1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. Arriety

    Arriety Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    21
    Се што сте сакале да знаете за мачките како миленичиња и пошироко, можете да дознаете тука.
    Љубители на мачки навалете, а ги повикувам и долгогодишните одгледувачи со гооолемо искуство да ни се придружат во олеснување на маките и збогатување на идеите за тоа како да ви биде забавно и на Вас и на вашето милениче :)

    [​IMG]
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hotty125

    Hotty125 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    25
    Мачка Мистериозно Милениче

    Јас имам две мачки..односно еден мачор и една мачка:D
    Мачорот не се прибира дома..а мачката секогаш тука кога ми е потребна.
    За мачорот многу ми е жал:/постојано го тепаат сите мачори во маалото.Незнам што да направам.Секој ден со рани доаѓа..Да се прибира нејќе.Постојано ќе мјаучи:(
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Се изнасмеав со текстов:
    [​IMG]

    Епа се знае кој е мислителот и мрчаторот меѓу животните де. :D
     
    На MarchelineAmaru, Theodora, thinkerbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Јас имам еден мачор и многу многу си го сакам. :inlove: Понекогаш со мене спие. :$
    Многу го разгалив ама го обожавам.Баба ми го малтретира психички и физички,затоа што не е нормална.Мачорот кога ќе ја види бега, се крие одма.
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Чувам мачка. Дама, отмена, со стил. Какви погледи само праќа на комшиските мачори. Заводничка. Срцка ми е. На моменти се однесува како куче. Ме испраќа каде и да одам, ме пречекува со скокање кога ќе си дојдам. Сега е малку трудничка. Елајте за 1 месец на тиганичиња. По пола ќе ги правиме со комшијата, негов е зетот :)
     
    На RiRii, SV1911 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  6. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    и јас имам маче кое планирам да го сместам во мојата соба која е мала. Па може ли да ми кажете што се и е потребно на една мачка за да биде среќна?
     
  7. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Легло,кутииче за вршење нужда,2 купички една за вода друга за јадење и разни играчки кои една по една ќе и ги даваш.А пред се мноуг љубов,грижа,нега...
     
    На Lallly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас сум огроооомен љубител на мачки.
    Мачките бараат многу помалце грижа од кучињата, не треба да ги шетате, нити бањате, има некои мачиња кои сепак мирисаат иако во глобала немаат никаков мирис. Јас сум имала искуство со 2-3 мачорчиња кои мирисале одвратно и нив морав да ги бањам, а тоа е тортура и за сопственикот и за мачката. Во принцип имам забележано дека женките се сепак почисти од мажјаците, а зошто немам објаснување.
    Во принцип уличните мачки( поточно нерасните) не се многу пребирливи за храна би јаделе што и да им дадете, но мене поедноставно ми е да им купувам сува храна. Конкретно купувам од Кам бидејќи ми е најевтина, 1 кг е околу 107-8 денари. Плус кога имаме некое мевце за ручек обавезно останува и за мачките. Им давам понекогаш и павлака со лебче, доколку сакаат. Исто и саламчиња понекогаш
    Мачките не поднесуваат добро кравјо млеко поради што многу подобро е да им давате јогурт, кисело млеко или павлака.
    Саламчињата се слатки, ама не претерувајте, од преголема количина на сол и маст може да почне да им опаѓа крзното, а и ред други проблеми да им се јават.
    Доколку сакате и дома да им давате вода, поставете ја понастрана од храната бидејќи нема да ја испијат ако им е веднаш до јадењето.
    Расните мачки бараат многу грижа особено персиските. Секојдневно чешлање, проблеми со очите и ушите и ред др работи, но не сум чувала лично така да оставам некој друг да се изјасни за нив.
    Сијамките не се толку пребирливи, но имаат чуден карактер :)
    Мачките како и сите други животинки во овој период се склони кон фаќање на крлежи и зголемување на бројот на болви поради што препорачувам ако може да ги однесете на ветеринар да им стават ампули, или сами ставете им. Ампулата се става позади на вратот и малку над опашот. Внимавајте при изборот бидејќи некои може да се отровни.
    Мачките пренесуваат мнооооогу болести, како кожни така и посериозни внатрешни инфекции. Така што дури и само дома да ја чувате мачката секогаш после галење мијте ги рацете. На пример мачките знаеме дека постојано се лижат и си го лижат цело тело, дури и газето од каде потоа лижејќи си го крзното може да пренесат многу бактерии. Вие потоа ги галите, бактериите се автоматски и на вашите раце.
    Секогаш ќе чувам маче, но кога ќе живеам сама (ако некогаш биде :D ) ќе имам и куче. Моите дома не се баш љубители на животни така да наједноставно е да чувам мачиња сега за сега.
     
    На Saki15, An4e24, sunfemina и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LittleMonster8

    LittleMonster8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    7
    Од кога знам за мене имам мачки по дома. Јас не сум била родена а моиве дома чувале мачки. Мн ги сакам и неможам да живеам без нив. Во моментов имам 2 машки мачори ама немам појма што раса се. Се викаат Марко и Бубе :rofl: Ги чувам исклучиво дома по сите стандарди што се вика. Немам на ПЦ-во слики од нив ама кога ќе можам обавезно ќе ставам. Мн ќе ви се допаднат затоа што се мн мн дебели по 4-5 кила се... :rofl: :rofl: :rofl: :D :)
     
  10. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Имам една голема мачка и едно мало маче. Сега пред 2 дена таа големата се омачи и имам 4 мали мачиња кои се надевам дека ќе останат живи и ќе пораснат. Многу се слатки и многу сакам мачиња, срциња се кога се малечки, па и кога ќе пораснат исто. :inlove:
     
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да си се пофалам имам 2 најубави мачки на светот.
    Едната е Госпоѓица Лили.Ја чувам од многу мала.Ми ја донесоа сосе сестра и од Битола.Ама таа сестрата на Лили ми се изгуби,а Лили почна да се повлекува жал и беше што нема никој со неа сосем сама е.Почна да слабее бидејќи не јадеше.Имаше болви глисти,настинка и што уште не. :( Ама така еден ден кога Лили потпорасна околу еден месец направи си игравме надвор во дворот.И јас отидов да го земам топчето што Лили го турна под колата.И само гледам едно прекрасно црно маче стои стуткано под нашата кола и жално ми мјаука.Го земав и неа и си го присвоив.Од тогаш па се до сега ги чувам двете и ги сакам исто.Црното маче го крстив Црнка.Ама сега стана Госпоѓица Црнка. :)
    И така двете Госпоѓици си живеат како да се сестри.Многу се засакаа и се приврзаа.Кога едната ја бањам другата ја лиже од водата и обратно.Многу се милички така заедно! И сега кга потпораснаа пак исто се сакаат. :D Лили е во разни бои- ама повеќе како тигарче мало.Со големи и долги влакна и зелени очи.Црнка е црнка на грбот а на внатрешната страна од телото е бела.Ама дека само црната боја се гледа ја нарековме Црнка.И таа има големи и долги влакна на крајот се како бели.
    Пред два месеци Лили ја удри кола на глават.И се јавив на мајка ми и таа после на татко ми и веднаш на ветеринар ја однесоа.И направија триста чуда ама важно ја спасија.Ни рекоа ако преживее ноќта нема опасност од умирање.И сега е жива и здрава.Ама некогаш кога ќе и се обратам доцна ме перцепира-можеби од тоа ќе да е..Можам да пишувам до утре ама ај одам да ги изгушкам и да ги пуштам малку внатре да влезат.Патем и вода да им ставам Поздрав. :*
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    од кога знам за себе чувам мачки, ако едно ми умре или ми го отрујат моите гнсни комшии одма си наоѓам друго, многу ги сакам и се грижам за нив, ми се случува дури и од улица да соберам некое да го нахранам да го стопламм и после ако треба во двор ќе го чувам. Моментално има две мачорчиња по 2 и пол години се црни со бело! едниот е по див не сака дА Се гале толку многу , ама другиот е напорен од што цело време сака да ми е вскут.неможам да постирам слика големи се
     
  13. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    едно прашање: На колкава воздраст мачките можат да останат смачни? Јас имам мачка која има една година и стомакот и е малце голем незнам дали е смачна или прејадена :)
     
  14. Arriety

    Arriety Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    21
    Мачките се полово зрели чим навршат шест месеци. Што не значи и дека одма сакаат да раѓаат мачиња. Машките мачори немаат ништо против, додека кај женските тој период може да потрае до 1 година па и година и пол. Зависи од средината во која се наоѓаат. Во секој случај постои голема можност твоето маче да е бремено, но тоа со сигурност ке го знаеш по 2/2.5 месеци :D
     
    На girl.9 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Јас не ги сакав многу мачките,но сега чувам две прекрасни мачиња.Едното е женско Мици,другото машко и уште нема име :lol: ,многу ги засакав. :inlove: Сега не можам да се замислам без нив. :) :) :)
     
    На vesne му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    И мојата е повторно бремена , по вина на мачорот од комшијата!
    Душата и ја изваде ,33 мачиња има родено !

    Едното уште не ни е вдомено ,оваа со ново (нови) на пат! Алал и вера ,тешка калаштура е!

    Ама најмногу си ја сакам на цел свет ,да ми е здрава и жива ,колку радости ми има донесено во овој факинг живот ,што со предење ,што со децата нејзини...
     
    На vesne му/ѝ се допаѓа ова.
  17. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Јас имам моментално една мачка,Маза и си го заслужи името.Се гали премногу.Ама си ја сакам многу,премила е.Кога ке можам ке постирам слики.
     
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Тие што чуваат дома мачки, како се справувате и како го спречувате со исфрлањето (повраќањето) на влакната (hairballs мислам дека ги викаат)?
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.078
    Допаѓања:
    20.833
    Пол:
    Женски
    Јас моментално имам 2 мачки, мајка и син. Лепотицава моја во мај ми роди 4 прекрасни маченца :inlove: 3 машки и 1 женско, трите ги вдомив само едното машко за жал го изгази кола ;( а едно си оставив за мене, многу се гали мачорчево преслатко е и нокти ич не пушта, а мајка му е по агресивна (полуангорка е).

    Мајкава има година и 7-8 месеци, а синов 7 месеци, дома ги чувам, еве ја мачкава спија до мене :hug: срцка најуба :$ многу е љубоморна на мачорчево од кога почна да го одбива во септември цело време го тепа кога ќе и се доближи, то кутрото пука од страв само ќе се стутка и не мрда :D
    Со мене в соба спијаат ноќе и кај 6-7 саатот стануваат и ги пуштам надвор. Навика е се, претходно моиве дома не сакаа да слушнат за мачки, па уште дома :o а сега ете ги сите ги сакаат. Јас неможам да си самислам живот без нив :P премногу ги сакам.
     
  20. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Имам две мачки дома, мачор и мачка кој се мајка и син, ама синов поголем од мајката и подебел, инаку мачката ја чувам 11 години и ни јас не знам колку мачиња има родено. Таман ќе роди едни ке потпораснат малце ете ја она па се пораѓа, како фабрика за мачки е :D
     
    На vesne и lackygirl им се допаѓа ова.