1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    На моиве ветеринариве им забранија течна, имало нешто-нешто ептен штетно? :^)

    Јас пошто им давав секој ден за ручек течна, некогаш бело пилешко варено, ми рекоа можат да бидат само на сува или ако сакам можам да им варам плус пилешко.
     
  2. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Што штетно имало течната храна? Јас па за сува храна се изначитав дека е штетна, како фаст фуд дека била
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Не знам што да кажам, конзерванс некој нешто? Јас ги хранам со сува, и ја сакаат сувата, од "човечка храна" само пилешко јадат, од друго се гадат.

    А ми беше полесно да им дадам кесички него да варам :/
     
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Мене ми кажаа за течната храна, посебно Whiskas, дека била како Mcdonalds за мачки па на мачорот му даваме еднаш дневно по малку, а мачката ни е ептен пребирџика за јадење секако :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Па во секоја храна има конзерванси секако. Дури и во сувата. Што да речам, најубаво е да јадат чисто месо само нас ни е полесно ова купечкиве.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Абе не знам што да кажам, јас цел живот така ги хранам, постариот е 8 годишен.

    Ама почна тој страшно да се чеша, да се лиже, си соголе места на телото.

    И си помислив фатил болви (макар од стан не искачаат, а на балкон не може ни пиле да дојде) и двајцата на ветеринар ги однесов (оти ако е заразно...), откако утврдија дека нит се болви, ниту кожна болест каква било, тоа ме прашаа - да не им даваш течна храна?

    И така добија забрана. Иначе и мене ми беше најлесно кесичките попладне...
     
    На Agness му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    A каква кесички им даваше? Сигурно има избор на не толку лоши бе... плус сувава храна и многу дебелеела, а домашни мачки секако се дебелки, ќе станат тркала во движење :sweat::worried:
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Сува храна која е најдобра?
    Само сува сака, зрна, друго не јаде, стои гладна 2 дена и не каснува.
    Само не ројал канин, мјаука на секои два саати за да и дадеш од неа.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Ги хранам наизменично со Ројал Канин и Рефлекс сува (за стерилизирани/кастрирани мачки), а паучи им купував секакви, од КитКат до Ројал, што ми дојде.

    И на таа храна се цел живот, освен краток период кога и двајцата јадеа китен (оти не можам да ги поделам за јадење, а малово мораше китен да јаде).

    И јас оставам сега на времето, може не е тоа, може е нешто друго. Пример кажав дека чувам доста растенија, мачките максимално ги игнорираат растенијава, меѓутоа можеби ете со самото тоа што се во соба да му пречат. Ми рекоа не, може да е алергичен на полен (е) ама не чуваш цветни внатре, плус од тоа ќе кива, а од салонскиве ако грицне се други симптомите.

    Едит: пробав да ги хранам со "подобра" храна од Ројал; т.е. "поквалитетна" во состав, не можам да опишам каква диареа имаа двајцата преку 10 дена, со инфузии ги оправаа.

    Така што, некои други мачки нека јадат органски бобинки со чисто еленско месо, моиве арни се вака.
     
    На Agness му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    :rofl:

    Исто. Ја обожаваат Ројал. И затоа не им ја давам цело време, и онака се дебели :D

    Ако ти се ризикува во Луна Пет Шоп имаш "пооргански"
    иначе поефтина а вкусна на моиве им е Рефлекс, само да знаеш различна е за машки и женски :)
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  11. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    3.099
    Пол:
    Женски
    Леле вака сеа ме загриживте. Мојот е мн пребирлив. Сега дека е возрасен јаде уринарна сува храна му ја зимам на кило од пет шоп не знам која марка е. А за течна освен феликс у уста друго не става, гладен седи ама не јаде.
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Моиве се УЖАСНО пребирливи. Значи фаца гадење ако им понудам салама или туна, мислиш лај*о им нудам :D
    Затоа едниот јаде дињи, другиот пченка :x

    Ако јаде пилешко, вари му слободно (ако тебе не ти е гад можеш и живо да му го дадеш). Моиве имаат проблем со текстурата само, морам да им го иситнам со блендер (суво ама ситно) за да го јадат.

    Иначе после терапија почна да заздравува господинов, ама не можам да си поверувам како си го среди стомакот
    20230313_213842.jpg

    Како шугав е, тука веќе му расте ново влакно.

    Причината не ја знам дефинитивно, ама ич не добиваат паучи веќе и почна да му расте пак крзното.

    Бтв, кои ролни ги имал :D

    Едит: и ми рекоа да не им ставам околувратници пошто се само дома, не им требаат, а ги иритираат и се чешаат. А баш ми се симпатични така ама тоа е, исто од поодамна не носат и не се драпаат за врат.
     
    На awkey и Agness им се допаѓа ова.
  13. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Немам проблем со тоа да одбива храна, најчесто му купувам на фрискис, вискас, тео конзерви. Ама читам дека немале соодветен однос на протеини и јаглехидрати и дека не биле комплетна храна, па се збунив не знам што да купам, а сакам да му давам добра храна. Ако некој се разбира во состав на храна нека ми пише, како што сфатив ретко која храна била добра заради висока количина на јаглехирати кои не требало да бидат повеќе од 15%.
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    https://lunapetshop.com.mk/product-category/macki/hrana-2/orijen-2/

    Повели, јас лично со истава имав страшен проблем, меѓутоа е по состав - најдобра, барем кај нас.
     
    На Anod10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Нашето маче дома што го чувавме најмногу ја сакаше сувата храна на Тео, иако му купувавме и Ројал и други поскапи. Надворешните сега јадат се што ќе остане од ручек и понекогаш некоја сува поевтина. Прво не ја сакаат многу, но отпосле кога немаат избор ја јадат. И кај кучето имам приметено дека не ја сака секоја сува храна. Пробај експериментирај.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Реални да бидеме повеќето храни се прават од остатоци на животните, ретко која храна има месо во нив ама повеќето се остатоци дури и поскапите. Нема веќе здраво освен да земеш домашно да чуваш па да му вариш печеш и да му даваш.

    Мислам дека животниве знаат колку има е доволно храна барем повеќето.

    Јас на моево и да му го напочнам цел тањир џабе е 5 дена ќе ја јаде. За мократа храна добра е за цревата дека е по течна, особено и пилешкото го даваат за полесно прочистување на цревата. Во Фауна стално земам зошто има сетови по 4 внатре едното е со видови на риби, а другите се заечко месо, паткино итн. Можеш да му менуваш а дека штетно се е штетно и ние црниот леб што го јадеме му ставаат боја и пак го јадеме. :)
     
    На Anod10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. revolution566

    revolution566 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво ако може совет имам маченца 4 стари 3 дена еве мачката ја нема веке 4 или 5 часа. Како да ги хранам мачињата.
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  18. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    3.099
    Пол:
    Женски
    млекце и шприц и ќе се помачиш да пијат, друго чаре нема. Ама верувам дека ќе се врати за 4-5 часа и не е толку страшно, освен ако намерно не ги оставила. Мачките имат таква „навика“ да ги игнорираат и напуштаат мачињата што знаат дека нема да преживеат или имаат некаква вродена аномалија.
     
  19. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    4.552
    Пол:
    Женски
    Пред два дена зедовме маче 2 месеци стара, дома е чувана не е носена на ветеринар до сега. Кога да ја однесам, вакцина кога примаат? Нешто за прочистување? Не се разбирам ич зато прашвам, а лежи на кревет, се гали со син ми сакам да е чиста ми е страв вака, влакна и паѓаат..
    И дали треба да ја бањам или сама се чисти доволно?
    Ја научив со песокта за во вц ама и ги мијам нозете пред да влези в соба..
     
  20. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.992
    Допаѓања:
    10.382
    Пол:
    Женски
    Само првата вакцина е доволна да се извади пасош за мачка?