Мали мачиња кои што имаат течна столица може многу бргу да умрат од дехидрација. Посоветувај се со ветеринар кој лек да му го дадеш на мачето и направи го тоа веднаш. Јас на мојата мачка кога беше мала и давав ептен малце Flygil антибиотик - децки сируп. Провери на интернет кој е точно составот за да знаеш што да бараш, бидејќи го нема во МК. Гледај да јаде и да пие, бидејќи ако му е лошо, нема само да сака, ама мора, во спротивно може да умре. Ова од искуство го пишувам.
Какво убаво маченце имаш. ) За носето негово не се секирај, ќе зарасне пак со косичка таму. Ако видиш дека се инфицира, тогаш стави на памук 3% хидроген неколку капки или пак јод и намачкај. Ама мислам дека ќе помине само по себе.
Против болви имаш прашок Неопетрод се вика, се продава во ветеринарна аптека, чини 100 денари. Мислам дека нема да е проблем возраста на мачето, ама кога ќе го купуваш прашај си таму. Прашокот го нанесуваш со трлање на телото на мачето, и тоа е тоа. Јас моите двајца мачори ги мачкав со прашоков, се лижеа после и ништо не им е. Ако ти е страв, можеш да му направиш нешто во стилот на инка околу вратот за да неможе да се лиже.
I need help!!! Да ве прашам за совет. Имам мачка (живее кај нас, не е моја, ама нема врска сега), пред неполн месец роди 5 маченца. Е сега проблемот е тоа што таа не сака да ги храни повеќе (пред тоа два пати се има омачено и истиот проблем, па на крај сите мачиња и умреа). Дали да купам млеко во прав за мачиња па да ги хранам или? Мачката ја држиме во празна соба, само има легло топло за неа, за да не може многу да шета, туку да биде кај мачињата постојано. Ако некој има вакво искуство, ве молам пишете, да ги спасам мачињава, жал ми е.
Aко не сака веќе да ги дои ќе мораш ти со шприц да му даваш,или пак ако има некоја мачка која дои,да и ги дадете може ќе ги прифати. Засега ќе мораш ти да ги ранеш со шприц и млеко во прав.
Умреа три од петте мачиња за кои пишував предходно.. :'( Ги хранам со детско млеко во прав, на 3-4 саати (на 100 мл вода 3 - 4 лажички млеко во прав, 1 јајце, неколку капки маслиново масло и малку мед).. и им ставам врела вода во гумена греалка за да им биде уште потопло.. колку ми е жал, плачев дури вчера.. а мајка им, тоа толку нечувствителна мачка во животов немам видено. Ако уште некој знае нешто, би ви била многу благодарна!!
Супер си направила,со млекото. Е сега друго решение нема освен ете како што ти рееков и во претходниот пост да најдеш мачка што дои. Ако ги приофати тие што останаа ќе биде супер. Едноставно таква им е природата.
Се посоветував и од таму ми е „рецептов“ за тоа како да ги хранам.. овие двете што останаа се добри сега за сега. На 4 часа ги хранам со шприц и тешко е.. се надевам ќе преживеат.. :/
Тоа што го правиш до сега е одлично, но најбитно е да бидат затоплени. Знам од искуство, 2 од моите 5 мачки беа мали бебиња кога ги најдов фрлени во контејнер и постојано им ставав шише со топла вода до нив за да им ја одржува топлината, а ги успивав и со фен и тоа во август месец!!! Додека се така мали не се способни да ја регулираат својата телесна топлина и зата е многу битно добро да се затоплени. Исто така, добро е и после оброк со стапчиња за уши натопени во топла вода да им поминуваш преку половите органи за да ги провоцираш за нормално да вршат нужда, тоа е нешто што нивната мајка инаку го прави со лижењето. Знам дека е тешко и напорно, но со упорност ќе ти се исплати и ќе добиеш прекрасни ѕверчиња кои ќе те обожаваат и ќе те сметаат за нивна мајка. Со моите е така
Ако имаат добар апетит и ако какаат и мочкаат шансите дека ќе преживеат се големи. Инаку тоа што велиш мачката дека е нечувствителна, тие си имаат природен инстинкт и мачката никогаш не го прави тоа затоа што „не ги сака“ туку или се мачињата болни и секако ќе угинат или пак таа има некој недостаток и не може да ги прехрани и во исто време себе да си се одржи здрава. Затоа што доколку е помлада и здрава мачка знае дека ќе може повторно да раѓа па логички се штеди себе наместо да ги порасне мачињата. А најдобро што можете е доколку ја чуваш и понатаму мачката да ја однесеш на стерилизација и да си го решиш проблемот, бидејќи во спротивно ризикуваш за едно 3 месеци или 4 пак да ти донесе мачиња и пак ќе бидеш будна цели вечери доколку повторно не ги дои...
Домашна мачка е, на свекрва ми.. ама дека таа неможе да се справи со ова, а јас имам колку-толку искуство некое со хранење на малецки мачиња (имам трепение повеќе од искуство), па поради ова ја хранам. Знам дека треба да се стерилизира, ќе и зборам на свекрва ми, нека среди тоа. Сабајлево умре уште едно маче и сега едно е останато. Ги провоцирам да вршат нужда со влажна салфетка, тоа што остана веднаш реагира, а другото што почина ептен слабо реагираше.. За овие неколку дена како ги хранам на 3-4 часа и двете се поправија, ама искрено појма немам зошто на ова состојбата му се влоши. Имам хрането мачиња од 2 недели со каша од паштета (паштета и вода) кои што останаа без мајка и преживеаја. Незнам дали на ова малово да му дадам таква каша (од конзерва за мачки и плус вода) или уште да се држам до млекото. ИвановскаМ - во право си, не дека нема чувства, тоа ми беше изјава во нервоза само.. Инаку, мачката денеска откако и остана само уште едново, почна да мјаука жално ептен. Јас вчера им уклучив и вентилатор со топол воздух да ги грее и греалка со вода им ставив, но ништо, едното ни тоа не го спаси.. Искрено, незнам што е работава. На ветеринар неможам да го однесам, бидејќи тука кај што живеам ветеринари асални нема баш, за некој добар ветеринар треба 60-70 км да патувам ако не и повеќе, се плашам дека мачето нема да издржи по пат (и ваков случај знам од мачките на свекрва ми). Исто, друг проблем, мачињата имаа настинка. Ова што остана исто, очите и двете загноени. Го чувам на топло, очите со памукче натопено во вода малку му ги чистам, ама пак за саат време му се затвараат целосно. Кога го хранам, пред крај веќе ќе успее да ги отвори, ама не за долго. Па и носето му е затнато, му го чистам на ист начин. Последен пат кога го хранев со шприц, млекцето низ нос му искачаше... Ви благодарам на сите што одвоивте време за совет и се извинувам на долгиов текст, ама морав.. Јас ќе продолжам да го хранам едново, се надевам дека ќе има добар исход.
^Предлагам уште на ветеринар да го однесеш последното маченце... барем така ќе може да му дадеш сигурно зелено светло. Многу ми е жал за предпоследното маченце, но така му било пишано...
Не би препорачала каша од вода и паштета затоа што ги нема сите потребни состојки како што ја има рецептата што им ја даваше до сега и што е најблиску до мајчиното млеко. А за очите, дали има веќе прогледано мачето? Ако прогледало, може да му ги чистиш и со газичка натопена во чај од камилица, има антисептичко дејство и би требало да му ги смири. На моите кога имаа инфекција им ставав Хлорамфеникол крема за очи, ама ова е многу мало и не знам дали смее. Инаку од кремата за 2 дена им се опоравуваат очите. Ако млекцето му излегува низ носето, пробај многу помали количини да му даваш затоа што најверојатно не може да ја голтне таа количина и ја враќа низ нос. Исто така, пробај да му ја слушнеш плуќата како дише, да не крчи кога дише, зашто тоа млеко што не го голта може и во плуќа да му отиде и да добие и пневмонија. Како и да е, сето ова се само совети од слични искуства и ништо не може да го замени прегледот и совет од ветеринар. Најтопло ти препорачувам да го однесеш што побрзо, пред да стане посериозно или не дај Боже доцна...
Има некој што превезувал мачка со автобус? (саат ипол- два релација) Ме интересира како да го изведам тоа
Верувај, ќе биде тешко и на тебе, и на мачката. Сигурно по пат ќе почне да збеснува зошто тоа е животнче...
И јас се согласувам со Papillon.Papi. Сигурно ќе и биде многу страв и ќе мјаука по пат. Ова претпоставувам се однесува на багажникот на автобусот доле, така? Ако веќе мора да се пренесе мачката така, барем да ја ставите во транспортер за колку толку да се чувствува безбедно и да не се случи да ја барате низ багажникот Би било супер доколку може да ја пренесете горе на седиште, ама знам како е со нашиве автобуси, тешко веројатно. Anyway, good luck
Знам дека ќе почне да збеснува. Се мислев дали да и дадам апче за спиење, па мирно да си го помине цел пат. Ваљда нема да и биде нешто? А немам друг избор, морам со автобус да ја превозам.
Најверојатно нема, само не знам кое апче и со дозирањето и тоа ќе треба да и се даде барем половина час - 45 минути пред да патувате, за да почне да дејствува апчето.