1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. Vekiiii124

    Vekiiii124 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Zdravo:)
    Dali poveketo od vas sto cuvaat pretezno mace vo domasno uslovi se soocuvaat so istiot problem kako mojot:D:D
    Mojov macor doma se mi unisti so grebenje nemozam nikako da go kontroliram.
    Da nepomenam vo tek sum da kupam grebalka no prasanjeto mie dali i od koga ke mu kupime grebalka pak ke grebi po doma deka stigne:D:D:D
    Pozdrav i imajte ubava i prijatna den:)
     
  2. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.839
    Не си сама :sweat:
    Ние зедовме гребалка кога беше скоро година стар ама џабе, веќе си се навикна да гребе на фотељата и не му е интересна гребалката. Требало од мало да се научи
    Имаме и помало маче тоа одма се научи
     
    На Agness му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nora02

    Nora02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    35
    Здраво, имам мачор кој го чував 6 години во двор, но дојде друг мачор и постојано се дават. Го земав во соба еден период, но избега и го немаше три месеци. Дури сега се појави, ослабнат и co огромни рани на вратот и гној, очигледно од давење, но е и многу исплашен и не можам да го фатам никако за да го однесам на ветеринар. Некој лек знаете ли, спреј или слично што ќе можам некако да му ставам или во храна?
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.320
    Пол:
    Женски
    Се играат ли вашите мачки сами и како, што наоѓаат како занимација?

    Значи имам мачка, мнооогу сака да си игра. Разбирам дека е таква карактерно и плус е домашна мачка во стан, но она сака да ја играм да трчи по конец секој момент кога е будна. И кога се играме, многу брзо трча по „пленот“, до степен што ќе се умори и ќе диши забрзано, ќе легне и после 10 секунди пак е спремна. :D

    Моментално цело време има некој дома и има кој да и обраќа пажња, така да не е дека 8 сати чека некој да се врати па мјаука за внимание. Едноставно цело време сака внимание во вид на играњењ (не мазење). :D

    Знам дека ова зависи од мачка до мачка и е нормално, но само ме интересира како се вашите однесуваат и можеби некои идеи за сама да си наоѓа занимација. Има секакви играчки низ цел стан, гребалки, и оставам топчиња, ѕвончиња, исто и оставам на високо топчиња или слични предмети да сака да ги бута на земја и ништо.
     
  5. Ani45

    Ani45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    Јас на мојот мачор од Џамбо му купив како тунелче едно и на него висеше топче ама го откорна, ич не беше скапо околу 150 денари и сам си игра влегува, излегува од тунелот, се залетува, само така сам си игра и раат сум:D
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.320
    Пол:
    Женски
    Го имаме истото, баш од Џамбо. Се игра само јас ако ставам нешто внатре и она да го бркa, тие што висат ги игнорира. Зависна е значи од мене, ѓаволче мало. :devil:
     
    На Ani45 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.849
    Пол:
    Женски
    Кај мојов играчки не помагаат.
    Со рандом партал си се занимава (стара маица и врвка од патика).:D
     
    На Ani45 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Дали е точно дека ако им се сечат ноктите на мачка дека повеќе ќе ги оштри по мебел и сл?
     
  9. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Во дилема сум, до сега не ги сечевме, а фотелјата веќе настрада.
    Плус не сум сигурна дали ќе остава
     
  10. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.839
    Веќе неколку дена мачката се однесува многу чудно. Постојано мјаука, се гали. Обично беше по дива, се галеше само кога сака, а не можевме да ја земеме в раце за галење.
    Дури досадна станува од што многу мјаука. Не делува дека има некој здравствен проблем.
    Стара е 6-7 месеци, дали е можно пред година да бараат за парење.
     
    На Believe.in му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Можно е, обично тој период добиваат нагон за парење. Следи ја како ќе се однесува деновиве, ќе видиш. Првите денови нема да знае што и се случува, потоа ќе почне и да завива. Ако почне да се трие, да се рола по подот и да се трти, тоа е тоа. :tmi:

    Ако не гребела мачката претходно по мебел, не верувам баш сечењето нокти да биде причина да почне. Поверојатно ми е за инает да ви прави така. Особено ако реагирате. Знае дека на тој начин ќе привлече внимание, па си продолжува.
     
    На h.ope и Believe.in им се допаѓа ова.
  12. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.527
    Допаѓања:
    1.657
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Има еден мачор од 2 години улично. Се врти во мојот двор. Сакам да го вакцинирам (за прв пат) па би сакала да знам колку би ме чинело тоа?
     
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.783
    Пол:
    Женски
    Јас имам мало маче во двор, само си игра со ластик и чорапи ако паднат од жица, си начекува и си игра, многу сака во скут да седи.
    Исто, со играчки не си игра, со што ќе најде во двор, пред некој ден со стегач за коса, ми падна и си играше.
     
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Најдов исфрлено малечко машко маче, едвај стои на нозе, го нахранив со млеко со шприц. Не се разбирам во малечки мачиња, ама мачето е фрлено многу мало, малтене само што прогледало....
    Го ставив во кутија, ставив облека да му биде топло.
    Читав дека треба да го масирам на газето за да излезе по потреба и кога го правев тоа, над задните ноџиња најдов рој бели мали црви, едвај ги чистев надвор со мокра крпа за да се лепат на неа, го дочистив некако и го искапив со топла вода, го исушив убаво и сега спие на сонце замотано во дебела крпа.
    Што да му правам друго?
    Вака личи дека црвите се исчистија....
    Зошто се појавиле и како да го третирам?
    Арам да им е на тие што го фрлиле толку мало и беспомошно!
     
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.320
    Пол:
    Женски
    Оф искрено, нема многу што можеш да направиш. На новороденче му треба мајка за жал... Млеко кравјо е штетно за мачки, единствено ако си во можност да купиш мачја формула од пет шоп.

    Црвите се паразити за кои мора апчиња да дадеш. Во лоша состојба е мачето, чувај го според можностите кои ги имаш во моментот, но немој да се обвинуваш ако нешто се случи затоа што за толку мало маче ретко преживува без мајка.
     
    На theowndemon и Rama им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Какво апче да дадам?
    За глисти смеам да му дадам малку во млекото?
    Немам во близина Пет шоп, не можам да излезам за скоро :(
    Сакам да се спаси, затоа што скоро загубив милениче.
    Имам читано дека им даваат оризова вода, да му дадам со шприц?
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.320
    Пол:
    Женски
    На интернет пишува да му дадеш јогурт или жолчка од јајце измешана со јогурт. Подобро од млеко. Дади му за глисти да, тоа е тоа, супер чим имаш.

    Пробај прво со тоа горе што пишав наместо со оризова вода. Прво пробај само јогурт да видиш дали ќе јаде, потоа измешај со жолчка и чувај во фрижидер. Давај му често да јаде.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Имам апче за глисти, му скршив малкуцка.
    Ќе му помогне?
    Ќе купам и јогурт.
     
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.320
    Пол:
    Женски
    Се надевам, тие паразити се тоа, глисти.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Скршив многу мало парче и му го ставив во уста, ама не знам дали е доволно?