Здраво сакам да прашам како се справувате со крлежи кај мачор? Му ставив ампула кај вратот дали би имало ефект тоа или мора на ветеринар?
kako moze da se iscisti domasno mace od buvi? stavivme dva pati ampuli no ne se efikasni... celo vreme se angazirame da ja cistime kukjava i pak dzabe
Здраво, ќе ве замолам за помош... Како да се справиме со крлежи кај мачор.?Скоро секој ден фаќа крлежи...
Здраво на сите, Имам персиски мачор... Пред инеколку месеци имаше многу болви и со соодветен третман кај ветеринар ги исчистивме, но во последниве неколку недели почна да го гризе опашот (поточно врвот), толку многу што го раскрвави. Го третираа на ветеринар со маст, антибиотици му дававме, па утре ќе го носиме на контрола. Денеска забележав, повторно се обидува да гризе на истото место. Ме интересира ваше мислење.. Дали вие сте имале ваков случај? Која би била причината и што е најважно, што да направиме за да престане да ја гризе опашката. Ви благодарам однапред.
Дали по дома имате освежувачи на воздух, мириси, мислам на оние во штекер што се ставаат? Ако имате вади и во ѓубре. Колку често вие користите по дома парфеми? Пробајте да намалите. Со тоа го менувате вашиот мирис и им се качува нивото на стрес. И најважно колку му е досадно? Мора да го играте минимум два пати дневно по половина час. Досадата исто им прави стресна околина.
Да, во август минатата година, купив AirWick кој се приллучува во штекер... За парфеми, спрејови за простории ретко.. За досадата, искрено слабо го разигруваме преку ден.. така да отсега почесто ќе играме со него. Денеска му ставив чорапа на опашката да не ја гризе.... договорив утре да го носам на ветеринар па ќе видиме... Не знам дали ќе се среди ситуацијава. Гледав на интернет има некои спрејови како катнип, и за анти стрес на база на билки... што мислите за овие, да му купам?
Тие спрејовите можеш да пробаш, штета нема, може само да не им делува. Можеш да пробаш и со CBD масло. Инаку играјте го почесто. Тоа AirWick ако уште го имаш вади го уште денес.
Како е можно мачор после ампула пак да ми носи крлежи? Само му стојат во крзно, не го гризаат крлежите.
Многу од вас се жалат на ампулите, така да би ви препорачал или почесто да ги бањате или каишка ставете им. Исто така прочитајте убаво што пишува на ампулата колку долго не смее да се бања по ставањето на ампулата, ако го избањате пред тоа време нема ефект ампулата.
Или не е правилно нанесена или не е соодветна ампула (не се сите ампули против крлежи, некои се само против болви) или не е со добар квалитет. Ампулата мора да се нанесе директно на кожата, најдобро позади на вратот (за да не ја излиже). Често се случува да се истури врз крзно и воопшто да не допре до кожата на мачката. Во таков случај, нема дејство.
Мачорот приметив дека се чеша кај вратот (може не е од тоа бидејќи не се чеша често, случајно приметив) има како рана некоја, дали се степал со некоја мачка не знам, ама црвено му е како рана некоја, што може да му ставам за да му помине? Вака најнормално функционира и не се чеша често?
Прашоче со антибиотик (банеоцин) ако имаш. Најдобар лек за рани кај мачките е нивната плунка, многу брзо им заздравуваат ако може да се излиже убаво на местото. Ама ако се чеша, макар повремено, може да го отежне заздравувањето на раната и може да ја влоши, да се насобере гној итн. Друга опција е виоплекс спреј, ама тоа јас би ставила само во краен случај. Мачките бурно реагираат на спреј, може да те изгребе или изгриза.
здраво на сите мојата мачка има астма, како да ја направам подобра таа не сака да користи лекови, таа е исплашена кога ѝ давам лекови.
таа има терапија, антибиотици и аминофилин, но не можам да и ги дадам. таа е исплашена и кога се обидувам да и дадам, таа диша многу тешко и бега
Мора да ја прима терапијата. Или во храна ќе ја ставаш , пример во парче месо некое зависи што јаде или директно во грло апчето. Ама обиди се со храна прво, имаш туторијали на YouTube како директно да дадеш.
да Се обидувам да му ставам во храна, но тој не јаде сега затоа што знае дека му ставам нешто во јадење. се обидувам со месо, не сака,со сирење или мед, но не сака. не јаде два дена.се обидувам со шприц но тој е исплашен. не е 1 пат на ден, тој зема терапија 3 пати на ден.
Имаш на јутуб побарај видеа за како да и ставиш на мачка апче во уста и да го голтне, а да не биде трауматично за мачето. Прилично брза е постапката за тие шо имаат извежбано. Со шприц и јас пробував во течна форма растопени да и дадам и мислам дека послем мачката 1 недела ме мразеше за тоа.