1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.420
    Допаѓања:
    12.008
    Пол:
    Женски
    Кај нас во канцеларија чуваме мачки, кога ги видов еднаш месечните трошоци за нив се запрепастив, не знаев дека толку кошта песок и останати ствари за нив..
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.219
    Допаѓања:
    162.752
    Пол:
    Женски
    Гледам од петокот е па вервам се среди до сега? Има шанси да се има степано (особено дека е на врат и таму се фаќат) и така се прај топче со крв и гној, па пука. Ако не одиш убо да се исчисти пак ќе се насобери и пак ќе пукни. Можи и температура да крени во меѓувреме и да одбива јадење. Е сега за носење на вет, транспортер длабоко ти препорачувам. Друга опција е виткање на маче во стара пелена исто ко бебе да повиваш ама мачно е то и за тебе и за неа. Особено е мачно за повивање ко ќе е вознеморено од ветеринарот. Апче не би дала на своја рака на маче зошто дозирањата мора да се многу прецизни.

    Пријатели
    Најскапата шо ја видов тука е 8.5к друго се е под та цена.

    Чување миленик е одговорност и пред са се земи се прај математика дали е исплатливо или не. Не се зема на душа или колку да се има. Песок не е един трошок па да е толку драматично за да е "многу поскапо" дома да се чува него надвор. Да немав два лајнарници би ми била поскапа храната, а нели - мора да јади.

    Значи се прај план - колку и каква песок, храна, чистење од паразити на неколку месеци, годишни вакцини. Ова е основа и се прај математиката пред време да се види некој просек на трошоци дали се исплаќа. Следно излегват и друго работи ама се опционални, пример транспортер. Еве другар ми нема, му го зајмувам мојот кога треба. Не е основа ни чест месечен трошок. Како и фотелја или ќетнип спреј или поќе од една играчка. Или еве гребалки шо спомнавме. Ама то шо е основа и шо се "троши" и треба да се обновува - се зема во предвид пред да земиме миленик на душа.

    Поентата ми е, нема да дајш 800 за песок. Не мора да е силиконска. Има и за 400-450 и то за 10 литри, мириса добро и прај супер грутки (quick). Без многу јак мирис или без воопшто мирис има и значително поефтини од ова. Лесно за одржување и искрено не е скапо особено ако си со еден лајнарник (иако строго вервам дека +1 од бројот на мачки треба да е правило, а не предлог).

    Поентата ми е, не е евтино ама не мора да е скапо. Важно е да сме информирани пред земање миленик и секогаш има сопственици шо можат да ти помогнат со поефтини, а сепак квалитетни опции ако сакаш.
     
    Последна измена: 12 јуни 2023
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Луѓе ве молам за помош. Пред неколку денови зедов маченце на неполни два месеци, се супер ми напредуваше. Јадеше нормално, беше игриво и весело. Ама денес е малку чудно, игриво е пак, ама не може да излезе по голема потреба, се мачи кутрото цел ден.
    Како да му помогнам?
    Слабо јаде, ама многу пие вода и мокри редовно.
    Ги прашав луѓето од каде што го зедов дали е прочистено ми рекоа немало потреба, требало подоцна кога ќе потпорасне, ама не бев мирна и отидов денес до Петшоп да купам таблета, му дадов на маченцето четврт таблета пред 3 саати, ама уште не е прочистено.
    Ќе полудам од нерви и тага... Пред неполни 6 месеци изгубив милениче и едвај се опоравив, ве молам за совет :(
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Тврдо му е стомачето? Дај му малку јогуртче попосле, ама ако не излезе по нужда до утре, однеси го на ветеринар за секој случај.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Не му е тврдо стомачето, ама како подуено му стои, излезе по потреба сабајле сосем малку и тоа со маки.
    Ќе барам ветеринар утре, ама ич неубаво искуство имам со претходното маче :(
    Ќе пробам сега со малку јогурт. Фала ти на советот.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Можеби се глисти ако е подуено како балонче. Дури и да има глисти, супер си направила што си дала таблета. Следи ситуација па ќе видиш како ќе биде до утре, ама штом е игриво и хидрирано, мислам дека не е страшно.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Мајките редовно им ги лижат газињата на мачињата за да ги стимулираат за да можат да одат по нужда. Ако имаш мало маче многу е важно да му го масираш газето со влажна крпа, инаку стварно може да настанат компликации. Знам звучи чудно ама не е комплицирано. Имаш многу видеа на јутуб:



    Eдит: сега прочитав дека е малку постаро мачето, ова обично се прави редовно до 5 недели, ама можно е да уште има потреба, ништо не те кошта да пробаш... со среќа :l:
     
    На theowndemon и Rama им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Ќе дадам шанса до вечер или утре сабајле дали ќе се среди од апчето, игриво е мачето, си јадеше сега по малку, вода често си пие. Јогуртче со маки му капнав во уста оти не сакаше ич од него.
    А да не знаеш по колку време делува апчето за глисти откако ќе се даде?
    Со претходното маче си немав ваква мака, веднаш делуваше апчето, сега ништо, а поминаа 4-5 саати.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Можеби не му се свиѓал, мојата мачка на пример не сака Баланс и Бимилк. Ќе го душне само и толку.
    Ама затоа кога ќе го види шишето Бучен Козјак, се тепа буквално. :tmi:

    Извини, отупев со јогуртот. :lol: Ама спомнувам чисто да си имаш на ум, зашто може во иднина ќе прифати некој друг бренд.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Женска е. Ама во првиот пост на дијалект во брзањето пишав во среден род. Е баш Баланс и зедов, ајде демек поубав за дигестија, ама изгледа утнав.
    Ќе чекам да делува апчето сега. Ме теши што е игрива и што си пие вода.
     
    На dayla и Mishela им се допаѓа ова.
  11. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    3.098
    Пол:
    Женски
    Можеш да му дадеш пробиотик и кој се користи за бебиња. Ветеринар ми им кажно дека сите апчиња што делуваат кај луѓето може да им се дадат и на нив, само нели согласно големината да не го предозираш. Ама дефинитивно однеси го на вет со оглед на тоа што е многу мало.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Маченцето излезе по потреба денес. Апчето за глисти делуваше точно после 24 часа, ама се беше чисто, немаше глисти во изметот.
    Ја ставив на "диета" денес, не знам колку е правилно, ама мислам и тоа и помогна, бидејќи си беше лакома, а денес ја хранев помалку од вообичаено и се олесни ете:D

    Може ќе делува смешно прашањето, ама можно е стварно да немала глисти? Претходното маче секогаш вадеше после апчето:worried:
    И еден совет, колку пати на ден е правилно да се хране маче на неполни два месеци?
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    3.098
    Пол:
    Женски
    Мојот мачор никогаш не извадил глисти, а редовно пие апчиња. Така што очигледно е можно
    Инаку мачките јадат помалку неколку пати на ден. Не се како кучињата. Учи го помалку да јаде така што нема да му ја полниш до врв чинијата. Турај му по малку и кога ќе е гладно ќе оди и ќе си каснува.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    24.232
    Мачката имаше операција пред 2 дена, и' отстранија матка и јајници. Пола ден го поминува на ветеринар, прима имфузии, терапии. Денес откако ја земав, после саат време под мачката најдов црв, бел, околу 2 цм долг. Вечерва пак најдов уште еден.
    Утре не ја носиме на ветеринар, тек во понеделник, па тука да си прашам, многу ме интересира: дали излегуваат од неа, паразити се? Или има шанси да се формираат надворешно, нешто да е поврзано со раната?
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Кога последен пат бевте на ветеринар и што викаат за раната - добро зараснува резот?
    Инаку, глистите се такви бели црвчиња, можно е да има.
     
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    24.232
    Вчера ја земавме од ветеринар, рекоа дека раната е добра. После саат откако ја земавме, го најдов првото црвче, под неа беше како што си седеше. Можеби излегуваат од неа поради терапиите, бегаат.
    Баш утре ќе видам што ќе кажат.
     
  17. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Вечерва кога го погалив мачорот по грбот забележав како топки од двете страни и силно смјаука го боли и стомакот му е тврд. Не знам што можи да е а утре не работи ветеринарната клиника. Не знам како можам да му помогнам. Сега лежи надвор не сака да му се приближам. Дали некој знае што можи да е?
     
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Како ти е мачорот, подобар е?

    Имам прашање, како да го одвикнам мачето да каса, знам малечко е, ама збеснато е скроз, почна да каса и да греби со нокти и ако не му дозволам да ме касне мјаучи луто|(
     
    На Aнонимус_ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    2.785
    имам забележано дека многу често во последно време мачката испушта гасови , од што би можело да биде?
     
  20. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Го однесов на вететинар има гнојни кеси. Му даде апчиња.
    До денес седеше дома ама кога до дојдов од работа не го најдов, а требаше да го носам на контрола. Очигледно е подобар штом пак шета.
    Пробај на твоето направи му некое топче и врзи го за конец и дајму го да си игра. Уште е мало ќе му помини. И мојот таков беше како мал.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.