Колку е штетно маче дома да се чува од болести и инфекции ?? До денес имав и јас маче ама во дворот ми го отровија .Никаде не одеше, само по дворот си шеташе и на тераса си спиеше, наутро таму не чекаше. Незнам на кој му сметаше, можеби му сметаше нашата радост, и што многу го сакавме, додуша и знам кој го сторил тоа, ми доага очи да му искпопам, бездушник . Цел ден сум утепана, плачам, нервозна сум, . Моите ми велеа дома да го чувам ама јас се плашев од болести и инфекции. Какво искуство имате вие што чувате дома, ако земам пак да чувам, дома би го чувала, не можам низ исти трауми пак да минувам, кога го видов прееска во двор срцето ми замрзна, уфф ќе ми пукне душата .
Ако го вакцинираш од мало неа да имаш проблеми со тоа. Првата вакцина се става на 2 месеци, па ревакцина на 3, па вакцина на 4 и на крај ревакцина на 5 месеци. После треба да се вакцинира на 1 година, па на 2 години. Натаму не знам како одат вакцините... но ако го чуваш во домашни услови ќе треба да го тренираш да врши нужда во песок. Кога ќе направи беља на друго место натерај да мирисне што направил и стави го во кутијата со песок. Кутијата треба да му се чисти еднаш дневно. Од храна давај му Daya Mix, ем ефтина, ем добра, ја има во Кам. А почеток можеш да му ја мешаш со вода. И после секој оброк давај му вода зошто храната е солена и ги ожеднува мачките. И можеш да му даваш конзерви, но поретко. А, да, кога ќе земеш маче, на 1 година стелиризирај ја/кастрирај го зошто може проблеми да си имаш после.
Јас чувам сијамски мачор дома. Еве веќе една година скоро. Кога велам "дома" мислам на 24/7 дома. Спие само на мојот кревет и преку ден и ноќе. Дома му е храната и водата. Кога беше малечко внатре му беше и песокот, а сега си оди надвор во вц. Сам си почна така, па ние го тргнавме песокот од дома. Нон-стоп е внатре. Надвор оди само ако му се оди во вц и ете да прошета низ двор. Со мене спие, со мене и јаде некогаш. До сега не се случило ништо. Вакциниран е, ампули редовно, шампони за суво бањање користиме (многу ретко) и до сега немаме проблем. Е сега, планираме и да го кастрираме, зашто мачор да го задржиш цело време дома не можеш. Мојов на пример до сега не се случило да го фати период на парење, малку ми е чудно со оглед на тоа што има веќе една година ама ветеринарот вели бил се' уште млад. Сакам сега да го кастрирам зашто ако го фати период на лудување ќе ми се врати како "друмски ратник." Плус, кај нас е многу покомплицирана работа што сијамските мачори не сакале да се парат со обична мачка, си барале сијамка. Па ќе морам или да му најдам девојка, или да го кастрирам, ако го оставам така само ќе се фрустрира зашто ќе не може да си најде женка. Така што, можеш дома маче да си чуваш, секако доколку си го вакцинираш по сите прописи и ако сакаш да си го задржиш пожелно е да си го кастрираш. Инаку, морам Papillon.Papi да ја демантирам. Храната од Кам Daya Mix е најлошата храна што можеш да ја купиш за мачки. Никако од таа. Мене и ветеринарот прво нешто што ми рече кога отидов е: Купувај од каде сакаш и која сакаш само те молам за доброто на мачето немој од онаа од Кам. Секоја друга е подобра од таа. Јас и претходно знаев, ама ете тој ми потврди. Барем храна за мачки може да се најде квалитетна, а да не е премногу пари. А и мачките многу помалку јадат дневно, за разлика од куче кое е голема раса.
Daydream, не знаев за тоа, но еве, мојата ја хранам со Даја од кога ја земав и еве ја 6 години, а супер е. Крзното и’ е меко и сјајно, во добра форма е, здивот не и’ смрди. Ма да јас не ја хранам само со таква храна, и’ давам и јогурт со храната некогаш.
Да споменам дека чувам и шарпланинец покрај фамилијава мачки. Т.е. чувам мачка со три малечки. Лани негде крај на октомври сама ми дојде во двор, сабајлето мама ја видела како ѕирка од зад едно од дрвата и ја викнала, и оттогаш си ја чуваме. Кога дојде беше скроз црна, ама како што растеше почна да и се шара крзното, па прочепкав по гугл и дознав дека е подраса "tortoiseshell", и Кинезите веруваат дека му носи пари и среќа на семејството што ја чува. Си спие ноќе со мене, не прави бељи ама затоа сабајле во 6:00 е пред врата и мјаука да ја пуштам надвор. Вакцинирана е, прочистувана, редовно се бања, и купувам храна за мачки ама што чудо беше бре некако не ја поминува, многу малку јаде од неа, а за домашна храна душа дава. Најчудно од се ми е што јаде буквално се, а дефинитвно омилени и се пиперките, колку чудно и да звучи тоа. Дали се пржени, дали се печени, со што и да се, ако ги намириса кога ќе почне да вреска грло кине, и по 4-5 одеднаш и се малку. Сега веќе месец ипол е мајка на три малечки, две машки и едно женско, сите три погодени на нејзе во карактер, како торнада се по дома, се живо им е интересно и ништо не ги запира. Се чудам само каде и на кого да ги давам, не ми се даваат на којгоде зашто сепак, од мали чувани како што треба и сега некој што нема да се грижи за нив да ги земе само онака не иде.
И јас чувам мачка, и последен пат кога ја носев на вакцина, ветеринарот ми кажа дека храната Daya не чинела, ама ете мојава мачка се дави у таа храна. А и многу ефтина е.
Mojata macka ima nesto kako topce na stomakot otkako se porodi i mnogu sum zagrizena ako moze nekoj da mi kaze sto e toa sto i se slucuva dali nesto moze da i bide od toa
Денеска бев да купам ампули против болви за мачиња ама бидејќи чувам повеќе мачки продавачаот од пет шоп-от ми даде една ампула за кучиња од 10 до 20 кила што е и да ја поделам на мачињата, рече дека нема ништо да им биде. Има некој вакво искуство, пробал некој дали е ефикасно и што е побитно не е штетно за мачките? иначе ампулата е на frontline демек биле ептен ефикасни против болви
Јас чувам и шарпланинец 6 годишен, и сега скоро кога му земавме таква ампула од нејзе и ставивме и на мачката, нема никаков проблем, во ред е, слободно стави им и ти.
Колку време има поминато откако е породена? Мачињата сеуште цицаат? Какво е точно тоа „топче“ по големина, изглед и локација? Сигурна си дека не и е само отечен стомакот на тоа место од градите полни со млеко? Ако не е од тоа тогаш нема никаква врска со пораѓањето, а ако видиш да е зацрвенето, топло и ако ја боли мачката, ако го чеша/гризе тогаш најдобро би било да ја однесеш на ветеринар.
ima pominato okolu edna nedela i macinjata seuste cicaat na stomakot i i e kolku edno zivo gjavolce da kazam, no ne i e kaj gradata. Ne znam dali ja cesa ili boli no mislam deka ne zatoa sto kas i go doprev a taa ne reairase
Девојки сакам да прашам, дали на мачките има се менуваат забите? Имате ли искуство околу ова, на мојата мачка денес и испадна кучешкиот заб, па би сакала да знам дали ке и порасне друг бидејќи има само 7 месеци?
Ќе порасне, мора и они некогаш да ги сменат млечните заби. Јас мојата мачка не сум ја следела кога и' паѓаа забите, но гледав дека се менуваа.
moze ovde da mi kaze nekoj kako se otvara nova tema za da postavam drugo prasanje? zatoa sto sum nova i ne znam
Девојки имам 4 месечно женско маче го чувам дома, до вчера ништо не му беше но сега го забележав неможе да оди со задните нозе, цело време се мава од една на друга страна и паѓа. Дали сте имале вакво искуство , дали е нешто сериозно?
Дали може да го искапам мачето кое е многу малечко се уште цица, и на колку време треба да се бањаат по правило, јас со претходното претерував со бањање еднаш дури го разболев , немам искуство, и од кога може да се вакцинираат, дали после 2 месеца од кога се родени, сакам да го носам на ветеринар да прима се што е потребно , ви благодарам .
На 2 месеца бањај го и вакцинирај го. Вакцините одат на 1 месец до 1 година. По 1 година се вакцинира на 1 година. Значи вака: -2 месеци-вакцина -3 месеци- ревакцина -4 месеци- вакцина -5 месеци- ревакцина -6 месеци- вакцина И така натаму до 1 година.
Како ги научивте да одат во вц , многу тешко ми оди со ова моето , жал ми е да го оставам надвор мислам дека ќе измрзне а многу беља ми направи
Во кутија стави песок и секогаш кога ќе направи беља, доближи му го носот до "злосторот" и однеси го во кутијат со песок за мачки.