dom/mali-oglasi-za-domasni-milenicinja-t6710/190.html?hilit=%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B8%20%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8#p1949833 тука можеш да се обратиш за таа тема
јас припитомив и тоа две малечки маченца ми требаше околу два месеци само трпение и да стекне доверба во тебе храни го ти стави храна во рака и ке дојде да јаде... играј почесто со него јас малечко топче имав на врвца и полека во игра ке дојдат блиску и така постепено се навикнавме
Фала ви на советите, тоа со храната баш и не успева зашто се приближува малку, па со неговата рака го турка јадењето од мојата рака и си го јаде. Ама ако, ќе го припотомам сигурно. Фала ви
Ве молам за совет... итно ми е! Мачката која што ја чувам најчесто затворена, а кога била надвор подалеку од двор не била, и без преноќена ноќ надвор, ми избега на 3 дена. Во ред, се врати, но се врати во многу лоша состојба. Не јаде ништо, не пие течности, телото и е ладно, и единствено само спие. Вчера дека недела едвај го добив ветеринарот на моб. ми кажа било фаза после парење, не било страшно и ми закажа преглед за денеска во 10 сабајле. Но, сабајлево заминал на сахрана во друг град, ќе се враќа накај 17.00. Работата е што денеска состојбата и е полоша, не реагираше до толку што во еден момент помислив дека умрела Прашањето ми е што можам ја да напраам во меѓувреме за да и помогнам??
Би ти препорачала што побрзо да ја однесеш кај друг ветеринар. Не мора да значи дека е само фаза после парење, може и да ја удрила кола и да има внатрешно крварење (најлошо сценарио Има многу ветеринари кои можат да и помогнат, ако ти треба број или локација, слободно кажи. Се надевам се ќе излезе добро.
Дали некој знае каква раса е мачето...си дојде самото дома кај мене и тука е веќе 2 месеци а појма немам каква раса може да биде,крзното и е густо и големо..иаку јас ја банјам таа во денот по незнам колку пати се чисти сама. https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... 92ad90d5d0 https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... fb9d6aa90d Барав на нет видови мачки и само 2 раси најдов што имаат сличности со моево... http://milenicinja.mk/macki/norveshka-shumska-machka http://milenicinja.mk/macki/tifani-machka ај некој ако знае да ми каже каква раса би можело да биде
Колку е само прекрасно и премило срценце!!! Може не е чисто расно маче зошто кај нас расни мачки, освен персиски и сијамски, тешко се наоѓаат. Најверојатно е мешавина со ангорка ама тоа не е воопшто важно, не се оптеретувај со расата Само љубов и соодветна грижа! Инаку бањање не практикувај (мнооогу ретко! - особено ако го чуваш дома), воопшто не е добро затоа што се пореметува природниот баланс и лесно може да се настине, а самите знаат супер да си се одржуваат со лижењето.
Да споделам нешто важно за сите кои имаат мачиња. Еден совет го добивав од сите ветеринари: коски од риба не се даваат на мачка. Зошто јадат брзо и лесно е да им се закачи во грло, па чести биле случаите да умрат од тоа. И не го слушав советот, се додека нашето маче не почна да лежи како изнемоштено, да го боли нешто под грлото. Ветеринарот му изнададе инекции и лекарства за да се стопи коската и одвај го спасивме. Но, на едни пријатели им умре мачката. Боледуваше неколку дена и умре. Од тој ден не му даваме дома коски од риба. Затоа и вие бидете внимателни. Ветеринарот кажа дека имале многу вакви случаи и дека коските од риба се буквално забранети за мачките. Се надевам дека некому ова ќе му помогне. И јас не слушав, се додека не го затекна и нашето маче.
Да објавам и тука...душичкава моја веќе три дена ја нема најверојатно е украдена. Доколку има некоја феминка од околината на Струга доколку ја забележи некој веднаш нека ми пише, лесно е препознатлива по шарените очиња
^ An4e24 што биде ја најде? Баш е душичка. Инаку јас белото мачароче си го припотомив, ми се вртка околу нозете, ми дава да го галам, дури прееска и го кренав.
Луѓенца, чувајте си ги вашите мачорчиња и мачки, моето тукушто умре, многу ми е тешко, после 2 недели мачење денес не напушти. Имаше неколку болести од кои една многу обасна FIP in cats, речиси и да нема лек, многу е тешка состојбата. Ние имавме феноменални ветеринари кои беа посветени сто посто, доаѓаа и Недела за да се грижат за наш Пепе, многу им благодарам. Пепе беше многу златно маче, мачор ипол, но не ги послушавме нивните совети и не го вакциниравме, затоа го изгубивме. Овој период е доста критичен за нив, има многу болести кои нема да можат да ги пребродат, дел од нив се Ринотрахит, Панлеукопенија и ФИП, на сето тоа ние имавме и Хемобартонела и многу јака жолтица, направивме се но тоа не беше доволно, Пепе не напушти.
^ Не веруваш колку ми е мило. Ти реков дека ќе се врати. Штом си го вдомила од надвор, тогаш ќе се шетка вака понакогаш. Ама на крај секако ќе се врати. Мачките се врзани за територија.
Лелел мачките срциња се ....Ногу ги сакам.Братот на баба ми одел на нива и видел едно маче цело сотрено се врткало до него.Го земал и почна да си гу чува во дров..Не го носеше на вет. ама се залечи мачево...А оно бело со ептен малце жолто(бледо жолто накај главата).После некое време одиме кај нив на гости и ја ваква Тоа ангорка да ти биди...и ни да каса ни да греби само за во скут ..Кога роди малечки земаме едно...Лелел тоа какво беше..Од надвор лепотанче.Бело,плави очи,со долги влакна.А шо беше немирно леле мајко..Секаде се пикаше по куќите..Еднаш отворена вратата си влегло и си легнало до мене.Ако не бил вујко ми ќе сум го налегнала.Баба ги испрала перниците оно си легнало врз нив..Шо му даде после Имаме и загар тогаш и мачево цело време го задеваше кучето.Го провоцираше На крај го однесоа некаде. После земаме уште едно од истат мачка тоа па диво Избега и не го видоме од тогаш.И трета среќа(пак од таа мачка) ангел у секоја смисла.Жолтко-белко дебелко Право во скут идеше да го галиш.Го научив криенка да игра ..Ногу беше слатко..Сите комшии го сакаа.Еднаш се разболе и не ми даваа да го галам..И ја само го гледам и оно мене мислиш и двете ќе заплачиме(женско беше).Две години ја чуваме..Една мачка ногу ја задевање и избега..Ја снема еден ден... Мајка ми не ми дава да чуваме во станот дома..Кога ќе пораснам ќе си купам.
здраво јас си вдомив маченце скроз бело, полуперсиско... и сеа приметив има различни очиња, едното зелено другото плаво... старо е еден месец... велат тие што се со различни очи се слепи... дали е навистина така? некој да ми помогне :/
Мачето што го имаш вдомено е сеуште многу мало за да биде одвоено од мајката. Единствено ако нема мајка е оправдано толку раното вдомување на еден месец, а маче на таа возраст треба да се третира со посебно внимание со исхрана, затоплување и сл. (имаме околу тоа коментирано во темава и во 'Грижа за домашните миленици', можеш да разгледаш). Сепак со оглед на тоа што веќе му се разликува бојата на очите можеби има месец и пол-два, бидејќи сите мачиња се раѓаат со сини очи, а бојата ја добиваат после 6-7 недели. Сините очи кај мачките со бела боја се поврзуваат со глувост, а не со слепило. За тоа си има објаснување и е врзано со генетиката на таквите мачки, но не сите се глуви. Некои може да се целосно, некои делумно, а често и немаат проблем со слухот. Мачките со различни очи (хетерохромиа) можно е да бидат глуви на страната на синото око, но пак тоа не е случај кај сите мачки и најчесто се во ред. Во секој случај следи го мачето за да заклучиш дали слуша на тоа уво, дали реагира на звук на таа страна. И без оглед на се, мачињата нормално си живеат и со тоа и се со уникатен Бон Џови изглед .
дали на некое од вашите мачина му се има појавено паразитска-бактерија народски кашана како краста која се одразува со рани на одреден дел од телото и опаѓање на крзното и како дејствувавте?