во тој случај замени го јојоба со макадамија.Штом ги имаш сите овие масла јас би ти препорачала: 2 кафени лажички арган (10 гр) 2 кафени лажички макадамија (10 гр) 1 кафена лажица маслиново (5 гр) 1 кафена лажица невен (5 гр) Вкупно 30 гр. производ. Комбинацијава е одлична анти ејџ, со омекнувачко и смирувачко дејство врз кожата. Поздрав.
Здраво @Biodevojka Можеш ли да ми препорачаш состојки кои смеам да ги мешам со зелената глина? Лицето ми е мрсно, склоно кон акни, а одам и на козметичар. Чиста зелена глина не сакам да користам, бидејќи премногу ми ја суши кожата и тоа ме иритира. Или некоја друга домашна маска, која го смирува црвенилото и ја хидрира кожата. Ти благодарам.
Здраво драга, може да пробаш зелена глина со мед, јогурт и маслку масло на пример кокосово. Стави една кафена лажичка глина, една кафена лажичка јогурт, половина кафена лажичка мед и половина кафена лажичка масло. Доколку смесата е премногу течна додади малку нишесте, ако е густа малку водичка (треба да добиеп убава компактна смеса). Медот ја омекнува кожата, јогуртот има киселкаста пх вредност и ја тонизира кожата, глината прочистува, а маслото ќе нахрани. Поздрав. п.с. не оставај глината скроз да се исуши, штом почне да затега може слободно да миеш.
vo posledno vreme i jas se pridrzuvam na nega so pomos na prirodni i domasni recepti pa sledno sto ke probam e ovoj recept.
Здраво, ми треба рецепт за крем секојдневен со шеа путер за комбинирана и многу нежна кожа склона кон иритации од повеќе продукти и разни креми
Разгледај го блогот на @Biodevojka Не знам дали има баш ваква крема, но има прекрасни рецепти за природна козметика, може ќе најдеш нешто што ти се допаѓа. http://biodevojka.blogspot.mk/?m=1
Да истава крема ја купив и гледам ја користи чиста без додатоци и не е баш кремаста, потешко се размачкува, ако има некој рецепт испробан за малце повлажна крема да дојде без некои состојки како мед пример оти се нафрлам или кокосово масло оти ми е пробано и не ми сега погодено за лицето
Кажи ми драга кои состојки да ги избегнувам, а кои сакаш да ги има во кремот и ќе ти направам формула за крем според твојот тип на кожа кој сама ќе може лесно да го направиш!!! Поздрав.
Природни мед и камилица ми ја иритира кожата, а кокосовото ми го отфрла. Користев маслиново од планет спа авон ми се појавија ситни брунчиња како со вода, сега баш си зедов крем со маслиново масло демек ај не е масло да пробам и секаде имам акни. Немам користено алое вера и не знам како ќе делува. Значи купувам крема пробувам ја фрлам, се така ми е кожата катастрофа. Најдобро што се покажа беше флуренсе натуре ама после многу користење ми ја прај сува, како ништо да немам ставено а има арганско масло значи со него можи се погоди рецепт. Др не знам ти благодарам многу
Некогаш со акни внатрешни некаде сува а и многу ми се воспалува со чешање а сето тоа после користење на кремчиња, различни од повеќе фирми, а не останувам само една да користам оти гледам дека не е погодена. За чистење се супер оди ама со кремиве тешко. Ја зедов и глината што ја имаш препорачано на страната вечерва ќе ја пробам. Имам 30год
OK, ке ти направам еден рецепт за да си го направиш сама дома. Е сега, немој недела дена па да ми речеш не е погодена. На крем треба да му дадеш шанса минимум месец дена. Твојата кожа сигурно сега ќе се чисти од силикони или други состојки (не знам што креми си користела досега), ама важно е да не брзаш, со природната козметика нема веднаш резултати, ама тие што ќе ги добиеп се долготрајни. Утре или задутре ќе ти пратам рецепт. Ќе го постирам овде, ако сака и некоја друга да може да си го направи. Поздрав.
@Lisandra Повели два рецепти за твојата кожа. 1. Колд крем за лице за 50 гр. производ 1 супена лажица арганово масло 1 супена лажица масло од јојоба 1 кафена лажичка кантарионово масло (или невеново по твој избор) 5 гр, пчелин восок 1 кафена лажичка шеа путер 1 кафена лажичка алое вера гел Во една огноотпорна чашка стави го арганот, јојобата и пчелиниот восок. Во друга водата или алое вера гелот. Доколку користиш вода, во тој случај стави ги двете смеси на рингла во тенџере со вода (ама да не врие водата) за да го стопиш восокот. Дри откако ќе се стопи восокот додади го шеа путерот, тргни го од рингла и остави да се стопи. Доколку користиш алое вера гел не го ставај на рингла цело време туку само благо загреј го да биде млак а остави оваа другава фаза (маслената) да се подолади. Невеновото се додава кога маслата ќе се подоладат малку ама да не се зацврснат (затоа што е термолабилно, не е отпорно на високи температури и губи дел од состојките). Треба брзо да работиш за да не ти се створат грутки. Го додаваш и алоето или водата малку по малку и постојано мешаш со машинка за нескафе. Мора да бидеш трпелива смесата сама да се излади природно да не ја ставаш во фрижидер и постојано да мешаш. Откако ќе се излади префрли во чисто кутивче и тоа е тоа. Аргановото спомна дека ти одговара, невеновото или кантарионовото ќе ги намалат иритациите на кожата. Алое вера гелот ќе омекне и смири, шеа путерот ја оддржува еластичноста на кожата, а масло од јојоба е корисно за регулирање на себум и во случај на бубуљички. Пчелиниот восок е од основна важност затоа што ги држи сите состојки заедно. Трае до 3 месеци. Доколку немаш алое вера гел.може ружина вода или дестилирана вода. 2, Колд крем за лице со глицерин 1 ипол кафена лажичка дестилирана или ружина вода; половина кафена лажичка глицерин 10 гр. пчелин восок 2 кафени лажички масло од арган 2 кафени лажички масло од јојоба 1 кафена лажичка масло од невен 1 кафена лажичка шеа путер Постапката е иста како претходниот. Малку изгледа комплицирано, ама кога ќе го направиш првиот крем нема да сакаш да престанеш. Ти оставам виде од постапката (станува збор за друг крем), ама да видиш како фазите се топат на пареа и се работат. Поздрав
@Biodevojka Би можела ли да ми помогнеш, лицево почна мноогу да ми се исфрла, јас од секогаш си имам тук-таму акни, ама ова сега е хаос, образите, брадата лом. Хормоните ми се ок не знам што би можело друго. Инаку имам 22 години, а кожа ваљда мрсна.. Фала однапред. <3
@Biodevojka pomos i za mene imam 28 godini i kombinirana koza na liceto. mrna t zona i nekoi posuvi delovi na liceto koi nekogas se razlupuvaat. na celoto vo posledno vreme pocnaa da mi izleguvaat akni. odsekogas sum imala samo tek tuk po malku odkako se porodiv (pred 4 godini) liceto mi se iscisti mnogu no eve vo poslednive denovi celoto mi e so akni.se mislam za upotreba na sina glina eden proizvoditel od skopje dojde kaj nas prezentirase za nea mi se vide dobra no seuste se dvoumam.i toa mi potenira za toa kolku bi mi bila korisna bas za liceto.od kremi ne koristam nisto zasega samo nojkna krema ponekogas. vase mislenje?
Здраво драга, причините може да бидат повеќе, стрес, исхрана, козметика која не ти одговара и.т.н. Може и да ми кажеш што користиш моментално и евентуално до која цена може да ти препорачам? Здраво драга, глината е одлична може да ја земеш чиста глина во прав и да ја користиш во комбинација со мед, зелен чај (ќе ти дадам точен рецепт). Јас би ти препорачала и крем да користиш и обавезно убав гел за миење на лицето. Кажи ми евентуално до која цена би можела да ти препорачам нешто. Поздрав.
cistam lice so eden tonik od avon protiv mozolcinja i mnogu ubavo mi go cisti,sekoe pamukce e crno posle cistenjeto.maska za lice koristam povremeno od cajno drvo isto od avon.ednas si pomisliv da zemam krem so hijaluronska kiselina ama aj si rekov ima vreme za nad 35 godini ja ostavam predlozete mi nesto do kaj 200-300 den
Во тој случај пробај ја на Алврде кремата Аква 24 која е за комбинирана кожа и одлично хидрира. Поздрав.
Ако не ти е проблем до 900 мкд пробај а обавезно на Гамард себо Контрол. Во спротивно на Балеа кремот за матирање.