мене омилен ми е клуб сендвич, го правам и дома почесто, ама понекогаш кога излегувам и кога седнувам на јадење, тоа го земам. Најчесто во комбинација со кока кола или вода. Помфрит помалку јадам.
Далеку од омилен, но прва помисла кога ја видов темава беше оној сендвич #траумиоддетството - во крајчето од лебот намачкано маргарин,сирење патлиџан и мајонез
Порано бев сендвич човек, буквално секоја вечер склопував сендвич со разни наминрици што се нашле во фрижидер. Веќе подолг период многу многу ретко правам и тогаш кога правам обично "виткам" тортиља, али тоа не е баш класичен сендвич. Тогаш кога ќе се решам за сендвич обично е: - хумус, благи маслинки, марула - авокадо, сол, бибер - моцарела, рукола, домат - варено јајце, урда - путер од кикирики, мармалад (во последно време од портокал, божествено!)
Путер,сол,кулен или нешто друго сувомеснато,кашкавал,варено јајце,корнишони и сос од павлаја со сенф,ммммм Поховани пилешки прсти,ајсберг или марула,пржен кромид,и BBQ сос.