другарки уште едно прашање.. За мачотчето 5-6 месеци зедов храна топчиња, заборавив да прашам која количина треба да се дава и колку пати на ден.. Земав рефус од пет шоп, така да незнам за која фирма станува збор.. Дали знаете по колку да му давам?
Отприлика, ориентационо. Меѓутоа ова е премногу општо, а како што пишува и на сликичката, варира количината во зависност од самиот бренд на храна. Следен пат кога ќе купуваш прашај каква точно храна ти мерат и проверете на оригиналното пакување која препорачана доза ја пишува.
Девојчиња, Кој песок го користите, кој прави убави грутки и убаво мириса? Воопшто не сум задоволна од тој од Кам.
Овој го купувам од пет шоп. Самиот песок нема додаден мирис, но не мириса воопшто по вршење нужда. Долго време само овој го купувам, одличен е.
Zdravo kolku dolgo moze doma samo da bide mace ima dovolno hrana I voda dali moze 2 noki I 3 denovi ziveeme vo stan
Може, не е проблем. Јас мојот сум го оставала кога сум немала избор. Поголема траума му е, лично нему, да го мкнам по коли и патишта отколку да седи сам дома. И вет. ми има кажано дека за мачка тоа не е страшно, самостални се. Ќе му оставиш на повеќе места во станот чинивчиња со јадење и вода, само не му оставај течна храна нема да ја јаде.
Од каде можам да купам најевтино играчки за мачки.. Разгледував во џамбо, за мачки многу малку работи има
Дали некој знае каде може онлине да се нарача N&D храна за мачиња во вреќичка до 1.5кг? И дали знаете дали онлине може да се нарача килограм два а не цела вреќа од 15кг?
Во рамстор маркетот во капитол може да се најдат играчки/реквизити за мачки со ок цени. Не знам дали секогаш има, ама имам начекано топчиња, глувчиња, меки играчки со кетнип, играчки на стапче... има солиден избор.
Не сум видела досега мали вреќички N&D, не знам дали има. Но, обично ја имаат во секој поголем пет шоп. Во Скопје, во Вет Свет и во Фауна 100% има, порано купував од неа на мерење количина од 1-2кг. Не знам дали вака рефус праќаат до други градови, но можеш да ги прашаш на некоја од социјалниве мрежи или по телефон.
Дали маче може да се носи на шишање во оние салони за миленичиња (или тие се само за кучиња)? Моето има многу долго влакно. Гледам жешко му е на лето и тешко се бања голта влакна.
Јас ја носам мојата во Налетоски и сум презадоволна од нив. Беа на кружниот кај порта влае, сега се погоре од сп планет малце во Ѓорче