Здраво. Мачето има околу 5 месеци и пред една недела имаше пролапс на ректум (цревото беше излезено надвор од анусот) бевме на ветеринар го вратија назад и сошија. Прашав со што да го хранам ( дотогаш го хранев со сува храна за мачки и цело време имаше чиста вода), ветеринарот ми рече само со храна за мачиња продоживме и со сува храна натопена со вода и течна храна но еве веќе недела сеуште има проблем со какање. Дали некој има искуство да ми посочи што треба да направам понатаму околу храна и варење на истата некое испитување или било што би ја подобрило неговата состојба? Не сум многу задоволна од страна на ветеринарот. За една недела треба да одиме за вадење на конците.
Ако е домашна мачка не би требало да има проблем. За оние што се често надвор има посебни што лесно се отстрануваат ако се закачат некаде, побарај такви. Делот што се закопчува е како круг и на повлекување лесно се откопчува.
Жени здраво, си вдомивме мачор го чуваме веќе 6 месеци, уште не е кастриран бидејќи нема полна година рекоа да почекаме се да се оформи убаво. Арно ама почна сегде по дома да подмочнува не се изржува веќе. Некој совет што да направам за да престане?
Песок претпоставувам има? Обично подмочнувањето е првите месеци додека се научи каде му е песокот. Инаку маче дури е мало е во ред да се чува дома, ама после почнува да прави проблеми и да кризира.
Кастрирај го. Јас мојот на 8 месеци го кастрирав. Ќе го проверат пред операцијата, ако се спуштени тестисите, нема никаков проблем да се кастрира, па и 6 месеци да има.
Мачка или мачор од прв ден знаат каде треба нужда да вршат, еднаш грешат или ниеднаш. 8 години чувам мачор исклучиво дома незнам што ти значи дека кризира.
мачорот си обележува територија затоа ти моча на секаде има во пет шоповите спрејови и најдобар совет ти е да го кастрираш оти ќе почне наскоро женски да бара
@Bravenewmama честитки на зрелоста на мачето. Однеси на вет да потврдат зрелост, како шо ти рекоја погоре спуштени тестиси ќе видат и тоето. Ќе можи да се кастрира. Пошто, колку поќе време бележи територија дома, има ризик да му остани "навика". Чим почна да бележи - време е за кастрација. И со среќа чистење. Во една соба мебел сменав зошто не излезе смрдеата.
Фала на утеха хахах. Сега за сега успешно чистење Одиме на преглед во понеделник да видам што ќе кажат. Фала ви на сите за одговорите.
Исто имам мачор, што сега наполни година, сеуште го немам парено. Се мислев да го кастрирам, најмногу бидејќи ме уплашија дека може да стане агресивен и да напаѓа. А во глобала спијам со него, мислам дека е најмилото и најмирното маче што некогаш сум го имала, воедно и најголемото, веќе е скоро 6кг. Тоа што сум бремена уште повеќе ми го храни стравот.
Немаш ни ти ни он никаква потреба од парење на мачорот. Имам 8 години мачор и 4 годишна ќерка. Кастрирај го додека не дошло бебето, заш кога ќе им удрат хормони во глава ништо не гледаат пред себе освен да побегнат, ако треба и ќе нападнат а не е нивна вина, твоја ќе биде бидејќи не си решила со време. Кастрација е само 24 часа посебна нега, болести донесени од надвор поради парење и борба со мачори богами не поминува за 24 часа, а со бебе проблем уште поголем е.
Не знам каде се закачило мачето на некоја жица валјда има раничка на вратот и бидејќи нон стоп трча а, не мирува не може да му коагулира да се засири крвта. Јас го премачкав со восок. Страв ми е да не умре. Загрижена сум бидејќи веќе еден месец не и поминува раната. Јас ја мачкам и ѝ тече крв. На хранопроводот некако му доаѓа.