1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Ко загрижена мамичка се осеќам ама стварно сум загрижена. Дур седев во дневна мачорот ми се пикна позади телевизор и поврати. Претпоставив дека најверојатно му е од furball зошто се лижеше пред тоа. Го изнесов во двор да касне трева, и набрзо ја поврати тревата на 2 пати со пена. Дали има простор да сум загрижена? Пред ова најнормално си беше, игрив, си шеташе, си спиеше. Прочистен е од паразити и живее дома, па не верувам дека може да му е од тоа...
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Да не каснал нешто од ваша храна? Да се дочепал некако па сега лошо му е.
    Мојата така од маслинки повраќаше, додека да приметам ги зграбила и си се нагости. :|
    После се истури од повраќање, јаглен дадов мислам, ама се смири. Следи го, ако се однесува чудникаво можеби нема да е лошо да го ѕирнат на ветеринар.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Знае да краде храна така што можно е, го надгледувам од прееска сега за сега добро е. Стрвен беше за сува храна му дадов малку и вода се изнапи, се надевам ќе си биде добро. Во случај да повраќа пак ќе ѕвонам на вет или ќе му дадам јагленче дур да одиме. Фала ти за совет!
     
  4. ivanchos

    ivanchos Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    18.322
    Пол:
    Женски
    Помош. На мачката и е подуен стомакот и доста е тешка притоа има околу 2 месеци од кога се породи. И дадов Бихелдон за глисти но немам приметено ништо во изметот исто е и летаргична. Што би можело да е? Во градот каде што живеам нема ниту добар ветеринар ниту ехо.
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Се продаваат ли некаде заменски цилиндри од овие што се за гребење?

    [​IMG]

    Вакво, само ветрикалното за да можам да монтирам ново. Ептен се уништиле, истрошени се и испокинати на неколку места. Од три, само едно ѝ останало поасално на мачкава, ја гледам се нервира, па да најдам нови наскоро. Во Фауна прашав, немаат.

    Или дајте предлог како да ги поправам овие што ги имам. Може да се намота некој покрупен јутен канап?
     
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    @Mishela можеш сама да намоташ само ти треба од дебелиот канап и пиштолче со силикон, јас така и направив гребалка сама. И не е многу скап на метар.
    IMG_20230712_221331.jpg


    Јас да прашам од која причина може да не сака да јаде од чинијата со сува храна, на секое каснување си вади со рачето по неколку и така веќе неколку дена јаде.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Фала @kristina.k, да ти кажам така некако и планирав, само не ми текна на пиштолче со силикон. (facepalm)
    Многу полесно ќе ми биде така и дефинитивно ќе пробам. Да набавам канап прво, па ќе се потрудам што поскоро да го средам, да ја тргнам и оваа обврска од глава. Ептен се нервира дека не може убаво да се гребе, па и ја се нервирам што она се нервира. :D

    За твоево прашање, да не ѝ мириса на нешто чинивчето? Види ако не пребриши/премиј, па врати ѝ ги гранулите внатре. Може па само нешто ново ѝ е, па го прави зашто ѝ е интересно. Мојата некогаш така прави кога ѝ давам пилешко варено - си вади едно по едно парченце и подлогата кај што јаде нон стоп е шлакатарник. :tmi:
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    @Mishela го измив убаво и пак исто. Изгледа интересно и е, си наоѓа занимација.
    Денес и нова повисока чинија купив за секој случај, вечерва и наместив, ама нема уште јадено. Ќе видам утре дали ќе прифати.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Здраво една информација имам малп маче 3 месеци вчера вечерта ми го нападна куче сабалево го носев на ветеринар задните нозе му ги скршило го оставив таму ќе го оперираат ќе му ставаат шипки на нозете дали има некој искуство како ќе функционира после мачето многу сум исплашена
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.219
    Допаѓања:
    162.749
    Пол:
    Женски
    Дали некој има најдено негде неапсорбирачка песок? Треба да берам мокрача од мачка така да секоја помош е добредојдена.
     
  11. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.191
    Пол:
    Женски
    Има специјален песок (кристали) за урина, не знам кај нас дали има. Алтернативно да пробаш со нормални кристали, ама колку стерилна ќе е урината… Не знам. Најточна анализа се дава при вадење урина директно од мочниот меур, ама е и малку инвазивен процес. Не знам зошто повеќето ветеринари не сакаат да направат “цистоцентеза” или како и да е преводот на македонски.
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.219
    Допаѓања:
    162.749
    Пол:
    Женски
    Лани ко му беше операцијата имаше моч изваена дирек од бешика пошто така го празнеа. Сега даваше знаци на потенцијално уринарно затнување пак, ама врви само со апчиња. И веќе е значително поокеј. Вет ми рече ако можам да соберам моч би било супер покрај другите испитувања шо праевме. За песок битолски пет шопој нема на кој не јавив или на кои слајднав во дм. Песок не можам да најдам шо не апсорбира и шо е за собирање моч.
     
  13. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.191
    Пол:
    Женски
    Верувам дека е мачор, штом толку уринарни блокади. Исто беа и кај мене, пред кастрирање кај мене сите се изблокираа… Какви апчиња даваш и зошто? На каква диета ти е мачорот, причина за толку чести уринарни блокади? Стрес, диета, проверени ли се бубрезите? Што е причината за толку уринарни блокади? :worried:
     
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.219
    Допаѓања:
    162.749
    Пол:
    Женски
    Блокажи пред кастрирање??? :o
    Баш е типично за кастрирани мачори шо живеат дома. Ептен анатомијата е против нив.
    За првиот пат беше дека е недоволно вода. И реално само тој еден оат е блокнат. Од тогаш зедов фонтана оти сериозно овој не знај да пие од чинија, ни од бокалите, ни од чаша, од ништо значи, нема шо не пробав пред фонтаната и дури и на неа едвај се навикна ама бар се навикна. Со фонтаната почна да пие доволно вода и уринираше совршено се до Неделата и то дур ојдовме на вет тој веќе почна пак да моча скоро нормално ама не ми се ризикуваше да не одам (ако еднаш блокира има ризик да блокира пак и уште лани бев свесна за ова и зато сум екстра претпазлива). Сега Вторник и веќе уринира "по шема" како ништо да не било. Се храни по препорака на вет. Сега гледаме оти е втората. Технички не е затнат, ко фатив ко почна да уринира поќе од еднаш едно по друго и го однесов па не треба ни катетар. Пие еден антибиотик 7-8 дена, и едни уринарни капсули, ми рече до крај, 30 има внатре. Овај пат можи и да е стрес пошто е плашлив и има нешто од шо се плаши периодов и пробвам да го елиминирам то нешто оти генерално неќам да се вознемирва. Има историја кај шо се "подзатнува" после извор на стрес, баш ко го носев на контроли после операцијата, кратко се влошваше истиот ден после посетата за чим се смири наеднаш да е ко ништо да не било. Ова е исто нешто шо е на маса за зборање чим е вака океј да скокниме на другиот проблем.
     
    Последна измена: 19 јули 2023
  15. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.191
    Пол:
    Женски
    Пред кастрирање поради тоа што имав нестерилизирани две женки кои постојано ги тепаа мачорите за да не се спарат. Постојан стрес зашто сакаа нели да се парат, а не можат, што значи од стрес, ваљда плус што беа на сува храна, никако повеќе. Мачките се општо познати по тоа што не пијат многу вода, а и ветеринарите кога ќе предложат сува храна - толку од мене. Кога има уринарна блокада - сувата храна е големо НЕ. Плус тој период и куче земав и можеби придонесе за повеќе стрес, не знам уште, ама ми рекоа дека е од стрес поради неможноста да се парат. Јас лично не би се вратила на сува храна, иако е баш “pocket-friendly” и “најквалитетната”.
     
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Можно е мачево да ми е психички болно? :worried:
    2+ месеци има, ама многу е лошо и бесно, само каса, гребе, и ако не го оставиш да каса мјаучи бесно, дава напон со нозете се стега, се турка и буквално тогаш те загризува и испушта бесни крици.
    Во тие моменти како да му е згрчено телото и прави чудни фаци со очите, ушите ги крева стегнати нагоре. Јас вакво нешто првпат гледам во живот8-|
     
  17. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Не ти е мачето психички болно, туку е само... мало маче! :) Најверојатно малце диво и несоцијализирано, и најверојатно многу игриво.
     
    На Srckata28, theowndemon, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Има играчки, ептен и е посветено внимание и љубов, редовно си играме, ама ајде можеби е малку подива и побесна дека е малечка. Се надевам дека ќе се смени со тек на време :D
     
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    Мачките вака прават коа јадат од длабоки и тесни чинивчиња, каде брковите им се удират од рабовите, и ги болат оти се нервни завршетоци. Исто многу јадат само од средината, другото околу не го јадат. Дај му у плитка чинија да јаде.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Дали само влажна храна им даваш и каква?