1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашни сапуни

Дискусија во 'Тело' започната од Xepp, 11 мај 2012.

  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Пазарот нуди огромен број сапунчиња, сите тие се во најразлични форми, мириси, бои, изработени од природни состојки.
    Но, никогаш не сме ни помислиле дека исти такви можеме да направиме и сами, во домашни услови.

    За таа цел, ни се потребни етерични масла, база за изработка на сапунот која може да се купи на пазарот (најчесто кокосово, маслиново или палмино масло) и други додатоци за мирис или пилинг.

    Шеа маслото, исто така, може да се употреби за база,најчесто е во комбинација со кокосово и палмино масло. Шеа маслото дополнително ја хидрира кожата , а претставува природна маст која се добива од плодовите на дрвото што расте во Африка и е познато по своите лековити својства. Содржи големи количини од витамините А,Ц,и Е и претставува природна заштита од зрците УВА и УВБ.

    Сапунификацијата се врши на база на натриум хидроксид, а киселоста се губи во текот на изработката. На нашите баби им бил познат т.н ладен метод на правење сапун и за добивање на конечен сапун им требале 4 недели за да созрее.

    Изработката и употребата на природна козметика треба да биде позачестена поради тоа што таа во себе содржи природни состојки, органски, кои нема да ја оштетат кожата, а ќе ѝ дадат целосна нега и храна на кожата за таа да изгледа подолго време здраво и свежо без употреба на хемиски состојки кои дополнително го оптеретуваат организмот.

    Освен тоа, природната козметика речиси и да не е тестирана врз животни, такашто и од хуман аспект е многу подобра.

    Изработката на домашен сапун почнува со ситнење на базата за сапун (ако е во цврста форма), а ако е во течна, со ставање во соодветен сад. Полека зе затоплува и се растопува постепено со додавање на млеко во прав (количината да биде 15-20% од тежината на сапунот кој сте одлучиле да го направите). На пример, на 100 г база, додајте 20 мл млеко.

    По топењето на базата се додава етерично масло за мирис, а доволни се само неколку капки. Со аромите може да се експериментира.

    Исто така, во растопената база може да се додате чоколада во прав или ливчиња од некои лековити цветови (камилица, невен, ружа, лаванда и сл.).

    Се додава и малку глицерин (1 лажица на 100 грами од базата), кој на сапунот ќе му даде дополнителни навлажнувачки својства.

    Зобни трошки се додаваат во сапуните на кои сакате да им го додадете ефектот пилинг.

    Со додавање на лековити билки, на сапунот му давате и лековити својства.

    Превземено од www.mojakozmetika.mk

    Дали вие некогаш сте пробале да направите ваков домашен сапун. Јас немам вакво искуство но само знам дека на пазарот се премногу скапи. Ако некој пробал нека каже и рецепт па и ние да пробаме. М? Што велите? Ајде да ги споделиме нашите искуства :) :hai:
     
    На McDonald му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    http://www.soap-making-essentials.com/h ... -milk.html
    Еве девојки како да направите и сапун од козјо млеко, само незнам што би било замената на шеа путерот и тоа луе што е....Имате овде и други рецепти за различни сапуни.
     
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Основен домашен сапун се прави од жива сода (ја има по земјоделски аптеки), сало или растително масло (најчесто маслиново), и вода. Може да се додадат есенцијални масла за подобар мирис и нега. Има доста рецепти и не е многу комплицирано, а е многу здраво за кожата. :)
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво, луе е потасиум ходроксид. Инаку како што веќе кажаа, живата сода е доста користена во производството на сапуни. Секако се меша со вода и се додаваат повеќе масла. Подобро е кога има повеќе масла затоа што сапунот е поурамнотежен и похранлив за кожата. Доколку има само едно масло може да биде и доста агресивен (со исклучок на маслиновото кое одлично е како единствено масло). Во зависност од резултатот и намената, се додаваат шеа путер, млеко, мелен бадем за скраб ефект и секако етерични масла па дури и парчиња овошје ако го правиме сапунот проѕирен и интересен. Не е тешко, меѓутоа мора да се внимава многу особено кога се ракува со живата сода, тука нема шала. Поздрав
     
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја живнеме темава. Во последно време домашните сапуни ми станаа пасија ги правам постојано. На јутуб каналот имам објавено многу видеа. Еве едно за домашен сапун со козјо млеко за почетници и за напредни (почетниците започнуваат со 200 гр. дестилирана вода и 100 гр. козјо млеко, а понапредните директно со 300 гр. козјо млеко).



    Споделете и вие ваши слики од домашни сапуни и да размениме искуства за најдорби техники и рецепти.
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски


    Ви оставам интересно видео за подготовка на многу нежен детски сапун со невен.
    Поздрав.
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Штотуку го направив овој сапун инспириран од уметничкото дело Starry Night од големиот уметник Vincent Van Gogh (лично мој омилен).

    [​IMG]
     
    На xxx-ba, mula, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Сапун лубеница...носталгија за летото...
    Мириса неодоливо и екстремно е нежен за кожата.
     
    На hermosa, Ano и VDT2906 им се допаѓа ова.