Здраво, сакам да ја кастрирам мачката, дали тоа се прави само одреден период или може било кога? И дали ја знаете цената отприлика?
Треба да има над 6 месеци мачето. После тоа може. Не знам дали е различно за мачка и мачор. Јас им мачор и само требаше да почекаме тие 6 месеци и после без проблем го кастриравме. Мислам дека во договор со вет ќе ти каже како е најдобро. А цени не знам
Консултирај се со ветеринар и закажи си со време, зашто оперираат само до пролет. Сега ти е идеално да искалкулирате и да закажеш термин. Кога ќе затопли од пролет не прават операции.
Таман е возраста и супер ти е планот. Со лесно и не се секирај, жилави се многу и брзо се опоравуваат.
Офф, ич не ме потсетувај. Мислам дека и по две години, уште ми зујат ушите од деноноќното ваувауваууууу. Ајде броени денови се, ќе помине па ќе средите.
Да прашам како се чистат ушите на мачките. читав дека не смеат да се топат со вода, но внатре му се црни
Немој да ги чистиш дома. Подобро да го однесеш мачето на ветеринар, да видат да не случајно се работи за ear mites. Ако ушите се црни внатре, голема е веројатноста дека треба да прима некоја терапија за да се исчисти. Не е страшно, ама е досадно малку.
Се согласувам. Ја мачето го носам за тоа на вет и одма го средуваат к му даваат капки. Подложни се мачките на ушни инфекции
Многу* Пу, пу машала *чука три пати в дрво* (ко ќе се работи за здравјето на мачорот суеверна сум), неколку месеци нема мака. Ми предложи вет да чистам дома и ми покажа како ама тешко е да го држам и чистам и то да е прецизно. Повремено кога почнува да треси гла ми е знак за чистење и го носам на вет. Ама дур стигнавме до ова беше стварно, стварно досадно и мачно и за мене и за него. Чим има валкани ушиња како со црно внатре, треси глава и се чеша зад уво (и пробва внатре да чеша, со ноктите можи и да се гребни) - време е за вет.
Најдобро е на вет одма, се согласувам. И јас не се нафаќам да ја хендлам мачкава дома. Едноставно е невозможно и не можам нит неа да ја потресувам, ниту па себе си. Премногу е драма квин, невозможна е за соработка, ко мачките на инста рилс што се тепаат со ветеринари и обраќаат маси е. Ја мотам успешно само за нокти сечење, за друго мало сутра. Среќа немала проблем со увциња досега, ама блиска моја знам дека ептен мака мачеше со проблемов и стално беа по ветеринари. Битно да не се остава на случајност, да се реши проблемот.
Здраво. Незнаев точно каде да напишам па решив да прашам тука. Можеби е малку чудно но дома се грижев за 9 мачиња од кои 6 беа мали. Од малите почнаа да умираат. На крајот ми останаа уште 4, пред околу една седмица ( бидејќи ги чувам надвор) истите ми ги снема во период околу 3 дена. Потоа се вратија и за краток временски период сите почнаа да повраќаат и се многу истоштени. Накратко сакам да прашам што да направам односно каков лек да применам се со цел да им го зачувам животот?
Имам мачор 5-6 месеци и го чувам дома.. Постојано станува рано сабајле околу 5 и цело време трча по собата.. Дали има некаков начин да му направам рутина, да станува покасно или пак да стане и да си леже... Очигледно морам да го држам покасно навечер без спање
Жалам, ама прилично сум сигурна дека нема да успееш "рутина да му направиш" и да се придржува до неа. Мачките посебно на таа возраст се прилично активни, посебно ноќе, а денот го поминуваат во спиење и излежување. И јас спиев со месеци во соба со маче и знам како е. И да заспие во 1 по полноќ станува во 3, трча низ соба, гребе, си игра, па заспива, па стануваше во 5 наутро како аларм за да јаде. Имам познаник што чуваше мачка во соба, спиеше во соба со него и немаше проблем со спиење навечер, спиеше бајаѓи и навечер, ама тоа беше стара мачка.