1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. cherry02

    cherry02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    Здраво нова сум на форумов и барам совет и помош,
    Имам две мачиња ги зедов пред 10 дена и се беше во ред во првите 5-6 дена, е од тогаш навака едното маче има пролив и никако не му престанува, му давав вода од ориз со ориз, му држев 24 часовен пост т.е. не му дававме ништо да јаде, сега го наранив со малку пилешко сварено во вода и набрзу од кога го изеде веднаш имаше пролив. Некој совет за тоа како вие сте им помогнале на вашите мачиња во вака ситуација
    Фала однапред
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Иам мало маче некаде околу еден месец е старо, и до сеа беше се у реду, си пиеше млекце само. Амааа, вчера го носев кај другарка дома, и пошто и она чува мачка дома, моево се докопало некако до тањирчето со мелено месо на другата мачка и си се најало. :(

    И сеа има цело време пролив, поврати неколку пати, цело време чмае само, не знам што да му правам? Пие млекце пак, ама по мнооогу малце, не е веќе како порано. Предлог? :(
     
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    @cherry02 најчесто проблемот е во исхраната, иако може да има и други причинители, но немаш напишано како ги хранеше мачињата откако се земени? Постот е во ред, но треба да се почека малку и да се внимава на исхраната додека не почне да се стабилизира. Може и пилешкото малку да го мешаш со сува храна за мачки. Не заборавајте да има свежа вода.
    Како и да е кога веќе неколку дена трае дијареата, најубаво е да се обратиш кај ветеринар.

    @anabel-a многу многу пати имам пишувано за млекото и мачките, сосема погрешно е да се храни маче со млеко или да се храни само со тоа (повеќе). Јас повеќе би рекла дека млекото е предизвикало пролив. Не мора да значи дека ако млекото на почеток не покажало нус ефекти, е се во ред..може интолеранцијата кон лактозата да пројави несакани дејства после извесно време од честа, подолготрајна и поголема конзумација. Затоа се препорачува да се разредува со вода кога навистина има потреба да се дава на многу мали мачиња (кога нема друг избор) за да не предизвика сериозни проблеми, а кога не е толку потребно по можност да се избегне.
    Мачките го пијат, не одбиваат и некои од нив го поднесуваат без проблем (не се интолерантни), но од друга страна не игра некоја позитивна улога во нивната исхрана и не им ги задоволува хранливите потреби.
    Ако причината е во месото што го каснало се надевам дека не било расипано, стоено, неисправно за јадење.
    Твоето маче е сеуште многу малечко, на еден месец би требало и уште да цица во нормални услови, стомачето му е ненавикнато, може да изреагира...
    Бидејќи веќе мора да се храни самостојно може треба да пробаш да му дадеш течна и сува храничка за мали мачиња. Ако во скоро време не се стабилизира столицата, останува советот за ветеринар.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Анабела, мој совет е на маченцето да му даваш Лактовит наместо обично кравјо млеко, или да го раствораш кравјото млеко со вода, и да му купиш некое со помал процент на масленост. Маченцето е сеуште многу малечко за да го шеташ, и мој совет е да не го вадиш многу од дома додека не наполни барем 2ипол месеци, бидејќи е прерано разделено од мајката, и ризиците за инфекции и заболувања кај тоа маче се поверојатно отколку кај маче кое се разделило од мајката подоцна (исто како дете кога ќе се роди со ниска родилна тежина, или недоносено, па има поголем фактор на ризик за заболување или смртност). Доколку сакаш да преминеш на нешто друго, а не млеко или Лактовит, ти препорачувам да му свариш незачинето пилешко месо, без сол и без ништо, едно копанче на пример, и малку оривче исто така без никакви зачини, да го испасираш и да му го дадеш. Ова мене ми го препорача и ветеринарот, и мислам дека многу ќе му се допадне на маченцето.

    Тоа што има пролив и повраќање е поради наглата промена на храна од која можеби неконтролирано изело, и најверојатно е дека ќе помине за кратко време и маченцето ќе се врати во нормала, но доколку продолжи вака може да дехидрира и тогаш ќе биде лошо. Затоа, мој совет, ако ова трае повеќе од ден-два, веднаш носи го на ветеринар, сеуште е малечко и неговиот имун систем не е способен да истрае долго време со лошо стомаче. Исто така пипкај го кај пределот на стомачето долу непосредно кај долните ноџиња, односно под анусот, да видиш дали стомачето му е меко.

    И биди поупорна со хранењето, давај му по малце а почесто.
    Доколку не ти е носено на ветеринар, и онака е време да се прочисти од глистички, па ти препорачувам да поминеш во ветеринарниот центар во Капиштец, луѓето се супер и ќе ти завршат работа. Рутинскиот преглед нема да ти го наплатат, а доколку имаш некој проблем можеш и да им се јавиш телефонски, ќе те посоветуваат што да правиш.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cherry02

    cherry02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    Па првиот ден им давав млеко бидејќи немав сува храна , и веќе цела недела ги ранам со сува мачешка храна, а откако ми фати пролив едното почнав да му варам ориз и пилешко, и му го пасирав, ама неќеше да јаде. Инаку им давам од таа DAYA храната од кам не неколку форуми прочитав дека била најнеквалитетна , па од вчера им давам домапна храна, дур да им купам поинаква :) Инаку го однесовме на доктор ни дадоа едно апче , по четвртинка со храна да му давам, едвај го прелажавме да ја изеде храната изгледа го намириса или шо знам, знае дека му спремам нешто :)
     
  6. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Мојот мачор до сега немаше болви ама веќе некое време слабо се прибира дома, и го фаќам како се чеша а и по крзното му шета по некоја болва, споделете искуство или дајте предлог за некое проверено средство или прашок за брзо и ефикасно отстранување, не би сакала да го малтретирам и да експериментирам со него.
     
  7. MaryJaneSS

    MaryJaneSS Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Од мое искуство, дефинитивно ампулите се најделотворни. Последните две мачиња што ги посвоив беа полни со болви. Ги бањав 4-5 пати, со раце им ги вадев болвите, ги прскав со прашок (Неопетроид) и ништо не помогна, додека не им ставив ампула - Frontline. Се малку поскапички, ама затоа навистина делуваат. И нема експериментирање, проверена работа се и нема да биде никакво лошо искуство за мачорот :)
     
  8. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Прочитав во темава некаде дека на мали мачиња откако ќе наполнат 8 недели може да им се стави ампула? Дали е тоа потврдено од ветеринар? Може ли после 8 недели да им ставам Неопитроид? Моите следната недела ќе им биде 8ма а имаат многу буви жал ми е да ги гледам. Мајката ја исчистив ама пак фати од нив.
     
  9. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно ампула, ем ги уништува болвите ем спречува повторно да фати болви. Јас на моево маче му ставив Пестигон ампула како на сликава 300 денари е и еве нема ниту една болва, а пред тоа и шеткаше по некоја сепак таков е периодов :)
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6 KB
      Прегледи:
      102
  10. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Од каде ги купувате ампуливе?
     
  11. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Јас ја купив од ветеринарна амбуланта, има и во Пет шоповите ;)
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам.. Мојот мачор е голем но малце е смотан, т.е. малце повеќе-не знае да се тепа и нон стоп јаде ќутек од уличниве мачки.

    Денес го истепале ама лошо го изгребале кај окцето. Долното капаче му е отечено од внатре, му солзи многу и подзатворенко му е. Не сум во можност да го однесам на ветеринар деновиве,а сакам да му помогнам некако, не можам така да го оставам жал ми е, ќе се инфицира од прашина. Порано му имав ставано Прокулин капки и му помина, дали може пак?
     
  13. MaryJaneSS

    MaryJaneSS Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    За инфекција подобро стави му Дексаметазон-Неомицин капки за око/уво, насабајле и навечер по една до две во окцето и за неколку дена ќе му помине (Прокулинот само прочистува, а овие мислам дека имаат и некаков антибиотик внатре, многу поефикасно против инфекции). Бидејќи имам 5 ѕверчиња дома, тепачките се нешто што многу често ни се случува и такви проблеми со очите сме имале многу. Капките проверено делуваат, не се скапи и може и без рецепта да се купат во било која аптека. Се надевам дека окцето за многу брзо време ќе ви се опорави :)
     
  14. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Здраво, пред 3 сати негде ја зедов мачката од ветеринар ја имав однесено за кастрирање, и кутрата шанта целата пробува да стани и гледам сега малце крв кај конците има а докторката не ми крева на моб да ја прашам зошто, што велите нормално е или ?
     
  15. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Му ставав Прокулин но уште му е подзатворено. Ќе му купам од капкиве да видам што ќе напраи :worried:
     
  16. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Мачето до вчера ми беше во ред, ама денес изгледа си го повредило ноџето и криви, плус се тресе на моменти и ги превртуваше очињата прееска. Што може да му е? Може ли да е исплашено ако го згазил некој со кола или не сака да се движи зашто го боли? Или нешто друго е?
     
  17. MaryJaneSS

    MaryJaneSS Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Мое мислење е под итно да го однесеш на ветеринар. Кривењето со ноџето можеби и не е толку сериозно (иако може да значи и скршеница), но тресењето и превртување очи е сигурен знак дека има повреда на главата, затоа под итно однеси го да го прегледаат. Можеби е нешто што се лечи и поминува, но никако не оставај го без соодветен третман.
     
  18. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Девојки мачкава ми е смачна, арно ама денес еден мачор цел ден се вртка околу неа и ја напаѓа сака да се пари. Нормално ли е ова нешто? :D
     
  19. slimsblue

    slimsblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    76
    Дечки мачето ми е старо еден месец мозе да му стаам ампула за болви или уште е мало? И мозе да му ги исецам ноктите многу гребе а ко канџи му се
     
  20. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Малечко е за ампула не се препорачува под 8 недели :) А не би му ги сечела ни ноктите малечко е допрва се развива, се учи, сепак маче е мора да гребе ;)
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.