Ако има ваква тема..се знае. Поттикната од мојот нескротлив апетит се решив да отворам тема каде што ќе пишуваме кои ни се најомилени сендвичи, како ги приготвуваме, дали ги јадеме со додатоци како помфрит, чипс итн. , омилен пијалок за со сендвичи.. И исто така, кои намирници ги јадете САМО во сендвич? Еве јас пример, омилен сендвич ми е со тонус леб, намачкан со сенф/мајонез, кулен, парче зелена салата, маслинки исецкани, домат, кашкавал некој лесен и од страна си земам феферонки. За пиење најчесто вода, порано пиев газирано ама одвикнав. Да напоменам, доматот го јадам исклучиво само во сендвичи или пици, во салата никако.
Мене омилениот сендвич ми се состои од: печеница/врат/филе и кајмак/павлака/зденка, додека го јадам најчесто пијам вода, јогурт или Цедевита. Друг вид на сендвич што го обожавам содржи стек, помфрит, кечап, мајонез, сенф, и додека го јадам најчесто пијам газирано. Со сендвичите јадам и салата (домат, краставица, брокула, карфиол, грашок, пченка, зелка, марула, морков, цвекло, пиперка, ...). А мислам дека не постојат намирници што ги јадам само во сендвич или салата, а не ги јадам посебно, затоа што кога готвам не вклучувам намирници што не ги јадам.
За сендвич, мај рулс: -обавезно квалитетно лепче -обавезно премачкано со путер -обавезно марула Се другото ми е по желба и зависно што имам дома.
Лебот премачкан со малку мајонез, домат и сирење. Потпечен леб, кашкавал, домат и кари. Црн леб, кашкавал, многу марула и куркума.
Клуб леб премачкан со неутрален намаз, додадено исецкана маслинка (за да е солено) пршута , кашкавал и свежа краставица. Пресечено на пола во форма на триаголници. Друг мастрав-намаз Маза со маслинки и пиперка, марула, пршута дупла доза. Друг мастрав- фета сирење, кулен дупла доза, марула и лажица павлака (да не е суво) Друг мастрав- 2 лаж павлака измешано со 1 лажица мајонез и мала лажичка вода од маслинки, премачкано на клуб леб, мартадела дупла доза и марула. Има куп ама доволно е сега за сега.
Сакам секакви сендвичи иако не преферирам баш сендвичи ладни онака, ги сакам достирани. Ама многу често сакам кога лепчето е премачкано или со путер или со мајонез, задолжително парче кашкавал, а за во тостови преферирам рендарн. И има една специфична салама која ми се допаѓа. Во сендвич сакам и зеленчук како салатка, краставица, кромид, домат. Доста често ставам маслинка во комбинација со сирење. А едно лето јадев ... само кечам турен внатре и домати тенко сецкани. Никој не сфати како тој сендвич ми е убав. Кулен многу јадам, ама го неќам во сендвич воглавно зошто вилицата не ми се затвора и имам проблем со загризок. Работи кои ги сакам во сендвич, а не и општо ... мислам и дека нема такви, барем не некои кои ми текнуваат во моментов.
Лебчето да е премачкано со зденка или некој намаз, зависно што имам дома. Лист марула или домат, краставица со кулен и кашкавал. Некогаш може и чајна.
Јас си имам два вида, солени и благи. И почесто сакам да ги ставам на тост, поретко јадам ладни сендвичи. Прво за лебот, најмногу сакам бел леб и таков и најчесто јадам, понекогаш јадам и `ржан за промена, и тој не е лош. За солените, најчесто ги премачкувам со маргарин или путер, но ако не го ставам на тост може да помине и без тоа. Задолжителни додатоци ми се кашкавал (преферирам топен на тост, најдобро нешто), секакви видови на сирење (во последно време го обожавам биеното, ептен тврдо и солено, прекрасно), кулен, чајна, шунка, свински врат, пршут, пилешка салама. Обавезно додавам сецкан домат, рендан морков, кисели краставички, па кечап, мајонез или сенф. На крај додавам некој лут зачин. За благите користам крем (може Нутела или оригиналниот Еурокрем), путер од кикиритки, сецкана банана, понекогаш додавам и цимет или јаткасти плодови (внатре во сендвичот ги ставам, чудно знам) Втората блага комбинација ми е со маргарин или путер, мармалад и шеќер во прав.
Кај ја видов темава, ми се пријаде Р'жан леб премачкан со хумус, некој намаз или кечап, марула, домати, кромид, кисели краставички и плескавица од тиквици. Р'жан леб со tomato chutney, во тостер. На страна зеленчук и црн чај. Спојлер За вечера ќе биде тост и чај, осеќам.
Омилен сендвич: обавезно салата(било домати,краставици,марула...или се заедно),пилешко или мелено месо,кашкавал(и не мора,повеќе во тост сакам),павлака намачкана на двете страни и секако лебот да е вкусен,понекогаш и помфрит сакам.Кечап и мајонез мразам Пијалок со сендвичот кока кола без размислување,предобро одговара.
Омилен ми е со црн леб намачкан со павлака, парче шунка, парче патлиџан и краставица, обична или кисела. Пијам со овој јогурт или поретко сок. А од благи - црн леб намачкан со мед, парчиња банана, цимет и малку кокос. Со овој млеко пијам.
Обожавам ладни сендвичи. Дома најчесто правам со тонус леб, печеница, пршута или пилешки гради со домат, краставица и зелена салата. Лебот обавезно тостиран, кога е тонус. Понекогаш додавам и сирење или абц крем сир.
Ајде и јас да кажам за благ сендвич, бидејќи кажав само за солени, а повеќе сум по благото. Најчесто се состои од крем/мед/мармалад/џем и некое овошје како банана,јагода,... Додека го јадам во комбинација пијам вода, млеко или Цедевита. Некогаш додавам и јаткасти плодови како ореви,лешници,бадеми,... И гледам дека сум заборавила за првиот солен сендвич да допишам дека некогаш во него додавам сирење и кашкавал.
Многу сакам ладни сендвичи, мислам дека постојат многу варијации да се направи вкусен сендвич со било какви состојки. Сендвичи правам со црн леб или бриош. Во последно време купувам од „бриош“-лебот на фурна Диме. Поевтин е од бриошот на Жито Лукс и многу е вкусен, плус не е толку мек како овој од Жито Лукс и може да се намачка со секаков намаз, а притоа да не се распадне. Фино лепче како за промена. Мастраф додавам по желба, а и по она што ми се наоѓа во фрижидер. Стандард сендвич ми е тој со млечен намаз, бибер, оригано, кашкавал и печеница. Сенф, павлака, пршута и листови марула. Намаз од авокадо, рендано сирење, сол&бибер - оваа комбинација е многу фина со тонус леб.
Обожавам сендвичи и секогаш кога јадам си купувам од тие лепчињата што се за сендвичи. Ги сакам премачакани со путер, им ставам листови марула, кашкавал, шунка, печурки, буковец, кечап и мајонез, а посебно помфрит.
Мојот последен сендвич: Лепче премачкано со путер (ама богато), потоа премачкано со 2 зденки, една горе, една долу и на средина кашкавал. Истото на фолија го потпеков малку на шпоретот на дрва од двете страни и така внатре состојките малку се стопија и споија. Многу вкусно беше.