Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашни рецепти за лице, тело и коса

Дискусија во 'Лице' започната од VikiToO, 12 септември 2010.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Мојот најнов супер миризлив експеримент: бомби за бањање со мирис на пачули, лаванда и ванила...:l::l::l::l::l:

    DSCN0478.JPG
     
    На Sweetlove_0312, shesnorookie, SunnyGirl2 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Нежен скраб за лице од слатки капини:f:

    Капините се богати со Витамин Ц и помагаат за да имаме посјајна и поубава кожа, а маската со нив претставува вистинско освежување во ова време:sun:
    • две лажици мелен овес
    • 1 лажица мед
    • 1 лажица кокосово или јојоба масло
    • пасирани капини
    Состојките се мешаат додека не се соединат,се ставаат во тегличка или пластична кутија, пилингот може да го користите повеќе пати.
    Од овесот се додава по потреба, ако е премногу течно може да ставите уште една лажичка

    Sage-and-Blackberry-Sugar-Scrub.jpg


    Да споделам и еден новооткриен за мене, блог.:inlove:

    https://bobica.rs
     
    Последна измена од модератор: 12 февруари 2019
    На Sweetlove_0312, sweet-cherry, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Dosta lugje koristat shea puter kako krema najosnovno, samo go mackaat
    Ama oni imaat suva i osetliva koza.
    Mozes i da probas so aloe vera gel da si stavis kako krem, jas koristam, imam kombinirana ama zime e posuva
     
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Mинт маска:sun:

    1 лажица павлака
    1 лажица изгмешено свежо нане
    1 лажица мед

    Пред да почнете да ги пасирате, листовите од свежо нане оставете ги да отстојат 10-15 мин во вода.
    Исушете ги и почнете да ги пасирате со една лажица павлака и малку мед. Нането помага за избелување на флеки ( ц витамин) и полесно лекување на акни. По маската, вашата коќа ќе биде мека и чиста. Оваа маска ја користам секогаш кога имам нане во домот, а може да се направи и пилинг за нозе.
    На маската можете да и додадете и неколку капки лимон.

    За тоа ви е потребна крупна сол 2-3 лажици , иситнето нане, масло од кокос и неколку капки есенцијално масло од лимон или лаванда.
     
    На angela.kostova и marchi-cool им се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Во недела, може да си измислуваме нови рецепти :*:


    Скраб за осветлување на тенот со ориз:sun:

    парче зрела банана
    лажица мелен ориз ( најдобро бебешки)
    лажичка мед
    простофат сода бикербона

    Бананата се пасира и се додаваат сите состојки. Секогаш ставам повеќе од оризот заради неговите придобивки.
    Пожелно е да отстои некое време, за да омекне оризот за да не дојде до гребење на лицето. Откако ќе отстои, се прави нежна ексфолијација на лицето и се остава да дејствува 15тина минути.

    Уживајте :inlove:


    HelloLovelyLiving (2).jpg
     
    На Leat, Annath, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Кокосово масло е добра маска за коса, да се држи минимум 30 минути.
     
    На Недопирлива5, KuklickaMoja, Lovelybaby<3 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Како е постапката за правење на истите?
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга имам цел статија и видео за правење бомби. Еве ти линк од видеото
     
    На ♡BuBaLe♡ и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  9. bube90

    bube90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Девојки дали освен производи купени од продавница користите и продукти кои сами сте ги направиле во домашни услови? Споделете ги вашите трикови, верувам дека некои од нас на овој начин ќе го најдат омилениот производ :*
     
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    На оваа тема ја повикувам @Biodevojka :)
    Заследи ја на социјалните мрежи, изобилува со корисни совети.

    Често се шлакам со маски на лице и коса и сакам да експериментирам со домашно приготвени. Често користам жолчка за косата па белката ја аплицирам на лице, се суши и ја отстранувам. Правам пилинг од кафе, маска од јогурт, кафе и куркума, мед и маслиново или кокосово со додаток на банана,краставица или авокадо, често правам маска од јогурт и пченкарно брашно.
    Тоа што ми текнува вака сега :)
     
    На poppie, Biodevojka, Srckata28 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Јас земам белка од јајце, ставам прво нежен слој, па земам тенка хартија (како на пр. тоалет ама слоевите оделени, исто со салфетка) и ги лепам на лицето, после уште еден слој одозгора и стои како маска. Користам стара четка од кујна за да го мачкам лицето :D

    Чекам додека не се исуши да биде многу тврда и после кога ќе ја извадам ми го чисти лицето дополнително (се гледа прљаштина на салфетките) и зависи до какви и колку црнки имате, ама мене од носот и брадата буквално ми ги вади, можат да се види белкото од нив штрчи на извадената маска.

    Совет е да ја вадите маската во нагорен правец бидејќи така најубаво се вадат црнките.

    Инаку може да се додава мед, лемон, двете на маскава.

    Како изгледа.

    download (1).jpeg
     
    На Stefybutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Јас си правам маска за коса редовно со жолчка и масло
    Порано правев и ппилинзи за телото од кафе или шеќер или сол, било што што би одговарало за пилинг, ама прекинав бидејќи премногу груби ми беа, едино да пробам со овес пилинг.
    Маски за лице со глина и некои билки или само мед на целото лице кога е многу оштетено.
    Се имам и обидено и канатрионово масло да си направам ама нешто сум зезнала ли работата кога го нанесов на кожата ме пецкаше па го фрлив.
    Си имам и направено лабело за усни по рецепт на Биодевојка и многу убаво ме служи
     
  13. deathinside

    deathinside Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Како ја користиш жолчката, колку време и како, дали и додаваш нешто? :)
     
  14. Stefybutterfly

    Stefybutterfly Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Исто правам и јас со белка и точно се гледа како излегуваат нечистотиите. Што ставаш кога ќе ја извадиш маската?
     
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Жолчка од јајце со мешам со две лажици маслиново/рицинусово/кокосово масло, лажица млеко/јогурт, малку лимонов сок, зависи кога што имам. Аплицирам и покривам со најлон час-два, мијам со шампон и на влажна коса ставам квасец помешан со млака вода и чувам уште саат со врзана коса, па мијам со шампон и регенертор. Тоа ми е неделен ритуал. Против испукани врвови, и влијае врз побрз раст на косата.
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Ништо го плакнам само лицето, ама не знам колку е правилно. :/
     
    На Stefybutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    Дома имам посадено алое вера, дали може да направам тоник за лице во вид на спреј со филтрирана вода и 1/3 сок од алое лист? Ја имам идејава одамна но не сум сигурна дали е добро или ќе има некаков ефект :^)
     
  18. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Да можеш и само сокот од алоето да го изблендираш. Само за да ти потрае подолгоо чувај го во фрижидер и треба да се потрожи за 7 дена инаку ќе се расипе бидејќи нема никакви перзервативи што ќе му го продолжат рокот
     
    На RockNroLLGirL му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    Пробав денеска, изблендирав алое вера неколку ливчиња босилек и краставичка и турив филтрирана вода и дојде многу освежувачки. Фала ти, ич не ми текна дека треба да се чува во фрижидер :D
     
    На angela.kostova му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cinderella7

    cinderella7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2014
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    1.603
    Пол:
    Женски
    Маска против акни

    Мешам мед и лимон отприлика за едно користење, но доколку ми остане го ставам во фрижидер за нареден пат. На чисто лице ставам од маската и оставам 15-20 минути и потоа се мијам. Од лимонот пецка на акните кои се воспалени, но се издржува.
    Најчесто ја ставав пред легнување и веднаш се приметува разликата по неколку дена.
     
    На RockNroLLGirL му/ѝ се допаѓа ова.