Вакво имам, од Тему: Пред да ставам нешто во корпата за алишта, поминувам со четкава. Исто имам и едни сунѓерчиња од Тему, во форма на мечиња се и доста помагаат. Не знам какви имаш ти, можеби се истите, ама кај мене се покажаа супер, сите влакна што останале нефатени се налепени на нив после перење.
И јас, најверојатно за два месеци морам да се одлучам дали маче од ова раса или бишон.. Немам искуство никакво, а пред да земам сакам се да знам, да не ме фаќа паника кога ќе го земам да не утнам нешто.
Спасив маче од под автобус и сеа му барам дом. Дечки, многу зезнато е ова со групиве на фб. Го објавив мачето во поголемите групи за миленици и се само shady луѓе ми пишуваа, или лажни профили, "здр" тип на луѓе. Сакам да најдам некое семејство нормално што ќе го чува како член на семејството а не играчка. Не знам дали јас премногу очекувам од нашиов народ или не налетувам на такви луѓе. Навистина не знам што да правам. Crazy cat ladies, help a girl out Еве ја цуцлата бтв, женско е.
Дали би било во ред да го оставам во пансион ако има само една вакцина примено? Бустер треба да прими откако ќе се вратам. Претпоставувам не е, ама сепак да прашам.
Подобро немој, јас не би ризикувала. Ако имаш опција, подобро нека наминува некој да му остава храна, вода, да зачисти песок.
Со каква четка да го чешлам вака дур е уште мало? Кратко му е крзното и не е многу густо па четкава што ја земав веројатно не ги фаќа убаво влакната, некако со широки запци е, а веќе му паѓаат.