Додека ја галиш пополека станувај ептен, ептен нежни и спори движења прави. Сака да се гали ама уште и е ново местото, дај и уште малку време ќе се опушти и ќе почне да ти верува. Можеби била исплашена од нешто од некој друг претходно пред да ја земеш па сега е претпазлива многу.
Гледај видеа од Џексон Галакси на Јутуб и следи го на социјалните мрежи за совети. Инаку, имај трпение. Три дена се малку. Потребно е време за да се навикне. Учи ја на името, полека довикувај ја. Полека станувај и нуди ѝ закуска (од оние јуниор ќесички или паштети за маче). Поткупот е клучен. Гледај дома да не ти е прегласно за да не се стресира од звуци.
3-3-3 закон за мачки . 3 дена да се опушти, 3 недели да научи рутина, 3 месеци да се чувствува како дома. Полека само, кај и да е ќе стане газда по дома.
Јас знам една странска страна кај што продаваат разни раси на мачиња, ама ако имаат не знам како е со доставата. Иначе можеш да се распрашаш во Србија, они се добро снабдени со легла на мачки и кучиња. Тука кај нас ќе најдеш само некои како Стефан Кирков.
Имам 7 месечно маче, ја чувам веќе 6 месеци и уште од мала е премногу бесна, мислев како ќе проаѓа време ќе се смири ама се побетер станува. Ми се качува по телевизори, монитори, не ме остава на раат никогаш кога имам нешто да работам постојано сум на штрек да не ми бутне/искрши/искине нешто. Искрено уморна сум и исфрустрирана не знам како да и помогнам и на неа и себе. Има милијарда играчки, има две гребалки, најадена и напиена е секогаш. Ве молам за совети.
Сеуште е многу млада кога се помали сѐ ги интересира обично после година дена се смируваат малце. Мој совет ако не е кастрирана да ја кастрираш.
Јас мојот мачор го кастрирав во универзитетската ветеринарна болница во Автокоманда ама тоа беше пред 8 години. Сега не знам кои се добри во Скопје не живеам веќе во Мк и не сум во тек, ако знае некој друг нека препорача.
На мојот мачор, кој претпоставувам поради давење со други мачки, бидејќи нели сега им е период на парење, му се појави оток на вратот. Воопшто не е расположен, не сака ни да јаде, единствено пие млеко. Што да му дадам да му спадни отокот и за болка и да ми препорачате добар ветеринар во Прилеп?
Види сликички од апсцес кај мачки дали ти личи така. Обично ко ќе се тепат се касат (на врат) и од бактериите на плунката се прај инфекција под кожа. Веројатно зато и не јади. Иако млеко дека јади ми е чудно, misconception е дека млеко е добро за мачки. А, ова често знај и само да се разреши, ама трај подолго. Треба да собери доволно внатре да пукни за да можи да заздрави, и пак има ризик да собери течност, па најново да треба да пукни. Подобро однеси го на вет, само ќе му го боцнат и испразнат (гној и крв е) и ќе прими антибиотик и локален слој со спреј ќе му напрај и ко нов ќе е.
За тригодишното маче на девојка ми, нешто има инфекција на увото, а во меѓувреме реков ај и да и даде за глисти апче и да и капни против надворешни инсекти... нормално ли е да ми наплати 600 денари преглед, 700 денари за брисот за увото, и уште 500 за апчево и ова што и капна за надворешни инсекти?
Ептен зависи кај одиш за то со брисот и прегледот, ама добра ампула за надворешни паразити е 500+ денари. Само то, а некогаш инфекции се прат од ear mites и убо е да се става ампула. Башка ако ете му прај и други испитувања (брис) то би било нахнаден трошок. Не знам колку би било брис, немам праено. Апче најефтино е околу 100 и нешто, шо е за внатрешни паразити. Уште минимум толку ако ти даде и капки (мојот е склон кон инфекции на уши па знам шо земам за него). Плус ако го боцка со лек за инфекцијата и ако го прегледа можи да наплати иако во мое искуство му чистеле увото за free, притоа се пропратно си плаќав (ампула, антибиотик, капки итн). Така да дали се цените малку напумпани - можеби. Ама пак се генерално тука негде со шо би било "реално".
Сметам дека можевме да поминиме со само чистење на увото, и давање некој антибиотик, верувам од искуство видел вакво нешто, не е сериозно многу ама сепак ајде че видиме што ќе биди..
Мој совет е цел третман. Се дур одев кај вет шо праел half-assing мачорот ми имаше инфекција скоро секој месец. Сега машала годината еднаш дали има. Ампула, колку и да звучи ко да е "далеку" од проблемот - е многу важна ради постоење на ear mites. Мојот е домашен мачор и пак имаше буви фатено. И то е нормално, многу лесно ги пренесваме ние луѓето со нозете од надвор, или со галење други животни. Антибиотик и/ли капки исто се неопходни ако има потреба. Брис до сега не му праеле на мојот. Користеле едно апаратче да видат увото, дали има буви, дали има инфекција, не сум паметна да ти кажам. Како огледалце беше и го ставаше внатре. Не знам.
Најчесто чешање на ушите и разранување, загнојување. Раната не може да зарасне, поради постојано и агресивно чешање. Инаку видливо е, прљави се ушите, не можеш да ги утнеш. Не може да се искоренат само со едно чистење. Најчесто бара повеќекратни чистења од ветеринар и третман со антипаразитик. Спојлер
Ова шо пиша @Anika55. Ако имаш маче со повлакнести уши и не успејш да видиш дека е валкано - се инфицира нахнадно. Ама инфекцијата е зошто се греби во и околу увото. Генерално ќе препознајш дека се чеша зад и во ушето и ако претера можи да протечи и крв па да се инфицира. Мојот ко фати беше многу нервозен. Нагласок на многу.