Нормално е да и плаќаат влакна, не прекумерно ама нормално е и се менува крзното, лето влакната и се по ретки во зима по густи. Треба да ја бањаш, не пречесто ако си во можност подобро е да и купиш шампон за мачки и бањај ја еднаш месечно, ако некогаш се извалка многу можеш и почесто, само тој ден што ја бањаш нека остане во соба на топло да не настине. Ако син ти не е алергичен на мачки нема ништо да му се случи, дури и децата што растат со миленичиња стекнуваат подобар имунитет.
Zdravo Dali vi se ima sluceno slicen problem kako i mojot so vaseto mace. Od deneska pocna da povrajka ne saka da pie ne saka da jade i da jade malku povrajka. Mu stavime treva da nema nekoj problem od vlaknata posto go cuvam vo domasnu uslovi ama pak isto. Da napomenam macorot mie 1 godina i pred 3 nedeli kastriran.
Кога ќе поврати види да не има глисти. Или доколку му немаш дадено апче за прочистување дај му. Доколку не престане да повраќа носи го на ветеринар. Ќе го видат на ехо, ако има влакна ќе го боцнат и ќе ти дадат паста за сузбивање.
Имаме проблем со обележување територија дома. Не знам што му е последните 2/3 недели почна и дома да обележува и тоа мн често. Дали сте го имале тој проблем и некое решение, и до кога ова ќе трае ? ( Знам за кастрирање)
Една вреќа од 5кг ставам на едно полнење. Стандарден песок користам, мојата мачка не ги сака тие силиконските перли. Менувам по потреба, кога ќе видам дека и се потрошил и се нервира дека не може да си копа внатре. Мислам дека неколку страници поназад ставив слика од песокот што го купувам, еден со активен јаглен и можам да кажам дека воопшто не мириса како некои други песоци.
Здраво, Се соочуваме со следниот проблем кај мачето.. После какање, го трие газето од тепих. Пред еден месец дадено апче за прочистување, дали знаете што може да е причина за ова?
Колкаво е мачето? Моето така правеше кога беше многу мало, додека уште се учеше да се чисти после вршење нужда. Обично така прават кога имаат нешто од каката останато на газето. Или ако нешто го чеша/му смета па затоа прави така. Или ако имало глисти, па од тоа да е. Моево никогаш немало проблем со глисти ама си се бришеше вака исто од тепих на почеток. Се спасив така што после секое какање и го чистев газот со влажна крпа. Одма почнуваше да се лиже и потоа некако се навикна, се научи да се чисти сама и прекина ова со тепихот.
Мојата мачка еден месец после кастрирање беше иста, ја однесовме на ветеринар после неколку денови, но веќе беше дехидрирана. Се опорави со инфузии.
Mu dadov apce za glisti viknavme i veterinar mu stavi 3 inekcii deksamatazon antibiotik i reglan dobar si bese nekoe vreme potoa pak pocna da povrajka osetiv i deka ne e vo red so nepcata koga pie jogurt ( suvata hrana ja prekinavme zasega i zasega sme na tecna) mu shkripat nepcata nemozi da dzvaka. Da napomenam doktorot bas i ne ni e najiskusen i samo toj e vo ovoj grad kaj sto ziveam.
Мачорот е стар скоро 4 години, не правеше вака ни мал кога беше.. Сега последниве неколку месеци е изразено, но не по секоја нужда. Навистина незнам каде е проблемот
На вет да земат биохемија. Можно е и да е уринарна инфекција, но и глисти. Не го оставајте така, ќе се мачи само
Nosi go povtorno, ke go bocnat uste ednas . I nie togas 3 pati go nosevme dodeka da se sredi se iznamacivme site. Prviot pat isto mu stavija 3 inekcii, kao mislevme se smiri no nisto pak pocna so povrakanje, go nosevme povtorno go bockaa i tretiot pat eho bocka i pasta za vlakna ni dadoa. E duri togas se smiri.
Мислев дека е мало мачето, па затоа. Ама да, однеси го на преглед во секој случај. Не прават они вака без некоја причина, а на вет сигурно ќе најдат што е.
Мачката ми се породи пред два дена меѓутоа стомакот не и е мек и спуштен како на другата мачка. Дали има простор за загриженост? Инаку таа си јаде нормално и си пие вода се е океј.