Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.790
    Допаѓања:
    24.262
    Пол:
    Машки
    IMG_20260307_161948.jpg

    Ги исчистија ушите и ми зедоа 800, плус ми вика дополнително можеби ќе треба на контрола.. искрено мислам дека повеќе нема да му појдам во амбулантата затоа што изгубив цела недела мачево се шибаше во уше.. со години мојот мачор го носам за да ми наплати сега 600денари под назив преглед шо му реков дека треба да се санира увото?

    Преглед 600
    Брис проверка 800
    И сега 800

    Па да му ебам мајката цедење е ова или влашкото во мене проработи?
     
  2. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Женски
    Па обично контролите не треба да се наплаќаат, колку што знам јас...
    Ти ја наплати контролата 800 ?
     
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.790
    Допаѓања:
    24.262
    Пол:
    Машки
    Се вкупно ме фати 2200 денари и денови денови одење враќање итн...
     
  4. orxideya

    orxideya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Јас за еден преглед од 30 минути дадов 2000 денари, не ни беше операција. Така да не ме чуди, кај нас е скапо да се чува маче.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    12.823
    Пол:
    Женски
    Дали некој има изнесено миленик преку граница, и дали ви барале титар тест?
     
  6. Bellaellalla

    Bellaellalla Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo ova i se pojavi na mojata macka na stomaceto. Kaj koj vet da ja nosam vo Skopje? IMG_5637.jpeg
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.757
    Допаѓања:
    82.942
    Пол:
    Женски
    Во Ветеринарен Центар во Капиштец, или во Вет Свет кај Песталоци.
     
  8. 123a231

    123a231 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2024
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    treba da go vakciniras pred da go nosis preku granica, starosta na vakcina da e najmalku 21 den
     
  9. 123a231

    123a231 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2024
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
  10. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    115
    Македонија е во зелена зона за беснило,и не треба титар. Треба да се извади ветеринарен сертификат 50 еур,и во рок од 72 часа да искочиш од мкд. За мало кутре,вакцина за беснило на 3 месеци, и 21 ден после тоа,можеш да искочиш. Ова се правила за еу земји. За останатите земји,само пасош може да побараат
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.937
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Мачорот ме изгреба ,и црвени точки со модри ми остана од загризувањето.Не е вакцинирано,како бесно е брка мачки и ме изгреба кога сакав да го фатам .
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.098
    Допаѓања:
    136.846
    Пол:
    Женски
    Треба да го носиш да го кастрираат ако не е кастриран. А, за тебе земи мачкај се со крем/маст од невен или пантенол.
     
    На Just_a_kid, awkey и hermosa им се допаѓа ова.
  13. Just_a_kid

    Just_a_kid Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.423
    Пол:
    Женски
    Беснило не е одамна во Македонија немаат забележано случај на беснило.
    Може некоја бактерија да ти има пренесено ако не е редовно вакцинирано со се што е потребно, најдобро ако ти е многу отечено на доктор да одиш.
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.937
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Благодарам,не е ништо страшно ми помина
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.362
    Допаѓања:
    27.981
    Пол:
    Женски
    Сакаме со дм да си земеме маче, во стан. Он чуваше маче во двор, тука сме во стан.
    Али пред да земеме имам прашања као некој што никад не чувал, да видам дали воопшто ќе можам.
    Прво двајцата работиме, јас засега денски, он навечер, а он може и наскоро да смени. Па дали кога би земале маче, ќе му биде на почетокот проблем да е само? И тие што долго чувате, ок ли е да се од сабајле до попладне сами? Ги храните сабајле па кога си доаѓате?
    Кога сте отсутни повеќе дена, како? Претпоставувам кај некого ги оставате или хотел, ама сепак ме занима што е најидеално.
    Трошоци како се? Песок и храна океј, друго што е поголем товар? И колку тежи на буџет имање маче општо?
    И дали имаат разлика во однесување и прилагодување машки и женски мачиња? И што е подобро?
    И све што сметате дека е добро да знам пред воопшто да земеме.
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    25.152
    Пол:
    Женски
    Вака. Јас сум 100% cat person, ама ќе направам deinfluence за мачки како миленици.

    Ние имаме фамилијарна мачка, и иако сега не би ја смениле за ништо на светов и ќе ја чуваме до крај, сите се малку каеме што ја зедовме.

    Прво, во стан мачката ќе ве буди во ниедно време и навистина е напорно кога работиш и си мртов уморен да станеш во 3-4 сабајле. Во стан во најголем број случаеви, нема бегање од ова, затоа што и врата да затвориш се слуша, ќе гребе по вратата, ќе е гласна и не можеш да ја игнорираш. Во куќа знам мои другарки некако се и снаоѓаат, ги оставаат мачките на друг спрат кај што имаат многу простор и се што им треба и не се слуша, во стан го немаме тој луксуз.

    Другиот најголем проблем се патувања. Јас се иселив кога почнав да студирам, сега и сестра ми ќе се сели од станот, моите пример сакаат да доаѓаат кај нас, а нема да можат. Мислам, кај нас во поширока фамилија, никој не сака миленици, и затоа немаме кој да ни ја чува, ако вие имате, полесно е. Ама нема да можете секој пат да ја носите некаде на чување, мачки не се флексибилни суштевства и за нив менување на околина е многу стресно. Подобро е некој да доаѓа кај вас и да ја храни кога ќе одите на патувања.

    Кога беше мало маче, ние ја земавме преку лето, и јас и сестра ми тогаш во тие години бевме на распуст па секогаш имаше некој со неа. Не знам дали ќе е океј уште на почеток да е само, тука може некој друг да те советува.

    Моментално знае да биде сама подолг период без проблем, ама затоа кога ќе се вратат моите од работа, е напорна и гласна и не се смирува подолг период, што е логично. Ама ете, ако сакаш после работа да одмориш или да одиш веднаш во теретана, нема да можеш, затоа што ќе имаш обврска некое време да се играш со мачката.

    Секако овие работи зависат од карактерот на мачките. Нас ни се падна невообичаено гласна мачка, инаку не е расна, ете можда и тој детал влијае.

    Ама секако е огромна обврска и колку и да обожавам мачки, сфатив дека мачка можам да чувам единствено кога сум во години и сум и јас самата непокретна, па немам што друго да правам освен да сум со мачка дома. Затоа што е како бебе кое никогаш нема да порасне и да биде самостојно, нити пак бебе со кое можеш да патуваш. За жал.
     
    На shekerna и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.757
    Допаѓања:
    82.942
    Пол:
    Женски
    На почеток ќе биде под голем стрес кој би можел да се интензивира доколку е само мачето по цели денови. Зависи и од возраста, колкаво ќе го земете, но генерално почетокот е тежок.
    Обично спијат кога нема никој дома, ама на почеток може да е малку уплашено. Им требаат обично околу 3 месеци додека да ја осознаат околината и да се навикнат на сопственикот и на просторот околу нив.

    Ние нашава мачка ја зедовме на два месеци и бараше доста близина на почеток, ко новороденчињата - до некој од нас да биде залепена, спиеше со нас и сè уште спие, и колку да сум скифлена навечер, јас ова не би го сменила за ништо. :l:

    Сега е веќе возрасна мачка и си има свои рутини, многу е вокална и стално си збориме, разбира многу изрази и слуша команди, како куче е. Храна ставам еднаш во денот полно тањирче и она сама си распоредува колку ќе јаде. Имам другарка што неколку пати во денот им дава по одредена доза од храната, може и така ама мене ми е најлесно кога има храна, значи ја ставам дневната доза цела, па она сама си дозира. Не се случило да изеде цел тањир наеднаш. Веројатно е и до карактерот на мачето, не знам. Со тоа треба да се експериментира малку додека да се најде начин што ќе функционира. Ја чуваме исклучиво внатре. Ретко надвор на балкон ја пуштаме со нас, никако без надзор. Не е ни нешто премногу заинтересирана.

    Мојава не е некоја што сака премногу да се гали и не можам да кажам дека ми е нешто премногу тешко да ја гледам. Се подразбира дека има одговорности и дека просторот малку треба да биде catproofed, затоа што сепак е мачка и сака да се качува по мебел, да истражува. Но не го гледам тоа ко нешто крај на свет да е, скроз нормално кога има животинче дома. Буквално ко дел од нас е, по фацијалните експресии "ја читам" дали е спремна за беља или тажна, ама и обратно, сè разбираат и чувствуваат. Од заеднички активности, сака да си седи до мене додека читам или гледам ТВ и навечер спие до мене. Знае да носи и играчки кога сака да си поиграме. Ја играме отприлика двапати дневно (кога ќе приметам дека ја фаќаат зумис), а таа обично сама се заигрува со играчки што си ги крие низ дома. Доста самостојна мачка е, ама истовремено си сака и близина. Кога одиме на викенд или на одмор, обично ангажирам другарка да поминува да смени вода, храна, малку социјализација. Ја носев и во пансион и имам супер искуство, но мачкава после тоа станува премногу анксиозна и попримува некои лоши навики од мачките што ги гледала и слушала, па и' треба време додека да си придојде и да се врати на вообичаената рутина. И затоа полесно ми е некој да доаѓа да ја ѕирне, многу помал стрес и' се прави така.

    Моево маче навечер спие по цела ноќ, станува малку пред нас.
    Се случува некогаш да стане порано и да ја фати лудило па да почне да вика (најчесто за храна, или ако се успиеме панично се обидува да нè разбуди), ама ја вадам од соба и и' зборам дека хјумансите спијат сега :D па обично само дополнувам тањирче со храна и после тоа си оди да си се доспие во дневна. Некогаш ако е во елемент знае да провоцира - на пример оди во купатило и гризе ќеса или нешто. Ама пак ќе кажам, само затворам врата и одма магично си наоѓа друга занимација или си легнува да се доспие.

    Од мало имаше гребалчиња насекаде низ станот, па мислам дека доста помогна во тоа да не гребе по мебел. Не дека немало обиди, ама се разбираме лесно. Сега веќе ништо од тоа не ја интересира, само новите кутии од патики, кеси и слични работи мора да пројдат низ неа, обожава да ги игра. :D

    Околу работата, ние имаме денови кај што сме надвор од дома и обично спие кога не сме дома или си игра со играчињата што ги има (најчесто ѓубриња искрено, топчиња од хартија и слични глупости ја интересираат). Но почесто еден од нас работи од дома - не заради мачката, туку работата ми е делумно седечка, пред компјутер. Мачката си спие, или знае да си гледа гулаби, да ги вика.
    На почетокот имаше период (околу една година беше стара тогаш) кога двајцата работевме класично од 8-16, беше сама до попладне. Кога не бевме дома обично спие, мислам дека скоро сите прават така. Или ќе стане да јаде, да си поигра и толку. Тажно ми беше што е сама, а и тие се тажни, ама сè додека на мачето му се посветува внимание и се надополнува тоа време кога сте биле отсутни, мислам дека не е толку страшно. Некои земаат втора мачка за да му прави друштво на првово, ама јас искрено не сакам, а и сметав дека нема потреба. Сега воопшто не и' се ни секирам, стално има друштво по дома.

    Голема обврска е навистина, но јас не можам да си го замислам секојдневието без мачкава. Ми го збогатува животот. И некогаш е навистина тешко престимулирана да ја играм низ цел стан, но не можам да опишам колку убаво чувство е кога се враќам од работа и ме чека на влезна врата, па ми "збори" на мачешки, исповозбудена. Кога сме на одмор или некаде на шетање ни недостига, само ја збориме што прави и како си поминува без нас. Не знам, мене животот навистина ми е повесел откако ја чуваме мачкава, плус многу ми помогна во регулирањето на некои каракрерни особини ко краток фитиљ и вежбање трпение. Мислам дека милениче е супер работа за млади парови. Уште повеќе си го засакав маж ми кога гледам како се однесува со неа и колку му значи. :lol:
    Прашај што и да те интересира друго, нафрлив што ми текна во рефератов. :)