Ја од како шо знам за мене јас само мачки чувам аа мачки и баш нејкам..ии моментално чувам мачка (ем женско е ем ја викаме Тошо ) т.е од кога ја земавме мислевме машко е после откривме дека е женско али ја чувам само ради брат ми ..
чувам маченценценце и многу си го сакам од бебе, самошто родено го чувам, сега е малце пораснато и си игра цело време, и ми спие под јорган навечер хехехе
Обожавам мачки и уште од мала постојано имам маче (а некогаш и повеќе од едно). Тие ми се омилени животни.
И јас од мала имам исчувано доста мачиња, моментално имам 2 машки стари 2 години и 6 месеци, а ги чувам од раѓање.
Јас искрено мислам дека не е можно.. Кога тогаш ќе ти избега, може да ти рипне од тераса (посебно ако е машко), за да бара женка за парење. Тешки се за чување нестерилизирани, нервозни се, нон стоп мјаукаат, место не ги фаќа.
Чува ли некој од вас сијамска мачка. Имам еден другар има машко па си бара женка за парење па сакам да си земам после едно маче за мене
Женско маче е полесно за чување нестерилизирано дома, додека мачорите се поделикатни затоа што бележат и многу остар мирис испуштаат притоа кој не е пријатен и тешко се отстранува. Е сега како и да е и на мачките (женки) дома им доаѓаат периоди за парење и тогаш симптомите се гласно мјаукање и повеќе се мазат, се вртат по под и сл. Има можност тој период да се прекине со некои специјални таблети, а исто така има и инекции што траат неколку месеци и во тој период нема да има желба за парење. Колку се препорачливи овие работи не знам, секако мора во консултација со ветеринар да се даваат.
моето е женско, има околу 3-4 месеци знам дека накај 6 месеци од прилика им почнуваат тие периодите, јас би го однела одма да го стерилизираат ама на моите не им се даваат пари за операција на мачка а тоа со таблети/инекции не знаев дека има такво нешто, ке проверам дефинитивно, фала многу на информацијата! на висико сум тешко дека ќе скокне од тераса иначе женско е, али во секој случај претпоствувам дека ќе биде проблем малце кога ке и дојде период за парење.
За некој месец можно е да почне да сака да се пари, што не значи дека е зрело мачето за парење бидејќи е сеуште малечко. Сепак е нормална работа, природна, а начин да се надмине тој период (во случај кога мачето не е стерилизирано) е како што ти кажав. Таблетите се даваат неколку дена, кога ќе се појават симптомите дека сака да се пари. А инекција се става кога не е во период за парење, па после неколку месеци нема ни да има. Напорни се малку во тие денови и со мјаукање ама поминува, а инаку општо треба да пазиш на тераса да не излегува без надзор зошто од љубопитство знаат недајбоже да направат беља .
околу 1 месец ептен прцле уште кога беше, падна од тераса ама добро ништо не му беше само малце крвче од носето му потече, и многу беше испашено, ама одма се опорави... сега малце е потпораснато па го пуштам на тераса да си шетка, го сметам за попаметно, па нема ваљда да се фрли пак е сеа за тој период кога ке му дојде, ке гледам да не го пуштам ич, за секој случај..
Совет од искуство, не се потпирај на тоа што е потпораснато, пази го без оглед колку е големко или најпаметно
Имав 5 мачки сега ни една кога беа мали спиев со нив со сите 5 потоа пораснаа и почнуваа да излегуваат на улица и ретко бев со нив
имав едно мноогу слатко маченце, неколку месеци имаше, но ми го украдоа (( инаку многу сакам да чувам мачиња ако некој подарува пишете ми ЛП молам
Кога веќе имаш можност да чуваш маче (за разлика од мене ) би те посоветувала да земеш маче од улица. Ги има премногу од најмали по 1-2 месеца до поголеми. Сепак ако ти е битно да биде домашно имаш на фејсбук повеќе страни, ако сакаш ќе ти пратам каде подаруваат мачиња .
Пиши и на enca.69, имаше пред скоро пишано дека подарува преубави маченца, па ако не се дадени сеуште да си земеш
Летово чував едно вакво. Пријателка на мајка ми беше за шпанија на одмор и го донесоа кај нас да го чуваме и го заклучив во срцево. Многу го засакав се вика Кола хаха
Општи прашања Дали во скопските продавници за миленичиња и Џамбо има играчки за мачки со catnip во нив? Воедно сакам да ги прашам тие што чуваат мачки... верувам дека имате цвеќа околу куќа... што правите кога мачките скокаат во цвеќињата? И што треба да се направи за да не оди повеќе натака?
Општи прашања Им нема спас на цвеќките . Ако сакаш утепај ја мачката, ама таа ако решила да скока по нив, ќе скока. Барем мојава е таква. Инат. А знае дека не смее таму и упорно лежи. Јас не сум љубител на цвеќиња, исто и мајка ми, што се однесува до нас само ружи би имале во двор, затоа и не не доболува многу, ама баба ми запнува.