само што мојата има поинаква содржина и непримамлива, за око, боја. Изгмечен ѓумбир,неколку капки лимон, мало лажиче мед и павлака. Мераци. Ѓумбир се комбинира и со лук, против акни. Додека ѓумбир со маслиново масло и куркума е одличен третман против бори.
Дани павлака со лимон или павлака со куркума. Маслиново масло со лимон исто така и јаболко рендано со мед. Е витаминче знаеш, ја затегнува кожата... Ако ми текне нешто ќе пишам пак. Се мислам и белка.. Едит:Горе сум пишала веќе една добитна комбинација, над твојот пост
Ќе си изрендаш малку, но без проблем, нема нус појави. Од домашните обиди за маски, само еднаш оплескав со Ц витамин истолчен и лимон. Тоа жари, пече. Па од тогаш, кога ставам ц витамин или аспирин ги мешам со мед и јогурт. Има врска и до кожата. Порано ми беше осетлива и цимет не трпеше.Сега комбинација од цимет, морско оревче и мед ми е најчеста маска која ја правам.
Витамин Е во ампула? Многу ми беше мерак да спијам со Е в.на лице, наутро кога станував-бебршко, меко лиценце. Штета, ми прави поткожни,такви затворени ткива, маснотии,па не го користам веќе,само кокосово околу очи. И какво Д? Во ампула или?
Да, во ампули се. ПАзев на тоа оти си се спремав за маски да ги користам. Во што последно си купивте ги објавив.
Маска: една кафена лажичка јогурт една кафена лажичка црвено вино една кафена лажичка какао во прав Се меша и се става на убаво исчистиено лице околу 10 мин. Се мие со вода. Маскава прави чуда благодарение на антиоксидантното дејство на какаото, но и црвеното вино. Пробај ја!!! Серум 10 мл. арганово масло 10 мл. масло од јојоба 10 мл. маслиново масло (или пченични никулци) Се става во едно празно шишенце и се нанесува 4 капки на убаво исчистено благо навлажнето лице. Крем 1 кафена лажичка маслинво масло 1 ипол кафена лажичка шеа путер 1 ипол кафена лажичка алое вера гел Се фрула со помош на една машинка за нескафе или блендерче, се става во едно празно кутивче. Се користи на благо навлажнета кожа. Трае до 6 месеци ако правилно се чува и зема со чисти раце. Поздрав.
@Biodevojka останатите состојки ги имам, но во моментов немам масло од јојоба. Имам арганово, маслиново, невен, сусам, макадамија. Може некоја друга комбинација?