1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Со претходниот пост на Captain-Omni се согласувам, но со тврдењето дека мачките смеат да јадат СВЕ во никој случај НЕ.
    Само за пример, млекото и рибата се меѓу најголемите асоцијации на храна на мачка.
    Да, тие може трчаат со сета брзина кога ќе го осетат нивниот мирис, стануваат нетрпеливи да ги добијат и уживаат во нив кога ќе им се сервираат (а може и да ги украдат:D), но сепак се далеку од препорачлива храна за нивна секојдневна и исхрана базирана на овие продукти кои можат штетно да им влијаат.
    Факт е дека имаат силно изразено сетило, но во денешно време и мачките (и кучињата и др. миленици) во урбани средини се во искушение (а некои се и приморани) да пробаат и да јадат сешто што не е здраво за нив. Да не се повторувам бидејќи во претходни постови имам објаснувано околу (не)дозволена храна, последици од неправилна исхрана и сл., а чинам има и линк до табела.
    Знаат да бидат доста пребирливи за храна, некои работи одлучно ќе одбијат да ги јадат, но и љубопитни се, а некои од нив и лакоми :). Граници треба да се постават, иако често и не може да се спречат нешто настрана скришно да каснат:). Имаат и тие вкус, некоја сака одредена храна, некоја не. Треба да им се погоди и на нив.
    Моиве и за сладолед се некогаш расположени, но тоа не значи дека смее и треба да им биде допуштен.

    Препорачуваат два оброка за возрасни мачки (од 1 год. нагоре), најчесто на храните пишува препорачана дневна доза ама јас дозата им ја додавам неколку пати во текот на денот. Така имаат достапна храна скоро во секое време и јадат кога сакаат, по малку, почесто. Не може да ги натерам да јадат ако не се гладни, знаат колку им е доволно, само можеби не одбиваат ако влета некое сочно мевце во меѓувреме кое го добиваат во ограничени количини и не секој ден.
    Сепак не може да се има 100% контрола и влијание, бидејќи мачките се доста своеволни и самостојни, особено на мачки кои се чуваат надвор.
    За маче кое постојано е спремно да јаде и кое се привикнува од "сештојадење" на поинаков режим треба упорност, трпение, задоволување на вкусот и да се избегнуваат чести ужинки на менито колку и да е сладок тој поглед кој вели 'Сакам да каснам од "тоа"' :).
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    И јас помислив за тоа „Мачките можат да јадат сѐ“ дека не е правилно за поразгалените мачки, но мојава не живее ни во урбана средина, ни во рурална, значи некоја мешавина од тие две. :D Може да се каже посталожена населба каде што има коли колку што и точаци. :wasntme: :D Ние сме на слепа уличка, па нема ризик од јадење од контејнери или сл, но има од отрови. Па, можам да кажам дека мојата мачка би можела да јаде СКОРО сѐ. :)
     
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Девојки, мачките не се како луѓето, да уживаат во чипс или алкохол или цигари. :lol: Да, некои повеќе сакаат пилешко, некои туна, а мојата на пример, не е мераклија на јагнешко. :) Од сите јагнешко со сила јаде.

    Ама, мојот став е дека не треба да ги гледате до толку вашите мачки како да се бебиња, бидејќи така не се тие разгалени деца како што напишав, туку вие би се донесувале како overprotective родители. Поентата ми е дека нема да и` го уништите здравјето на мачката ако повремено и дадете од мрсното што и` го фрла дедо или млеко или што и да е, тоа се состојки кои не само што не се штетни, туку повремено и треба да ги конзумира заради нештата кои ги има во нив.

    Ако сте забележале, а сигурно сте, повремено мачките јадат трева, зашто во неа има состојки што во тој момент и` се потребни. Затоа не се секирајте, мачката знае што е најдобро за нејзиното здравје во однос на храната. Е сега, ако ги раните само со млеко, а немаат како да се снабдат со други хранливи материи, тогаш ги убивате да. Ама, умерено од сè и немате гајле. :angel:
     
    На Lella, MaryJaneSS и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Неодамна и моето маче јадеше трева. Се чудев што му е, и не му давав, дури и го карав :$ Ц ц..
     
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Тревата си има причина зошто е важна и потребна :!: , јас им садам за да имаат. Во спротивно поради потребата од зеленко ги грицкаат собните цвеќиња кои може да бидат високо токсични за мачки.
    Препорака до сите сопственици на мачиња што не излегуваат надвор, да не ги караат туку да им обезбедат трева дома. ;)

    Инаку мојот став околу исхраната е поригорозен и нагласен од причина што огромен број од луѓето кои чуваат мачка/куче се неинформирани околу некои основни работи за нивните најсакани миленичиња. Нагласувам дека не сум против повремено частење и прилагодена домашна храна, и јас ги практикувам ама сепак треба да се биде информиран што 'да'-што 'не' ако им мислите добро.
    Она што ми пречи е што мачките не повремено, туку буквално секој ден главно си ги хранат со млека, попари, конзерви риба или други конзерви (паштети,меса..), салами, прженици и мрсни, зачинети (со вегета, црн/црвен пипер, голема количина на сол..), со запршки, со кромид, лук, стоени (а може и расипани) остатоци од домашниот ручек итн. :tmi: :x
    "Ете затоа што тие се животни, ништо нема да им биде...што има толку да се пази, нека јадат таму!". :|
    Никој не може да ме разубеди дека не е штетно да јадат таква храна нонстоп.
    И после последици има.. Очекувано кога се хранат со нешта што не им ги задоволуваат потребите на организмот, па некои дури и им штетат.
    Често може да одбиваат било каква храна, само ќе ја помирисаат и не јадат, но и со тек на време се привикнуваат на одредени работи бидејќи се приморани, немаат друг избор и мора да јадат нешто.
     
    На Lella и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  6. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Дали е ризично мачката да носи мачиња на возраст од 7 месеци? Ми се чини дека е омачена а ми е страв да не е ризично. Некој со вакво искуство да ме охрабри дека се ќе биде во ред ? :) :)
     
  7. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.995
    Допаѓања:
    10.387
    Пол:
    Женски
    Немој да се грижиш :) таман си е мачката.И мачката на братучедка ми е бремена на иста возраст :).Очекувај 1-2 маченца , максимум 3. :)Јас имав слично искуство со една моја мачка.Беше стара 1 и пол - 2 години , ама имаше нешто пореметување во растот :) :) и изгледаше како 5 месечно маче :) .Појма си немав дека е бремена :) кога еден ден гледам родила 1 маченце. :)
     
    На Twinkles, Papillon.Papi и ana.n18 им се допаѓа ова.
  8. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали е безбедно на бремена мачка да се даде апче за глисти?
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не сум сигурна дали може. Јас на своја рака никако не би дала. Задолжително претходно прашај ветеринар.
     
  10. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Ако може совет како да очистам три мали мачиња од болви. Мачињата се стари едвај две недели кога пред некој ден приметив како им лазат болви. Гарант од мајката ги фатиле (бидејќи излегува надвор а сега трева зеленило мерак за болви а таа како магнет). Бидејќи се многу мали мачиња не ми се ставаат никакви ампули прашкови, никакви хемии да не ги отрујам случајно па рачно ги вадам колку можам е нека попркнат малку па ќе ги избањам, ваљда ќе испаднат од водата колку толку. Е сега незнам дали на мајката да и ставам нешто (ма да кај неа не видов болви кога ја поскав но стално се чеша гарант има) бидејќи ги дои. Совет некој?
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Бидејќи се многу мали, навистина не треба на своја рака да превземаш некое прскање со средства против болви. Штом мачката излегува надвор, а нема заштита сигурно таа е преносител.
    На пр. Неопитроид (се продава во аптеки) е прашок кој се втрива добро во крзното и се справува со болви, а се смета за безопасен за мачки..но овие се премногу мали.
    Деликатно е и на големата мачка да и ставиш зошто ги дои мачињата и тие би имале контакт со било што што е ставено на неа.
    Затоа претходно прашај некој ветеринар како да постапиш и дали може нешто во моментов да се превземе, а за понатаму задолжително превземи мерки за потрајна заштита од надворешни и внатрешни паразити.
    Бањање не спасува од болви, тие треба да се уништат, а и немој понатаму често да го практикуваш (имаме коментирано низ темиве повеќе околу тоа). За да немаат болви кога веќе излегуваат надвор, треба на одредено време да се ставаат ампули, ремчиња или сл.
     
  12. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Фронтлајн се вика средството што го бараш. Го има во многу продавници за миленици. Само, нагласи дека е за маче, зашто има посебни за кучиња кои се поевтини, ама се отровни ако ги ставите на мачка.

    Се капнува на тилот неколку капки и после тоа еден месец немате гајле од болви. Битно е да биде на тилот зашто таму мачето најтешко ќе го „измие“ од себе. Не е толку проблемот отровот на лекот, колку што е проблем да не го оттргне, па болвите да си останат. Ако го исчисти со шепа, може да добие вртоглавица и слично, ама за ова не сум сигурен. Битно, проверено е и функционира. ;)
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MaryJaneSS

    MaryJaneSS Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Ампулите не се даваат на мали мачиња (помали од 8 недели, иако се најделотворни), а функционираат така што отровот од ампулите им влегува под кожата во маслените жлезди, се распространува по целото тело и каде и да има паразити, кога ќе дојдат во допир со кожата на мачката, веднаш ги убива. Безбеден е и за мачка што дои, па слободно може да и ставиш на мајката http://www.frontlineplus.com.au/Pages/faqs.aspx. Што се однесува до мачињата, последните две што ги вдомив имаа само еден месец и беа полни со болви (поради што ги чував изолирани од другите мачки за да не им префрлат и на нив), па ги избањав и така им ги вадев болвите, се додека не наполнија 8 недели, по што им ставив ампула и сите болви исчезнаа. Многу е битно болвите кај мајката да се уништат, затоа што од неа ги добиваат. Се надевам дека ќе се спасите од напаста :)
     
  14. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    И јас чувам мачор.
    Има можеби 2,5 години.
    Пребирлив е со храна , јаде само виршли , секакво месо , туна , секако храна за мачки и сл. такви работи.
    Дебелко е , портокалова боја , и ептен е сладок. А да , обожува смоки на Витаминка и варен компир салата :D
    Ама сега во последно време , никако дома да си дојде , доаѓа само да се најаде и штрафта низ врата да го нема ..и можеби ке го нема 1-2 дена и после со трчање дома доаѓа за пак да јаде.. :D И некогаш кога ке сакам да го погалам , се врти накај мене и "фуџи" ..како да 'ржи ..не знам.. :?: Ме игнорира , а по некое време како ништо да не било , доаѓа и се гали.. :D
    И се така.. си мислам доаѓа дома само за да јаде , ретко ке поседи .. :lol:
    Иначе да , секој ден ме испраќа и ме дочекува . :)
    И пак јас сум таа која најмногу го САКА!!! :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_6832.jpg
      IMG_6832.jpg
      Големина на фајлот:
      92,6 KB
      Прегледи:
      275
    На MaryJaneSS му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Фала ви многу за одговорите ;)
     
  16. Crystals21

    Crystals21 Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    64
    Овој период не дозволувајте да излегуа надвор од дома зошто може да се дави со мачори и касап да доаѓа... До есен барем не го пуштајте надвор. Играјте го дома со играчки, нека трча да не се згои многу.
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56

    Извини, ама како може да не го пушташ да излегува надвор од дома? Јас чував мачор и кога сакаше да искочи надвор ќе искочи неможеш со сила да го задржиш. Да, се тепаше и доаѓаше лом ама тоа е неможеш да го сопреш и во двор доаѓаат други мачки и се дават. Некое време идев по него ги бркав другите мачори ама џабе е :D
     
  18. Crystals21

    Crystals21 Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    64
    Па, не знаевте за ова дека ќе се случува два пати во секоја година? :^) Мачорите се тепаат, ако не сакате да ви биде истепан, кастрирајте го... незнам што друго да кажам... незнам колку точно кошта, ама за стелиризација е 1500-2000....

    И може да се научи да седи дома. Само треба добар тренинг. (Дааа и мачките может да се тренираат)
     
  19. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    ^
    Да, можат да се тренираат само што треба многу време, многу работа и многу живци. А не секој може да го обезбеди тоа така да ... :)
     
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    :D Многу убави проблеми си имате со мачориве... затоа, прво информирајте се повеќе за миленичето што ќе го земете, за после да не се каете. Јас имам традиција со чување на мачки, од мала ги чувам. Сум чувала и мачори, ама не живееја кај мене до крај на животот, туку бегаа. Од тоа си извадив лекција за друг пат, женско маче да земам. Или пак, кастрирајте ги мачорите, па така нема да ги имате ни машките ни женските нивни проблеми. ;)
     
    На ana.n18 му/ѝ се допаѓа ова.